Connect with us

Живот

Одлична вест: Ќе се напиете таблета и ќе се излекувате од вирусот корона!? Ова може да биде реалност веќе во јануари. Испитувањата се веќе завршени!

Published

on

Ќе се напиете таблета и ќе се излекувате од вирусот корона! Засега звучи убаво, а можеби наскоро ќе биде вистина.

Надежта за овие оптимистички предвидувања се заснова на најновите резултати од истражувањето на институтот „Пастер“ од францускиот град Лил.

Оние скептиците го наведуваат примерот на сега познатиот хидроксихлорокин, во исто време толку многу фален но и спорен, лекот за кој толку се залагаше – и сè уште се залага – харизматичниот професор во Марсеј, Дидие Раулт. Од друга страна, во Лил, нагласуваат дека не станува збор за лек што, како што велат, не бил погоден за „сложени случаи“.

Истражувачите во Лил, во најголема тајност, прибегнаа кон посебно испитување врз основа на веќе постоечките откритија, што треба значително да го скрати патот до лекувањето. Меѓу околу две илјади молекули од веќе регистрирани лекови, тие пронајдоа една смртоносна, но – за короната. Тие велат дека го убиваат вирусот во доза триесет пати помала од онаа во лекот.

Интересно е што лекот од кој потекнува спасоносната молекула е многу ефтин. Ова води кон заклучок дека сите оние кои се собрани околу разни лоби во моќната фармацевтска индустрија, чија цел е да се збогатат со нови и скапи препарати, наскоро би можеле да се приклучат на критиката на овој третман.

Молекулата за која зборуваме не е скапа. На производителот е да види што може да се направи во врска со тоа. Ние ги контактиравме за да го свртиме вниманието на нашето откритие. Тие се многу прилагодливи и отворени за соработка. Мислам дека ќе направат се што е во можност овој лек да биде достапен – рече генералниот директор на овој Институт, Гзавије Насиф.

Откриено е и дека овој лек моментално се наоѓа на пазарот „во мали количини“. Ако претпоставките за неговата ефикасност против вирусот корона се покажат точни, ќе бидат потребни огромни залихи за да се задоволат потребите на целото човештво. Трката со времето, од моментот кога телефонот беше свртен од Лил до бројот на производители, практично веќе започна.

Експертите се уверени во нивното откритие и само жалат што не беше откриено порано дека веќе постоел третман што може да спаси многу изгубени животи, иако, тврдат тие, дадоа се од себе. Неколку молекули беа идентификувани кон крајот на мај, но требаше време детално да се испита нивната ефикасност врз човечките клетки. Само еден, на крајот, го помина тестот.

Лекот е ефикасен и кај деца и кај возрасни, а познати се и потребните дози. Тестиран е во лабораториски услови, а треба да се појави на полиците во аптеките во првите денови по Новата година. Дотогаш, ќе се проверува веќе испитаниот лек, чие име се чува во строга тајност.

Во Лил планираат да им го дадат на испитаниците веднаш по тестирањето, ако се покажат позитивни на кавид-19. Во исто време, ќе има друг вид учесници во проектот кои ќе добијат плацебо, односно лажна пилула, без знаење на лекарот и пациентот, за точно да се утврди дејството.

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Живот

Новак Ѓоковиќ секое утро го започнува со оваа напивка: Неверојатно моќна комбинација што го зајакнува целиот организам!

Published

on

И Египќаните го користеле целерот како лек, а истражувањата покажале дека овој зеленчук навистина е одличен производ и извор на голема количина на витамини и минерали. Содржи витамини К, Е, Ц и Б. Богат е со калциум и со фолна киселина, а има и силно диуретичко дејство.

Може да се јаде свеж, но доколку не сте љубители на вкусот на овој зеленчук, можете да направите и сок. Еднакво добро ќе влијае врз организмот.

Дури и Новак Ѓоковиќ секое утро го започнува со оваа напивка. Во една пригода, на своите следбеници на Инстаграм им открил дека верува дека токму овој сок е заслужен за неговото добро здравје.

„Добро утро на сите. Значи, вака јас го започнувам секој мој ден. Најпрво, земам малку топла минерална вода со лимон и лимета. Потоа, отворам фрижидер, каде што чувам зелени стебленца целер. Ги ставам во соковник за ладно цедење за да добијам сок од целер.

Овој сок е полн со минерали, соли и сè уште неоткриени елементи кои го прочистуваат црниот дроб. Прави чуда, како за мене и мојата сопруга, така и за нашите деца. Но тие не го пијат чист, туку со додаток сок од краставица или јаболко“, открил Новак.

А еве што вели науката и спроведените истражувања. Зошто целерот е толку добар и зошто треба редовно да се најде на вашето мени:

Може да го снижи крвниот притисок

Целерот содржи фталид, соединение кое го намалува производството на хормонот за стрес, ги опушта мускулите околу артериите и ја подобрува циркулацијата. Калиумот што го има во целерот ги стабилизира отчукувањата на срцето и го снижува крвниот притисок.

Може да го регулира нивото на холестерол

Бутилфталидот е единствено соединение кое помага во одржувањето нормално ниво на холестерол, а сето тоа придонесува за добра функција на срцето.

Continue Reading

Живот

Починала глумицата Даринка Чалениќ, легендарната Дара од „Жикина династија“

Published

on

Актерката Даринка Дара Чалениќ починала на 87-годишна возраст, по долго и тешко боледување.
Погребот ќе се одржи со најблиското семејство, во Нови Сад.
Дара Чалениќ е родена на 18. јули 1934. година во Нови Сад, каде што завршила основно училиште, средно училиште и Гимназија за глума на Српскиот народен театар. Првиот ангажман го добила во 1949. година во Националниот театар во Краjљево, потоа се преселила во театрите во Ужице и Сомбор, а во 1954 година станала член на Српскиот народен театар во Нови Сад.


Таа се преселила во Современиот театар во Белград во 1960. година, а во 1964. година во Југословенскиот драмски театар. Во 1974. година, таа станува хонорарен уметник. Во 1988. година, таа се повлекла.
Дара Чалениќ на сцената играла повеќе од 40. главни улоги, и глумела во многу драмски претстави, разни серии, забавни и детски програми на телевизија. Таа играше голем број улоги во филмот, а на пошироката јавност и е позната по улогата на Дара во „Жикина династијата“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Continue Reading

Живот

МНТ подготвува два нови проекти

Published

on

На сцената на МНТ во тек се подготовките на два проекти поддржани од Годишната програма на Министерството за култура на РСМ за 2021 година.

Претставата „Само глас” од Нина Плавањац е во режија на Марјан Неќак, кој воедно е автор на музиката, сценограф и дизајнер на светло. Во неа играат првенците на МНТ, Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, а премиерната изведба се очекува кон крајот на мај 2021 година.

„Само глас” е приказна за силна и талентирана  жена, која преку ниска постапка го доживува најпонижувачкиот момент во својот живот, борејќи се за сопствениот идентитет. Позната е само Таа, бидејќи во нејзината личност се измешани повеќе архетипови: на ќерка, на дете, на жена, на љубовница, на ѕвезда, на протагонистка и на антагонистка.

Вториот проект е „Митре Стрелата во земјата на чудата “/ „Тибам Штркот” од Зоран Спасов-Ѕоф, работен според еден од најчитаните текстови во 2008 година. Овој текст ќе ја доживее својата праизведба во режија на Јордан Симонов, а главниот лик го игра Александар Микиќ. Насловот на претставата е инспириран од животната сторија на јунакот Митре Стрелата во Канада. Како што вели авторот, ова дело е обид да се види Канада со македонски очи, но и да се доживее со космополитска душа, да се доловат измешаните чувства на љубов, среќа, тага, радост, носталгија… Ракописот е пишуван на скопски сленг, во лајт варијанта – дијалект што сè помалку се зборува, полека изумира и го снемува од скопските улици.

Continue Reading

Трендинг