Connect with us

Македонија

Манчевски нова жртва на пресметката меѓу струмичкото и скопското крило, односно Заев и Шеќеринска

Published

on

Што се случува во СДСМ е прво логичко прашање кое се поставува по изненадното повлекување на Дамјан Манчевски од политиката?!

Поранешниот министер за информатичко општество и администрација преку Фејсбук најави дека се повлекува од политиката и дека прифатил ангажман во приватниот сектор каде неспојливо е да биде и политички ангажиран.

„Како резултат на оваа одлука, покрај тоа што се повлеков од сите јавни функции кои ги извршував, поднесов оставка и од функциите потпретседател и член на Централниот одбор на СДСМ“, соопшти Манчевски.

Ова за сите во политиката беше гром од ведро небо, бидејќи Манчевски беше еден од најистурените играчи на СДСМ и Владата, како министер кој остави трага со своето работење и во моментите кога чекаше да биде назначен за генерален секретар на Владата, поради што си поднесе и оставка на пратеничката функција.

Тој вели дека ја напушта политиката кога можеби најмалку се очекува, но сепак решил да се врати на професијата и во приватниот сектор.

„Оваа моја одлука нема никаква врска со која било состојба во политиката. Таа е лична и само моја. Имав извонредна понуда за следен политички ангажман, за што сум неизмерно благодарен, но сепак се решив на овој чекор. Оваа одлука во исто време е и доста емотивна за мене“, нагласува Манчевски.

Но, можеби таа извонредна понуда не е онаа договорената – генерален секретар магистерот по електротехника и телекомуникации?

Прашање е во колкава мера влијаело случувањето во владата, односно пресметката меѓу вицепремиерот Артан Груби и генералниот секретар Драги Рашковски за кабинетот на генералниот секретар.

„Генералниот секретар на Владата беше практично принуден да се исели и да оди во четвртата кула, во кабинетот на досегашниот министер без ресор Роберт Поповски, функција која е веќе укината“, беа муабетите од Владата за шлаканиците од Груби на Рашковски.

Манчевски по изборите се споменуваше како сериозен кандидат за функцијата генерален секретар на Владата, каде сега е Драги Рашковски. Манчевски ниту ги демантираше ниту ги потврди тие информации.

Ова е знак дека тивката борба во партијата продолжува, меѓу струмичкото и скопското крило предводени од премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев и Радмила Шекеринска, министерка за одбрана и втор човек на социјалдемократите. Неофицијално, муабетите што се вртат во партијата, е дека Манчевски се налутил затоа што бил ставен на листата за чекање за генерален секретар на Владата. Тој сметал дека тоа е навреда за довчерашен министер и ударна тупаница на партијата и ја прелеало чашата и решил да се врати на бизнисот кој добро му одел и претходно. Но, му било ветувано дека ќе биде и потпретседател на Собранието.

Сепак, суштинското недоразбирање во водењето на политиката е што СДСМ станала султан-партија и за неа одлучуваат двајца – Зоран и Вице Заеви. Токму во овој дел најмногу се судираат скопското и струмичкото крило. Ако се сумираат резултатите од поделбата на местата, или оние што имаа функции, скопското крило е голем губитник. Роберт Поповски, Нина Ангеловска, Бранимир Јовановиќ, Сенад Сенко Смаиловиќ … сите од скопското крило останаа или намерно се откажаа од функциите.

Според добро упатените во СДСМ, дефинитивно Заев се пресметува со Радмила Шекеринска и скопското крило. Затоа нејзините кадри се тргаат од функции или се разместуваат.

Можеби Манчевски не сакаше да каже дека има раскол во партијата, па во повлекувањето од политиката им се заблагодари на предводниците на двете крила, Заев на струмичкото и Шекеринска на скопското, која и го внесува Манчевски во политиката.

Од друга страна, се смета дека директорот на ЈП Улици и патишта е наместен Сенко Смаиловиќ со двете пакувања кокаин во Струга, за да биде полесно неговото отстранување од функцијата, а постапка се води како да е корисник. Тоа наведува дека некој имал задни намери.

Вакви примери има повеќе, засега се молчи. Сепак, скопското крило ќе го крева гласот и гласно ќе проговори за сите случувања во партијата, затоа што ситуацијата станува неиздржлива во партијата, а со тоа и на функционирањето на коалицијата, каде што се трпат многу уцени. Во таа насока е и меѓународната политика на Владата. Сето тоа е со една цел, струмичкото крило да ја има превласта во партијата за да се одржи на власт и да управува со бизнисите во државата, при што најголема корист ќе имаат водачите на крилото.

Деновиве некои работи излегоа од колосек, за да не дојде до поголем срам за партијата и државата, скопското крило најавува жестока битка со која треба да и стават крај кланското владеење во СДСМ и злоупотребата на државата за лични интереси.

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Македонија

Генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски назначен за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори

Published

on

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го назначи Генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори

Почитувани,

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница разговараше на актуелни теми, усвои неколку кадровски решенија и донесе неколку заклучоци.

Извршниот комитет го назначи генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори.

Воедно, извршниот комитет разговараше за актуелната политичко-економска ситуација во Република Македонија, каде што потенцираше и заклучи дека државата тоне во секој поглед, институциите се крахирани со изгубена доверба кај граѓаните, а пандемијата ги коси граѓаните заради неспособноста на власта.

Во Република Македонија владее непочитување на правото и заштита на криминалот од страна на власта, додека пак наместо криминалците, во затворите гнијат неправедно затворени граѓани. Извршниот комитет донесе заклучок да го поддржи настанот најавен на 25 април, кој не е во наша организација, а по повод неправедно затворените уставобранители со драконски казни. Овој настан треба да помине во демократски и мирен чин. Воедно и потенцираме дека се оградуваме од секакви инциденти доколку произлезат од уфрлени провокатори на истиот настан.

Извршниот комитет ја анализираше актуелната ситуација за справување со пандемијата, но и економските неуспеси на власта, како и бројните криминални афери, со што уште еднаш заклучи дека како никогаш до сега на Република Македонија и граѓаните потребна и е експертска Влада која ќе ја избави државата од кризата во која ја втурна СДСМ и власта.

Извршниот комитет најостро ги осудува последните случувања, потенцирајќи ка аферата “Мафија”, која произлегува од криминалното работење на власта. Фрапирани сме и затечени за криминалната настроеност, воедно и со каква леснотија власта на СДСМ ја направи Република Македонија прибежиште и картел на мафијаши. Власта на СДСМ од Република Македонија направи мафијашка држава, а на чело на државата владее картелот Заеви кој е вмешан во секој криминал кој се случува. Во најбрз можен рок бараме одговорност од власта за аферата “Мафија”, но и за целиот овој криминал за кој сме сведоци периодов, додека пак оставките се неизбежни, а кривичната одговорност треба да биде испорачана.

Continue Reading

Македонија

Млада Албанка интелектyaлка yдpи по Д У И: Влaдaта не изневepи, нашите албански функционepи два пати

Published

on

Итражувачот од Институтот за Демократија Влора Речица ја коментира неспособноста на власта и посебно албанските функционери во Владата да се справат со здравствената криза и го открива своето лошо чувство што дел од Албанците во Македонија немаат никакви политички претставници во власта

“Владата не успеа воопшто, но нашите албански претставници во владата и парламентот двапати не успеаја. Наместо да се занимаваат со здравствена и економска криза, тие се занимаваат со политички поенти 🤮

Лошо чувство кога сте без никакво застапување во државните органи”, пишува Речица отворајќи го во албанската јавност прашањето за одговорност на ДУИ за состојбите во Македонија и за дискриминација на тие Албанци кои не се гласачи на ДУИ.

Continue Reading

Македонија

Николоски: “Со закани не поминуваат, ќе продолжам да објавувам криминални афери”

Published

on


Во одговор на новинарско прашање денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при посетата на Јегуновце, во врска со прашањето за аферата од 200 милиони евра кој тој ја обелодени во јавноста за „Шик Јелак“ и бизнисменот Миодраг Давидовиќ – Дака, рече дека криминалот царува во Македонија, како и дека добил закани за да не го обелоденува скандалот, за кој сега се гледа дека бил направен криминал вреден 200 милиони евра од функционери на СДСМ и ДУИ.



-Ако гледам од лична перспектива голема е сатисфакцијата затоа што точно е дека прв кој во јавноста излезе за тоа што ќе се случува во Тетово и кој криминал се спрема, но тоа беше негирано тогаш, а сега гледаме дека истото се потврдува, вели Николовски.

Тој посочи во одговорот дека ако ја гледаме суштината факт е дека криминалот царува во Македонија, како и дека идеалите и идеите застануваат таму каде што започнуваат парите, а чесно ги слушаме ДУИ како велат што мислат за србите, што мислат за случувањата во Косово, но кога доаѓа екстремен бизнисмен во Македонија со торба пари за Теута Арифи и Советот на Тетово завршува се и тогаш започнуваат да се корумпираат, но истото важи и за СДСМ и за Зоран Заев.

-Од една страна на Зоран Заев устата му е полна со геостратешките интереси на Македонија коишто ние како ВМРО-ДПМНЕ силно ги поддржуваме, но од друга страна на еден од најголемите екстремисти на Балканот којшто користи црни пари за финансирање на екстремизам му овозможуваат бизнис од 200 милиони евра, истакна Николоски.

Николоски посочи дека кога тој го обелоденил скандалот станувало збор за црни пари од фирми во Панама, па сфатиле по тоа дека се извадени на чисто и нема поента да се кријат и затоа отидоа преку фирмата на Дака во Црна Гора.

Кај мене закани не поминуваат и ќе продолжам да објавувам криминални афери! Одговорност ќе има! Ќе одговораат со новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ!

Continue Reading

Трендинг