Connect with us

Забава

Covid 19 може да преживее и до 28 дена на одредени површини

Published

on

Вирусот одговорен за пандемијата од Covid-19 може да остане и до 28 дена на површини како што се банкноти, екрани на телефони и нерѓосувачки челик, пренесува BBC.

Наодите од австралиската национална научна агенција велат дека SARS-Cov-2 може да преживее многу подолго отколку што се мислеше.  Експериментот бил спроведен во темнина и истиот покажал дека УВ зраците го уништуваат вирусот.

Коронавирусот најчесто се пренесува кога луѓето кашлаат, киваат или зборуваат. Но, постојат и докази дека може да се шири и од честички што висат во воздухот.  И покрај тоа што е потешко, сепак постои можност за пренесување на заразата од Covid 19 со допирање на заразени површини како метал или пластика.

Што вели студијата?

Претходните лабораториски тестови откриле дека SARS-Cov-2  може да преживее два до три дена на банкноти и стакло и до шест дена на пластика и нерѓосувачки челик.

Најновото истражување покажало дека вирусот е „екстремно цврст“ и  истиот преживува и до 28 дена на мазни површини, како што се екраните на мобилни телефони,  пластични и хартиени банкноти кои се чувани на домашна температура и светлина.

За споредба вирусот на грип може да преживее 17 дена во исти околности.

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Забава

Овие хороскопски знаци се вистински гении и сите им завидуваат

Published

on

Луѓето родени во овие хороскопски знаци се исклучително интелигентни и креативни, сакаат да ги прават работите на свој начин, поради што на другите понекогаш им изгледаат ексцентрични и чудни.

Девица

Луѓето родени во знакот на Девица се многу љубопитни, тие доведуваат во прашање сè, тоа е. тие не земаат ништо здраво за готово затоа што секогаш сакаат да научат нешто ново. Тие се креативни, имаат свој, иновативен начин на кој обично гледаат на работите и решени се да најдат решение и за најтешките проблеми.

Скорпија

Скорпиите се мистериозни и претежно тивки, што им помага да забележат работи што другите лесно ги пропуштаат. Тие се чувствителни и секогаш се свесни за својата околина, добро ги проценуваат силните и слабите страни на луѓето околу нив.

Водолија

Луѓето родени во знакот на Водолија се многу прилагодливи на различните животни околности и секогаш се отворени за нови идеи. Тие можат да гледаат на работите многу објективно и да најдат добро решение. Тие се флексибилни и иновативни.

Риби 

Луѓето родени во знакот Риби се неверојатно креативни и иновативни. Нивната фантазија е безгранична и затоа секогаш се полни со добри и необични идеи. Тие се исклучително емоционално интелигентни, што многу им помага во животот.

Continue Reading

Забава

Хороскопски знаци кои често се параноични и исплашени

Published

on

Нормално е и природно е понекогаш да се чувствуваме исплашено од некоја ситуација, но постојат луѓе кои почесто чувствуваат страв или се понесигурни од останатите.

Постојат четири хороскопски знаци кои потешко им веруваат на другите, потешко стекнуваат доверба и се многу недоверливи кон останатите.Овен

Луѓето родени во овој знак мислат дека сите ги лажат. Тоа е затоа што се плашат дека луѓето ќе ги измамат и на крајот ќе ги издадат. Затоа, не веруваат никому и се недоверливи кон луѓето кои ги запознаваат.

Девица

Секогаш се внимателни и свесни за околината што ги опкружува. Претпоставуваат дека постои нешто најлошо во луѓето и често прават сценарија поради кои се чувствуваат исплашено и беспомошно.Скорпија

Многу се емотивни и чувствителни луѓе, па не е чудно што се со резерва кон луѓето кои ги познаваат. Често без причина се чувствуваат исплашено и стануваат загрижени, во сè гледаат потенцијална опасност и опседнати се со смртта.Јарец

Јарците се неверојатно талентирани души и често чувствуваат дека не им се дава доволно заслуга. Се чувствуваат параноично поради фактот дека луѓето ги оставаат на страна и ги игнорираат нивните таленти.

Continue Reading

Забава

Српската естрада денеска на едно место – Цеца на суд со Карлеуша, раперот Раста на рочиште за изречување казна

Published

on

Пејачките Јелена Карлеуша и Светлана Цеца Ражнатовиќ, но и раперот Стефан Џуриќ Раста, денес во исто време имаа работа со судството.

Пејачите се појавија на суд поради тужби за клевета, а Раста денеска беше осуден за нелегално поседување наркотици.

Кога Светлана Ражнатовиќ се доближила до зградата на судот, насобраните фоторепортери ја известија дека не биле само таа и Јелена денес во присуство на адвокат.

– Значи, Растица е тука. Па, убаво место да се собереме, рекла Цеца со насмевка.

Continue Reading

Трендинг