Connect with us

Македонија

Димитриеска Кочоска: Зоран Заев е најголемиот предавник

Published

on

Гордана Димитриеска Кочоска, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот протест „Оставка на Заев, слобода на народот“ кој се одржа пред Министерство за надворешни рече дека Зоран Заев е најголемиот предавник кој оваа држава го имала.

Зоран Заев оди си, ти си најголемиот предавник кој оваа држава го има. Денес сакам да ти порачам нешто спаси ги своите деца да не го носат твојот срам, спаси ги твоите идни поколенија, прекини ги веднаш преговорите со Бугарија. Како пред очи да ми е таа 1991 година кога Македонија ја доби таа независност. Те прашувам тебе Заев на што ќе се сеќаават твоите деца, дали ќе се сеќаваат на тоа како потпиша капитулација со Грција, на тоа како ја витка кичмата со Бугарија, такви ли спомени треба да остава еден родител на своите деца, толку многу ли ти се важни парите да не ти е гајле и да немаш милост за сопствените деца. Немој на нив да им оставаш белег и на идните поколенија кога е јасно дека за нас воопшто не ти е гајле. Заев, Македонија не е твоја таа е наша, таа е на идните генерации кои ќе се раѓаат тука, таа е исто така и на они кои живееле и пред нас тука. Таа е моја колку што е и на овој народ тука исто колку што е и на Мирче Ацев, Страшо Пинџур, на Питу Гули и на Христијан Тодоровски Карпош, на Гоце Делчев. рече таа

Таа во своето обраќање ми порача на Заев да се врати во својата компанија и нема право да тргува со Македонија.

Врати се Зоране во твојата компанија каде можеби ќе бидеш успешен трговец тоа ти го поседуваш и имаш право како што сакаш, ама со Македонија немаш право. Македонија ти не ја поседуваш. Од првиот ден кога дојде на власт зборуваш дека ќе ги уништуваш спомениците, дали уште оттогаш беше договорен да распродаваш се што е македонско Дали во 2016 година дојде на власт со измами и убедувања на народот кажа таа.

Димитриеска Кочоска порача:

Од МНР ти порачувам дека ние нема да се откажеме од борбата за зачувување на македонската историја. Гоце Делчев е наш. Јас сум Гордана Димитриеска Кочоска родена и порасната во Тетово, до 19 години зборував на тетовски дијалект кој е дел од македонскиот јазик и никој до сега не ми рекол не ме разбира и дека тетовскиот не е македонски.

Македонија

Генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски назначен за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори

Published

on

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го назначи Генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори

Почитувани,

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница разговараше на актуелни теми, усвои неколку кадровски решенија и донесе неколку заклучоци.

Извршниот комитет го назначи генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори.

Воедно, извршниот комитет разговараше за актуелната политичко-економска ситуација во Република Македонија, каде што потенцираше и заклучи дека државата тоне во секој поглед, институциите се крахирани со изгубена доверба кај граѓаните, а пандемијата ги коси граѓаните заради неспособноста на власта.

Во Република Македонија владее непочитување на правото и заштита на криминалот од страна на власта, додека пак наместо криминалците, во затворите гнијат неправедно затворени граѓани. Извршниот комитет донесе заклучок да го поддржи настанот најавен на 25 април, кој не е во наша организација, а по повод неправедно затворените уставобранители со драконски казни. Овој настан треба да помине во демократски и мирен чин. Воедно и потенцираме дека се оградуваме од секакви инциденти доколку произлезат од уфрлени провокатори на истиот настан.

Извршниот комитет ја анализираше актуелната ситуација за справување со пандемијата, но и економските неуспеси на власта, како и бројните криминални афери, со што уште еднаш заклучи дека како никогаш до сега на Република Македонија и граѓаните потребна и е експертска Влада која ќе ја избави државата од кризата во која ја втурна СДСМ и власта.

Извршниот комитет најостро ги осудува последните случувања, потенцирајќи ка аферата “Мафија”, која произлегува од криминалното работење на власта. Фрапирани сме и затечени за криминалната настроеност, воедно и со каква леснотија власта на СДСМ ја направи Република Македонија прибежиште и картел на мафијаши. Власта на СДСМ од Република Македонија направи мафијашка држава, а на чело на државата владее картелот Заеви кој е вмешан во секој криминал кој се случува. Во најбрз можен рок бараме одговорност од власта за аферата “Мафија”, но и за целиот овој криминал за кој сме сведоци периодов, додека пак оставките се неизбежни, а кривичната одговорност треба да биде испорачана.

Continue Reading

Македонија

Млада Албанка интелектyaлка yдpи по Д У И: Влaдaта не изневepи, нашите албански функционepи два пати

Published

on

Итражувачот од Институтот за Демократија Влора Речица ја коментира неспособноста на власта и посебно албанските функционери во Владата да се справат со здравствената криза и го открива своето лошо чувство што дел од Албанците во Македонија немаат никакви политички претставници во власта

“Владата не успеа воопшто, но нашите албански претставници во владата и парламентот двапати не успеаја. Наместо да се занимаваат со здравствена и економска криза, тие се занимаваат со политички поенти 🤮

Лошо чувство кога сте без никакво застапување во државните органи”, пишува Речица отворајќи го во албанската јавност прашањето за одговорност на ДУИ за состојбите во Македонија и за дискриминација на тие Албанци кои не се гласачи на ДУИ.

Continue Reading

Македонија

Николоски: “Со закани не поминуваат, ќе продолжам да објавувам криминални афери”

Published

on


Во одговор на новинарско прашање денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при посетата на Јегуновце, во врска со прашањето за аферата од 200 милиони евра кој тој ја обелодени во јавноста за „Шик Јелак“ и бизнисменот Миодраг Давидовиќ – Дака, рече дека криминалот царува во Македонија, како и дека добил закани за да не го обелоденува скандалот, за кој сега се гледа дека бил направен криминал вреден 200 милиони евра од функционери на СДСМ и ДУИ.



-Ако гледам од лична перспектива голема е сатисфакцијата затоа што точно е дека прв кој во јавноста излезе за тоа што ќе се случува во Тетово и кој криминал се спрема, но тоа беше негирано тогаш, а сега гледаме дека истото се потврдува, вели Николовски.

Тој посочи во одговорот дека ако ја гледаме суштината факт е дека криминалот царува во Македонија, како и дека идеалите и идеите застануваат таму каде што започнуваат парите, а чесно ги слушаме ДУИ како велат што мислат за србите, што мислат за случувањата во Косово, но кога доаѓа екстремен бизнисмен во Македонија со торба пари за Теута Арифи и Советот на Тетово завршува се и тогаш започнуваат да се корумпираат, но истото важи и за СДСМ и за Зоран Заев.

-Од една страна на Зоран Заев устата му е полна со геостратешките интереси на Македонија коишто ние како ВМРО-ДПМНЕ силно ги поддржуваме, но од друга страна на еден од најголемите екстремисти на Балканот којшто користи црни пари за финансирање на екстремизам му овозможуваат бизнис од 200 милиони евра, истакна Николоски.

Николоски посочи дека кога тој го обелоденил скандалот станувало збор за црни пари од фирми во Панама, па сфатиле по тоа дека се извадени на чисто и нема поента да се кријат и затоа отидоа преку фирмата на Дака во Црна Гора.

Кај мене закани не поминуваат и ќе продолжам да објавувам криминални афери! Одговорност ќе има! Ќе одговораат со новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ!

Continue Reading

Трендинг