Connect with us

Забава

Дневен хороскоп за понеделник 30 ноември 2020 година

Published

on

ОВЕН

Доколку се занимавате со приватна работа, бидете внимателни од своите големи очекувања. Парите кои сте ги барале од банка, конечно, легнуваат на сметка. Прецизно планирате како да ги потрошите. Уживате во флерт иако сте свсни дека нема да дојде до сериозен однос поради статусот на втора личност. Стабилно здравје.

БИК

Тајните интриги особено ќе ве инспирираат. Ќе бидете подготвени да направите се за да освоите нечие срце. Пазете до каде може да одите. Уметниците денеска добро ќе функционираат , а сите други ќе бараат место каде би ја изразиле својата креативност. Можни се интересни сништа.

БЛИЗНАЦИ

Решени сте да ги надминете работните проблеми кои го забавуваат процесот на работа. Добивате конкретна помош од колега, и тоа многу ви значи. Толку сте задоволни од врската што се плашите да не го загубите партнерот. Добро здравје.

РАК

Задоволни сте од развојот на работната ситуација. Комуникацијата со колегите е одлична. Партнерот прави проблеми во врската. Сметате дека без причина е љубоморен, но не успевате тоа да му го докажете. Стабилно здравје.

ЛАВ

Ве очекува успех. Вредни сте, знаете што сакате да постигнете и како да го остварите. Иницирате комуникација со симпатијата. И давате време подобро да ве запознае и да ве процени.bДобро се чувствувате.

ДЕВИЦА

Успешно ги реализирате работните планови. Она што ве загрижува се финансиите. Не успевате да ги стабилизирате. Посветете се на брачниот партнер. Ви делува нерасположено, па пробајте да му го вратите расположението.nПромени на кожата се можни.

ВАГА

Периодот е поволен ако се занимавате со некоја уметничка работа или ако ви е потребна инспирација за нови проекти. Кога станува збор за љубовта иматете големи очекувања и надежи дека саканото лице ќе ги исполни вашите желби.bМожни проблеми со главоболка.

ШКОРПИЈА

Фокусирани сте на реализација на работните планови. Работите не одат како што сте очекувале, но тоа не ве демотивира. Задоволни сте од односот со партнерот и во целост му се посветувате. Бубрезите се чувствителни.

СТРЕЛЕЦ

Задоволни сте од работната ситуација. Некои планови ги носите потпирајќи се на интиуцијата. Партнерот инсистира на разговор. Потребно му е да го чуе вашето мислење и совет. Нешто сте стегнати. Ви треба опуштање.

ЈАРЕЦ

Задоволни сте од развојот на соработката со странците. Добро се разбирате, имате сличен став и размислувања и цели.Посесивни сте кон саканата личност, но таа го гледа како израз на вашите емоции.Добро се чувствувате.

ВОДОЛИЈА

Работните прилики наложуваат прилагодување, и вие се прилагодуват. Тоа носи позитивни ефекти. Запознавате нова личност која остава одличен впечаток на вас. Планирате да продолжите со дружење. Стабилно здравје.

РИБИ

Мирни сте и сигурни во своите одлуки, верувате дека ви доаѓа деловен напредок во иднина. Тековните работи нормално се одвиваат. Имате впечаток дека дошло време да се посветите на новите обврски. Уживате во односот со брачниот партнер. Без разлика што сте долго заедно, и натаму емоциите се интензивни.

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Забава

Овие хороскопски знаци се вистински гении и сите им завидуваат

Published

on

Луѓето родени во овие хороскопски знаци се исклучително интелигентни и креативни, сакаат да ги прават работите на свој начин, поради што на другите понекогаш им изгледаат ексцентрични и чудни.

Девица

Луѓето родени во знакот на Девица се многу љубопитни, тие доведуваат во прашање сè, тоа е. тие не земаат ништо здраво за готово затоа што секогаш сакаат да научат нешто ново. Тие се креативни, имаат свој, иновативен начин на кој обично гледаат на работите и решени се да најдат решение и за најтешките проблеми.

Скорпија

Скорпиите се мистериозни и претежно тивки, што им помага да забележат работи што другите лесно ги пропуштаат. Тие се чувствителни и секогаш се свесни за својата околина, добро ги проценуваат силните и слабите страни на луѓето околу нив.

Водолија

Луѓето родени во знакот на Водолија се многу прилагодливи на различните животни околности и секогаш се отворени за нови идеи. Тие можат да гледаат на работите многу објективно и да најдат добро решение. Тие се флексибилни и иновативни.

Риби 

Луѓето родени во знакот Риби се неверојатно креативни и иновативни. Нивната фантазија е безгранична и затоа секогаш се полни со добри и необични идеи. Тие се исклучително емоционално интелигентни, што многу им помага во животот.

Continue Reading

Забава

Хороскопски знаци кои често се параноични и исплашени

Published

on

Нормално е и природно е понекогаш да се чувствуваме исплашено од некоја ситуација, но постојат луѓе кои почесто чувствуваат страв или се понесигурни од останатите.

Постојат четири хороскопски знаци кои потешко им веруваат на другите, потешко стекнуваат доверба и се многу недоверливи кон останатите.Овен

Луѓето родени во овој знак мислат дека сите ги лажат. Тоа е затоа што се плашат дека луѓето ќе ги измамат и на крајот ќе ги издадат. Затоа, не веруваат никому и се недоверливи кон луѓето кои ги запознаваат.

Девица

Секогаш се внимателни и свесни за околината што ги опкружува. Претпоставуваат дека постои нешто најлошо во луѓето и често прават сценарија поради кои се чувствуваат исплашено и беспомошно.Скорпија

Многу се емотивни и чувствителни луѓе, па не е чудно што се со резерва кон луѓето кои ги познаваат. Често без причина се чувствуваат исплашено и стануваат загрижени, во сè гледаат потенцијална опасност и опседнати се со смртта.Јарец

Јарците се неверојатно талентирани души и често чувствуваат дека не им се дава доволно заслуга. Се чувствуваат параноично поради фактот дека луѓето ги оставаат на страна и ги игнорираат нивните таленти.

Continue Reading

Забава

Српската естрада денеска на едно место – Цеца на суд со Карлеуша, раперот Раста на рочиште за изречување казна

Published

on

Пејачките Јелена Карлеуша и Светлана Цеца Ражнатовиќ, но и раперот Стефан Џуриќ Раста, денес во исто време имаа работа со судството.

Пејачите се појавија на суд поради тужби за клевета, а Раста денеска беше осуден за нелегално поседување наркотици.

Кога Светлана Ражнатовиќ се доближила до зградата на судот, насобраните фоторепортери ја известија дека не биле само таа и Јелена денес во присуство на адвокат.

– Значи, Растица е тука. Па, убаво место да се собереме, рекла Цеца со насмевка.

Continue Reading

Трендинг