Connect with us

Македонија

Димитриеска Кочоска: СДСМ донесе рецесија, пад на инвестициите и зголемување на невработеноста

Published

on

Го достигнавме дното како држава: политички, здравствено, економски, еколошки. Денес ќе зборувам за економијата. Ветуваа живот донесоа рецесија. Ветуваа економски бум донесоа сиромаштија. Животот го има на прес-конференциите, изјавите, разубавените вести, но во реалноста шамар, изразен во економска рецесија. Рецесијата значи економско фијаско на Заев, истакна на денешната прес-конференција Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Еве и зошто:
Новите податоци за економијата се катастрофални:
1. Имаме подлабок пад на економијата за 2020 година од очекуваниот – тоа покажува на неуспешно справување со економска криза!

 Пад од 5,9% на економијата во трите квартали на 2020г. во однос на истиот период во 2019. Нашата проекција уште од март оваа година беше дека треба да се очкува длабок пад на економијата од над 5%. Да ја проценија длабочината на кризата, ќе ја проценија и длабочината на мерките за спас на економијата.
 Викаа пад од 3,4%, па корегираа пад од 4,4%. Викаа мерките спречиле намалување на негативните ефекти врз економија, биле успешни. Каде е успешноста ги прашувам? Каде е 1 милијарда евра за економијата и помош на компаниите кои ги најавуваше Заев? Парите се потрошени но, не за бизнисот и економијата.

 Последните бројки за БДП се доказ дека сѐ беше шминка и лага. Немаше 1 милијарда, немаше соодветна реакција, имаше само трошки за помош на економијата. Парите се потрошија, но бесцелно. Само 8,4% од цели 4,1 милијарди евра расходи за 2020 година. Нашите повици за посилна реакција и спас на економијата беа реални, нашата реакција за катастрофата кај капитални инвестиции беше реална, нашиот повик да штедат на непродуктивни и неразумни трошења во сред криза, а да трошат повеќе фирмите и населението беа разумни.

 Сега имаме буџетска дупка од 920 мил. евра, раст на јавниот долг за 10 процентни поени до ниво од 60% од БДП – кое станува критично, а имаме пад на македонската економија од високи 5.9%.

2. Реален пад на бруто инвестициите со три квартали од 8,8% на годишна основа – повисок пад имаме сега кај инвестициите, од падот на инвестициите за време на интерниот воен конфликт во 2001 година кога падот бил 6%.

3. Имаме катастрофална реализација на капиталните трошења и по две кратење со ребалансите – историски најниска. Заклучно со октомври има реализација од 151 милион евра од план 310 милиони евра со вториот ребаланс. Ни 50% од втор ребаланс, а од првиот буџет реализација е само 39%. Тотална неспособност за реализација на капитални инвестиции. Образложението дека кратењата за капитални трошења се насоочуваат за помош на економијата се лага и манипулација. Можеа да кратат на непродуктивни трошења и да намалат поткуп на избори.

4. Немаме привлекување туку одлив на инвестиции. Нето-одлив на СДСМ два квартала по ред – немаат компас, па камоли јасна стратегија за странските капацитети во државата и нивното значење за понатамошниот период. Нето одлив од 32 милиони евра за два квартала.

5. Намалување на бројот на вработени и зголемување на невработеност – која не сакаат јасно да ја согледаат. Манипулација е интерпретацијата на податоците дека се намалува стапка на невработеност. Над 50 илјади граѓани ги загубија своите работни места во последните 10 месеци. Манипулираат со стапката на невработеност ги префрлаат во неактивни баратели на работа поради што пресметката е комплетно различна и не соодветствува со реалноста.

Викавме да се зголемат средствата за Агенција за вработување да се пролонгира периодот на добивање на помош.

6. Значајно потфрлање на приходите во буџетот за 2020 година и не реален буџет за 2021 година.
Буџетот до крајот на 2020 година ќе има помалку 100 до 130 милиони евра приходи. Утната проекција од старт, утната и со најскорешни податоци со ребаланс 2. Викавме дека не е реална дека треба реално да проектираат – за да знаат што имаат реално расположливо за трошење. Умираме како нација со вакво водство, ни умира и македонската економија со вакво водство. Не само што ја губиме државата, ја губиме и егзистенцијата.

Македонија

Генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски назначен за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори

Published

on

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го назначи Генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори

Почитувани,

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница разговараше на актуелни теми, усвои неколку кадровски решенија и донесе неколку заклучоци.

Извршниот комитет го назначи генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори.

Воедно, извршниот комитет разговараше за актуелната политичко-економска ситуација во Република Македонија, каде што потенцираше и заклучи дека државата тоне во секој поглед, институциите се крахирани со изгубена доверба кај граѓаните, а пандемијата ги коси граѓаните заради неспособноста на власта.

Во Република Македонија владее непочитување на правото и заштита на криминалот од страна на власта, додека пак наместо криминалците, во затворите гнијат неправедно затворени граѓани. Извршниот комитет донесе заклучок да го поддржи настанот најавен на 25 април, кој не е во наша организација, а по повод неправедно затворените уставобранители со драконски казни. Овој настан треба да помине во демократски и мирен чин. Воедно и потенцираме дека се оградуваме од секакви инциденти доколку произлезат од уфрлени провокатори на истиот настан.

Извршниот комитет ја анализираше актуелната ситуација за справување со пандемијата, но и економските неуспеси на власта, како и бројните криминални афери, со што уште еднаш заклучи дека како никогаш до сега на Република Македонија и граѓаните потребна и е експертска Влада која ќе ја избави државата од кризата во која ја втурна СДСМ и власта.

Извршниот комитет најостро ги осудува последните случувања, потенцирајќи ка аферата “Мафија”, која произлегува од криминалното работење на власта. Фрапирани сме и затечени за криминалната настроеност, воедно и со каква леснотија власта на СДСМ ја направи Република Македонија прибежиште и картел на мафијаши. Власта на СДСМ од Република Македонија направи мафијашка држава, а на чело на државата владее картелот Заеви кој е вмешан во секој криминал кој се случува. Во најбрз можен рок бараме одговорност од власта за аферата “Мафија”, но и за целиот овој криминал за кој сме сведоци периодов, додека пак оставките се неизбежни, а кривичната одговорност треба да биде испорачана.

Continue Reading

Македонија

Млада Албанка интелектyaлка yдpи по Д У И: Влaдaта не изневepи, нашите албански функционepи два пати

Published

on

Итражувачот од Институтот за Демократија Влора Речица ја коментира неспособноста на власта и посебно албанските функционери во Владата да се справат со здравствената криза и го открива своето лошо чувство што дел од Албанците во Македонија немаат никакви политички претставници во власта

“Владата не успеа воопшто, но нашите албански претставници во владата и парламентот двапати не успеаја. Наместо да се занимаваат со здравствена и економска криза, тие се занимаваат со политички поенти 🤮

Лошо чувство кога сте без никакво застапување во државните органи”, пишува Речица отворајќи го во албанската јавност прашањето за одговорност на ДУИ за состојбите во Македонија и за дискриминација на тие Албанци кои не се гласачи на ДУИ.

Continue Reading

Македонија

Николоски: “Со закани не поминуваат, ќе продолжам да објавувам криминални афери”

Published

on


Во одговор на новинарско прашање денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при посетата на Јегуновце, во врска со прашањето за аферата од 200 милиони евра кој тој ја обелодени во јавноста за „Шик Јелак“ и бизнисменот Миодраг Давидовиќ – Дака, рече дека криминалот царува во Македонија, како и дека добил закани за да не го обелоденува скандалот, за кој сега се гледа дека бил направен криминал вреден 200 милиони евра од функционери на СДСМ и ДУИ.



-Ако гледам од лична перспектива голема е сатисфакцијата затоа што точно е дека прв кој во јавноста излезе за тоа што ќе се случува во Тетово и кој криминал се спрема, но тоа беше негирано тогаш, а сега гледаме дека истото се потврдува, вели Николовски.

Тој посочи во одговорот дека ако ја гледаме суштината факт е дека криминалот царува во Македонија, како и дека идеалите и идеите застануваат таму каде што започнуваат парите, а чесно ги слушаме ДУИ како велат што мислат за србите, што мислат за случувањата во Косово, но кога доаѓа екстремен бизнисмен во Македонија со торба пари за Теута Арифи и Советот на Тетово завршува се и тогаш започнуваат да се корумпираат, но истото важи и за СДСМ и за Зоран Заев.

-Од една страна на Зоран Заев устата му е полна со геостратешките интереси на Македонија коишто ние како ВМРО-ДПМНЕ силно ги поддржуваме, но од друга страна на еден од најголемите екстремисти на Балканот којшто користи црни пари за финансирање на екстремизам му овозможуваат бизнис од 200 милиони евра, истакна Николоски.

Николоски посочи дека кога тој го обелоденил скандалот станувало збор за црни пари од фирми во Панама, па сфатиле по тоа дека се извадени на чисто и нема поента да се кријат и затоа отидоа преку фирмата на Дака во Црна Гора.

Кај мене закани не поминуваат и ќе продолжам да објавувам криминални афери! Одговорност ќе има! Ќе одговораат со новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ!

Continue Reading

Трендинг