Connect with us

Македонија

ЕКСКЛУЗИВНО ВО BIG5: Видете ја новата „куќа-засолниште“ на македонскиот премиер Зоран Заев на Халкидики

Published

on

Бугарскиот портал BIG5 објавува скандалозни податоци за луксузна палата на грчкото приморје на кракот Касандра на Полуостровот Халкидики, која како што пишува медиумот е во сопственост на Зоран Заев, каде тој според мештаните кои ги контактирал медиумот е чест гостин, а посетители му се и голем број македонски, косовски, но и бугарски политичари.

Порталот кој ги објавува сликите и информациите за палатата на Заев на Халкидики е истиот кој ги објави снимките за бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Текстот објавен во бугарскиот медиум ви го пренесуваме интегрално преведен во продолжение

Ексклузивно и единствено во BIG5: Видете ја „куќата – засолниште“, на македонскиот премиер Зоран Заев на Халкидики

Гласините говорат дека во новата палата на македонскиот премиер често гостуваат македонски, косовски, но и бугарски политичари. Македонскиот премиер Зоран Заев ја смени својата трикатна вила во Неа Мудања на Полуостровот Халкидики во Северна Грција, со нова луксузна куќа на само 100 километри од неа. Таа се наоѓа во затворениот комплекс „Агнанти вилас“ кон кој има поглед само од морето, а од горна страна се гледа само оградата. Само за потсетување во 2018 година грчкото издание на „Њуз ин“ објави за имотот на Заев во Халкидики, откако се повика на неколку македонски медиуми.

Тогаш на јавноста и беше обелоденето дека Заев е сопственик на трикатна куќа и дека често ја посетува Грција, каде што прима многу гости од цел свет. Помеѓу нив имало многу политичари од Косово и Скопје, но исто така и многу бизнисмени, кои се блиски до Заев. Во 2018 година македонскиот портал „Прес 24“ објави дека Заев поседува имот во Грција, каде секое лето го поминувал со прекрасен поглед кон морето од трикатната куќа и дворот од 300 м2. Тогаш порталот напиша дека вилата во Неа Мудања се наоѓа на самиот морски брег и чини околу 100.000 евра.

Истовремено грчки брокери пресметаа дека реалната цена е многу поголема од таа платена од страна на Заев. Тие тврдеа дека куќата на Заев е во вредност од околу 300.000 евра. Денеска за прв пат BIG5.BG објавува слики од новата „куќа – засолниште“ на македонскиот премиер Зоран Заев. Според мештаните тој престојувал во неа само пред месец дена, во текот на август. Тие тврдат, дека за да не се крева скандал околу името на македонскиот премиер, куќата е земена од фирма блиска до брат му – Вице Заев. За разлика од претходната куќа во Неа Мудања, моменталната е далеку по голема и по луксузна, и истата се наоѓа на самиот морски брег.

Вилата на Заев е дел од мал комплекс – „Агнанти вилас“ во кој има уште три вили како таа на Зоран Заев. Неговата вила е единствена од четирите вили со голем приватен базен, кој се наоѓа пред самата вила и е со најголема квадратура. Четирите вили се на самиот морски брег, но се затскриени за љуботни очи, преку голем имот, начин на кој тие се целосно не визибилни од страна на патот. Вилата на Заев може да биде видена само од страна на морето, и тоа во случај претходно да знаеш која куќа ја бараш, затоа што истата е добро покриена од очите на странците со густа шума.

Новиот имот, поседуван во текот на изминативе две лета од Заев, се наоѓа на самиот крај на кракот – Касандра, кој е првиот од трите крака на Полуостровот Халкидики. Куќата се наоѓа во исклучителна близина на новиот хотелски комплекс со сопствена марина – „Мираџио“ и е со поглед директно на вториот крак – Ситонија.

Според мештаните, Заев го обожавал овој дел од Грцијаи не пропуштал лето без да помине скоро цел месец таму.

Откако македонскиот медиуми го откриле неговиот имот во Неа Мудања, Заев и неговите блиски решиле да најдат нов имот, кој би бил сокриен од очите на љубопитните и официјално да нема ништо поврзано со македонскиот премиер.

Гласините говорат дека во новата палата на македонскиот премиер чести гости се македонски, косовски, но и некои бугарски политичари.

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Македонија

Генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски назначен за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори

Published

on

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го назначи Генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори

Почитувани,

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница разговараше на актуелни теми, усвои неколку кадровски решенија и донесе неколку заклучоци.

Извршниот комитет го назначи генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори.

Воедно, извршниот комитет разговараше за актуелната политичко-економска ситуација во Република Македонија, каде што потенцираше и заклучи дека државата тоне во секој поглед, институциите се крахирани со изгубена доверба кај граѓаните, а пандемијата ги коси граѓаните заради неспособноста на власта.

Во Република Македонија владее непочитување на правото и заштита на криминалот од страна на власта, додека пак наместо криминалците, во затворите гнијат неправедно затворени граѓани. Извршниот комитет донесе заклучок да го поддржи настанот најавен на 25 април, кој не е во наша организација, а по повод неправедно затворените уставобранители со драконски казни. Овој настан треба да помине во демократски и мирен чин. Воедно и потенцираме дека се оградуваме од секакви инциденти доколку произлезат од уфрлени провокатори на истиот настан.

Извршниот комитет ја анализираше актуелната ситуација за справување со пандемијата, но и економските неуспеси на власта, како и бројните криминални афери, со што уште еднаш заклучи дека како никогаш до сега на Република Македонија и граѓаните потребна и е експертска Влада која ќе ја избави државата од кризата во која ја втурна СДСМ и власта.

Извршниот комитет најостро ги осудува последните случувања, потенцирајќи ка аферата “Мафија”, која произлегува од криминалното работење на власта. Фрапирани сме и затечени за криминалната настроеност, воедно и со каква леснотија власта на СДСМ ја направи Република Македонија прибежиште и картел на мафијаши. Власта на СДСМ од Република Македонија направи мафијашка држава, а на чело на државата владее картелот Заеви кој е вмешан во секој криминал кој се случува. Во најбрз можен рок бараме одговорност од власта за аферата “Мафија”, но и за целиот овој криминал за кој сме сведоци периодов, додека пак оставките се неизбежни, а кривичната одговорност треба да биде испорачана.

Continue Reading

Македонија

Млада Албанка интелектyaлка yдpи по Д У И: Влaдaта не изневepи, нашите албански функционepи два пати

Published

on

Итражувачот од Институтот за Демократија Влора Речица ја коментира неспособноста на власта и посебно албанските функционери во Владата да се справат со здравствената криза и го открива своето лошо чувство што дел од Албанците во Македонија немаат никакви политички претставници во власта

“Владата не успеа воопшто, но нашите албански претставници во владата и парламентот двапати не успеаја. Наместо да се занимаваат со здравствена и економска криза, тие се занимаваат со политички поенти 🤮

Лошо чувство кога сте без никакво застапување во државните органи”, пишува Речица отворајќи го во албанската јавност прашањето за одговорност на ДУИ за состојбите во Македонија и за дискриминација на тие Албанци кои не се гласачи на ДУИ.

Continue Reading

Македонија

Николоски: “Со закани не поминуваат, ќе продолжам да објавувам криминални афери”

Published

on


Во одговор на новинарско прашање денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при посетата на Јегуновце, во врска со прашањето за аферата од 200 милиони евра кој тој ја обелодени во јавноста за „Шик Јелак“ и бизнисменот Миодраг Давидовиќ – Дака, рече дека криминалот царува во Македонија, како и дека добил закани за да не го обелоденува скандалот, за кој сега се гледа дека бил направен криминал вреден 200 милиони евра од функционери на СДСМ и ДУИ.



-Ако гледам од лична перспектива голема е сатисфакцијата затоа што точно е дека прв кој во јавноста излезе за тоа што ќе се случува во Тетово и кој криминал се спрема, но тоа беше негирано тогаш, а сега гледаме дека истото се потврдува, вели Николовски.

Тој посочи во одговорот дека ако ја гледаме суштината факт е дека криминалот царува во Македонија, како и дека идеалите и идеите застануваат таму каде што започнуваат парите, а чесно ги слушаме ДУИ како велат што мислат за србите, што мислат за случувањата во Косово, но кога доаѓа екстремен бизнисмен во Македонија со торба пари за Теута Арифи и Советот на Тетово завршува се и тогаш започнуваат да се корумпираат, но истото важи и за СДСМ и за Зоран Заев.

-Од една страна на Зоран Заев устата му е полна со геостратешките интереси на Македонија коишто ние како ВМРО-ДПМНЕ силно ги поддржуваме, но од друга страна на еден од најголемите екстремисти на Балканот којшто користи црни пари за финансирање на екстремизам му овозможуваат бизнис од 200 милиони евра, истакна Николоски.

Николоски посочи дека кога тој го обелоденил скандалот станувало збор за црни пари од фирми во Панама, па сфатиле по тоа дека се извадени на чисто и нема поента да се кријат и затоа отидоа преку фирмата на Дака во Црна Гора.

Кај мене закани не поминуваат и ќе продолжам да објавувам криминални афери! Одговорност ќе има! Ќе одговораат со новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ!

Continue Reading

Трендинг