Connect with us

Македонија

Димитриевска Кочоска: Четвртиот сет на мерки е краткорочен, проблемите повторно ќе стигнат по нова година

Published

on

Гордана Димитриевска Кочоска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата Бизнис поенти на ТВ Алфа, вели дека преку четвртиот сет на владините антикризни мерки краткорочно ќе се решат проблемите на граѓаните, односно како што рече проблемите ќе се пролонгираат но после нова година повторно ќе ги има. Очигледно е дека ќе пролонгираме некои проблеми кои што повторно ќе не стигнат после нова година, со што една група ќе средиме друга ќе изнервираат. Еве пензионерите до 15.000 денари ќе добијат 6.000 денари картички  пред две години им се скрати еден дел од пензиите. Така да во тој дел зголемивме струја,

порамнуваме некои сметки, значи не сме им дале ништо за да им помогнеме, вели таа.

По однос на ова што го кажа за домашното задолжување морам само нешто да спомена Хрватска кога почна кризата правеше откуп односно трансакции, откупување на државни хартии на вредност од страна на нивната Централна банка од комерцијалните банки. Значи ова е трансакција која што се правела, а се правела и во минатото. А притоа зборуваме за пари кои што банките ги има. Ние пак сега ќе се случува истото, ќе се задолжуваме, додаде таа.

Според Димитривеска Кочоска владата требало најпрво да обезбеди пари за приватниот сектор, да трансферира пари за Агенција за вработување, за социјален бенефит а дури потоа да размислува за реализација на капиталните раскоди да го фаворизираат градежништвото и на тој начин да се поттикнат и другите гранки се со цел граѓаните да не ги губат своите работни места. 

Значи да бидеме јасни требаше да обезбедат пари за економија односно за приватниот сектор, требаше да трансферираат пари за Агенција за вработување, за социјални бенефити и после тоа да почнат да размислуваат на реализација на капиталните раскоди односно да го фаворизираат градежништвото или тие 1.000 километри кои што не ги видовме сега барем да ги видиме за да поттикнат еден куп гранки, за да почнат луѓето да работат и да не се грижат дали ќе ја изгубат работата, објасни таа.

Димитриевска Кочоска истакна дека животниот стандард на граѓаните од 2006 до 2016 година во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ пораснал за цели 7 проценти, додека во време на СДСМ животниот стандард пораснал само за 0,2 проценти. Животниот стандард во Македонија кој што по дефиниција е бруто домашен производ по глава на жител, сега зборува за тој БДП по глава на жител во однос на Европа, во Македонија бил 2006 година 30 кога ВМРО-ДПМНЕ дошло на власт, 2016 бил 37 проценти или 7 проценти имаме зголемување на тој животен стандард во однос на Европската унија. Но, сега за овие години додека е СДСМ на влас имаме само 0,2 проценти пораст, посочи Димитриевска Кочоска.

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Македонија

Генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски назначен за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори

Published

on

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го назначи Генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори

Почитувани,

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница разговараше на актуелни теми, усвои неколку кадровски решенија и донесе неколку заклучоци.

Извршниот комитет го назначи генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори.

Воедно, извршниот комитет разговараше за актуелната политичко-економска ситуација во Република Македонија, каде што потенцираше и заклучи дека државата тоне во секој поглед, институциите се крахирани со изгубена доверба кај граѓаните, а пандемијата ги коси граѓаните заради неспособноста на власта.

Во Република Македонија владее непочитување на правото и заштита на криминалот од страна на власта, додека пак наместо криминалците, во затворите гнијат неправедно затворени граѓани. Извршниот комитет донесе заклучок да го поддржи настанот најавен на 25 април, кој не е во наша организација, а по повод неправедно затворените уставобранители со драконски казни. Овој настан треба да помине во демократски и мирен чин. Воедно и потенцираме дека се оградуваме од секакви инциденти доколку произлезат од уфрлени провокатори на истиот настан.

Извршниот комитет ја анализираше актуелната ситуација за справување со пандемијата, но и економските неуспеси на власта, како и бројните криминални афери, со што уште еднаш заклучи дека како никогаш до сега на Република Македонија и граѓаните потребна и е експертска Влада која ќе ја избави државата од кризата во која ја втурна СДСМ и власта.

Извршниот комитет најостро ги осудува последните случувања, потенцирајќи ка аферата “Мафија”, која произлегува од криминалното работење на власта. Фрапирани сме и затечени за криминалната настроеност, воедно и со каква леснотија власта на СДСМ ја направи Република Македонија прибежиште и картел на мафијаши. Власта на СДСМ од Република Македонија направи мафијашка држава, а на чело на државата владее картелот Заеви кој е вмешан во секој криминал кој се случува. Во најбрз можен рок бараме одговорност од власта за аферата “Мафија”, но и за целиот овој криминал за кој сме сведоци периодов, додека пак оставките се неизбежни, а кривичната одговорност треба да биде испорачана.

Continue Reading

Македонија

Млада Албанка интелектyaлка yдpи по Д У И: Влaдaта не изневepи, нашите албански функционepи два пати

Published

on

Итражувачот од Институтот за Демократија Влора Речица ја коментира неспособноста на власта и посебно албанските функционери во Владата да се справат со здравствената криза и го открива своето лошо чувство што дел од Албанците во Македонија немаат никакви политички претставници во власта

“Владата не успеа воопшто, но нашите албански претставници во владата и парламентот двапати не успеаја. Наместо да се занимаваат со здравствена и економска криза, тие се занимаваат со политички поенти 🤮

Лошо чувство кога сте без никакво застапување во државните органи”, пишува Речица отворајќи го во албанската јавност прашањето за одговорност на ДУИ за состојбите во Македонија и за дискриминација на тие Албанци кои не се гласачи на ДУИ.

Continue Reading

Македонија

Николоски: “Со закани не поминуваат, ќе продолжам да објавувам криминални афери”

Published

on


Во одговор на новинарско прашање денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при посетата на Јегуновце, во врска со прашањето за аферата од 200 милиони евра кој тој ја обелодени во јавноста за „Шик Јелак“ и бизнисменот Миодраг Давидовиќ – Дака, рече дека криминалот царува во Македонија, како и дека добил закани за да не го обелоденува скандалот, за кој сега се гледа дека бил направен криминал вреден 200 милиони евра од функционери на СДСМ и ДУИ.



-Ако гледам од лична перспектива голема е сатисфакцијата затоа што точно е дека прв кој во јавноста излезе за тоа што ќе се случува во Тетово и кој криминал се спрема, но тоа беше негирано тогаш, а сега гледаме дека истото се потврдува, вели Николовски.

Тој посочи во одговорот дека ако ја гледаме суштината факт е дека криминалот царува во Македонија, како и дека идеалите и идеите застануваат таму каде што започнуваат парите, а чесно ги слушаме ДУИ како велат што мислат за србите, што мислат за случувањата во Косово, но кога доаѓа екстремен бизнисмен во Македонија со торба пари за Теута Арифи и Советот на Тетово завршува се и тогаш започнуваат да се корумпираат, но истото важи и за СДСМ и за Зоран Заев.

-Од една страна на Зоран Заев устата му е полна со геостратешките интереси на Македонија коишто ние како ВМРО-ДПМНЕ силно ги поддржуваме, но од друга страна на еден од најголемите екстремисти на Балканот којшто користи црни пари за финансирање на екстремизам му овозможуваат бизнис од 200 милиони евра, истакна Николоски.

Николоски посочи дека кога тој го обелоденил скандалот станувало збор за црни пари од фирми во Панама, па сфатиле по тоа дека се извадени на чисто и нема поента да се кријат и затоа отидоа преку фирмата на Дака во Црна Гора.

Кај мене закани не поминуваат и ќе продолжам да објавувам криминални афери! Одговорност ќе има! Ќе одговораат со новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ!

Continue Reading

Трендинг