Connect with us

Македонија

Муцунски: Кога можат граѓаните да одат на работа, тогаш можат и пратениците

Published

on

„Кога има револт на опозицијата на одредени измени, во овој случај на Деловникот на Собранието, наместо преку дијалог со консензус, туку на еден насилен начин без консултации со опозицијата надвор од процесот Жан Моне кој што е воспоставен од европските институции за промена на Деловникот, ние гледаме насилно настапување. Поради тоа наша обврска како опозиција не е немо да седиме на страна и гледаме што се случува, туку да дејствуваме и да реагираме“, истакна Тимчо Муцунски, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ при гостување на утринска емисија на телевизија Алфа.

Муцунски додаде дека опозицијата нема да биде сведок во Собранието додека парламентарното мнозинство го крши Деловникот за работа во парламентот. Опозицијата нема да дозволи власта насилно да турка процеси кои што ќе наштетат на Република Македонија.

-Местото на пратениците е во Собранието. Како што можат многу наши чесни сограѓани да работат во индустриски објекти, во канцелариски објекти, на разни места низ државата, ние како пратеници со сите обезбедени протоколи и услови кои што ги има во Собранието. Верувајте ми во ниту еден момент како пратеник не сум се почувствувал во зградата на Собранието дека сум во некој ризик од заболување, нагласи Муцунски.

Муцунски посочи дека во зградата на Собранието се обезбедени сите услови за заштита од КОВИД-19, затоа сите пратеници можат да работат од зградата, наместо онлајн.

-Сите седници на Собранието се снимени, јавноста може да ги следи во секое време, а тоа е значаен елемент за функционална демократија. Во моментов се одвива расправа за буџетот за 2021 година, од страна на пратениците од опозицијата има огромен број на амандмани. На пример има една група на над 20 амандмани на предлог на граѓанскиот сектор кои што опозицијата ги апсорбираше и ги преформулираше во амандмани кои што се поврзани со заштитата на животната средина. Односно што може повеќе да се направи за да се спречи оваа аерозагадување, сите да го отвориме својот прозорец не само во Скопје, туку во сите градови низ државата. И сега прашањето е што е направено во последните четири години од страна на ова парламентарно мнозинство, за да се реши тоа прашање, а одговорот за жал е ништо. Затоа опозицијата има голем број на проекти кои што ќе го решат горливото прашање на граѓаните, рече Муцунски.

Муцунски додаде дека за жал нема никаква подготвеност од страна на парламентарното мнозинство да прифати амандмани од страна на позицијата кои ќе помогнат во подобрување на животот на граѓаните и воедно буџетот за 2021 година ќе стане развоен буџет. А, предлог буџетот што го поднесе власта е неразвоен и, за жал, не носи подобрување на животот на граѓаните.

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Македонија

Генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски назначен за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори

Published

on

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го назначи Генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори

Почитувани,

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница разговараше на актуелни теми, усвои неколку кадровски решенија и донесе неколку заклучоци.

Извршниот комитет го назначи генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори.

Воедно, извршниот комитет разговараше за актуелната политичко-економска ситуација во Република Македонија, каде што потенцираше и заклучи дека државата тоне во секој поглед, институциите се крахирани со изгубена доверба кај граѓаните, а пандемијата ги коси граѓаните заради неспособноста на власта.

Во Република Македонија владее непочитување на правото и заштита на криминалот од страна на власта, додека пак наместо криминалците, во затворите гнијат неправедно затворени граѓани. Извршниот комитет донесе заклучок да го поддржи настанот најавен на 25 април, кој не е во наша организација, а по повод неправедно затворените уставобранители со драконски казни. Овој настан треба да помине во демократски и мирен чин. Воедно и потенцираме дека се оградуваме од секакви инциденти доколку произлезат од уфрлени провокатори на истиот настан.

Извршниот комитет ја анализираше актуелната ситуација за справување со пандемијата, но и економските неуспеси на власта, како и бројните криминални афери, со што уште еднаш заклучи дека како никогаш до сега на Република Македонија и граѓаните потребна и е експертска Влада која ќе ја избави државата од кризата во која ја втурна СДСМ и власта.

Извршниот комитет најостро ги осудува последните случувања, потенцирајќи ка аферата “Мафија”, која произлегува од криминалното работење на власта. Фрапирани сме и затечени за криминалната настроеност, воедно и со каква леснотија власта на СДСМ ја направи Република Македонија прибежиште и картел на мафијаши. Власта на СДСМ од Република Македонија направи мафијашка држава, а на чело на државата владее картелот Заеви кој е вмешан во секој криминал кој се случува. Во најбрз можен рок бараме одговорност од власта за аферата “Мафија”, но и за целиот овој криминал за кој сме сведоци периодов, додека пак оставките се неизбежни, а кривичната одговорност треба да биде испорачана.

Continue Reading

Македонија

Млада Албанка интелектyaлка yдpи по Д У И: Влaдaта не изневepи, нашите албански функционepи два пати

Published

on

Итражувачот од Институтот за Демократија Влора Речица ја коментира неспособноста на власта и посебно албанските функционери во Владата да се справат со здравствената криза и го открива своето лошо чувство што дел од Албанците во Македонија немаат никакви политички претставници во власта

“Владата не успеа воопшто, но нашите албански претставници во владата и парламентот двапати не успеаја. Наместо да се занимаваат со здравствена и економска криза, тие се занимаваат со политички поенти 🤮

Лошо чувство кога сте без никакво застапување во државните органи”, пишува Речица отворајќи го во албанската јавност прашањето за одговорност на ДУИ за состојбите во Македонија и за дискриминација на тие Албанци кои не се гласачи на ДУИ.

Continue Reading

Македонија

Николоски: “Со закани не поминуваат, ќе продолжам да објавувам криминални афери”

Published

on


Во одговор на новинарско прашање денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при посетата на Јегуновце, во врска со прашањето за аферата од 200 милиони евра кој тој ја обелодени во јавноста за „Шик Јелак“ и бизнисменот Миодраг Давидовиќ – Дака, рече дека криминалот царува во Македонија, како и дека добил закани за да не го обелоденува скандалот, за кој сега се гледа дека бил направен криминал вреден 200 милиони евра од функционери на СДСМ и ДУИ.



-Ако гледам од лична перспектива голема е сатисфакцијата затоа што точно е дека прв кој во јавноста излезе за тоа што ќе се случува во Тетово и кој криминал се спрема, но тоа беше негирано тогаш, а сега гледаме дека истото се потврдува, вели Николовски.

Тој посочи во одговорот дека ако ја гледаме суштината факт е дека криминалот царува во Македонија, како и дека идеалите и идеите застануваат таму каде што започнуваат парите, а чесно ги слушаме ДУИ како велат што мислат за србите, што мислат за случувањата во Косово, но кога доаѓа екстремен бизнисмен во Македонија со торба пари за Теута Арифи и Советот на Тетово завршува се и тогаш започнуваат да се корумпираат, но истото важи и за СДСМ и за Зоран Заев.

-Од една страна на Зоран Заев устата му е полна со геостратешките интереси на Македонија коишто ние како ВМРО-ДПМНЕ силно ги поддржуваме, но од друга страна на еден од најголемите екстремисти на Балканот којшто користи црни пари за финансирање на екстремизам му овозможуваат бизнис од 200 милиони евра, истакна Николоски.

Николоски посочи дека кога тој го обелоденил скандалот станувало збор за црни пари од фирми во Панама, па сфатиле по тоа дека се извадени на чисто и нема поента да се кријат и затоа отидоа преку фирмата на Дака во Црна Гора.

Кај мене закани не поминуваат и ќе продолжам да објавувам криминални афери! Одговорност ќе има! Ќе одговораат со новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ!

Continue Reading

Трендинг