Connect with us

Македонија

Заев: Немаме вина за блокадата на Бугарија

Published

on

Премиерот Зоран Заев, давајќи отчет за стоте дена од работата на новата влада, го издвои како едно од најважните прашања изнаоѓањето решение за проблемите што ги постави Бугарија. Притоа, тој порача дека никој кај нас нема вина за оваа ситуација, но тој е уверен дека ќе се најдат решенија.

-Ни оваа влада, ни нашата држава, ни нашиот народ немаат  најмала вина за оваа ситуација. Македонскиот  национален идентитет не може да биде предмет на преговори и ние не можеме да се откажеме од нашето право на самоопределување гарантирано од сите меѓународни институции и конвенции. Се надеваме дека оваа штета на евроинтеграцијата ќе се надмести бргу. Владата нема да дозволи блокадата да предизвика застој на внатрешните реформи, напротив ќе го засили темпото, останувајќи целосно посветена на преговорите со Бугарија. Ние знаеме дека решенија се можни, знаат и тие, рече Заев. 

Генерално, тој се пофали дека како влада обезбедиле избори во фер и демократска атмосфера, наспроти резервите на опозицијата и дека тие покажале дека била исправна и едноставно можна одлука.

„И покрај пандемијата обезбедивме слободни и фер избори и дадовме можност уште еднаш граѓаните да ни дадат доверба, а ние да обезбедиме развој на државата, европска интеграција и справување со пандемијата. Изборите беа единствената оправдана одлука. Се покажа дека погрешни беа тврдењата дека изборите нема да бидат безбедни. Опозицијата всушност сакаше да не блокира во работата и да ја блокира финансиската помош за справување со епидемијата”, изјави премиерот.

Како главен предизвик тој сепак ја посочи пандемијата, набројувајќи ги сите реновирани и новоотворени оддели и болници за да се обезбеди здравствена грижа за сите грашани.

„Ја реорганизиравме државата и нејзиниот здравствен систем да одговориме на предизвиците кои ги создаде оваа болест. Партиципиравме за вакцини против Ковид-19, а во меѓувреме ги зголемивме болничките капацитети и овозможивме голем број тестови, како и брзи тестови”.

Откако ги наброја сите обновени капацитети, тој рече дека  готовност се ставени и државните и приватните клиники, а воедно се премина кон нов антикризен пакет и пакет за помош како на стопанството, така и за граѓаните. Вкупно, околу една милијарда евра се насочени кон стопанството и граѓаните, рече премиерот.Тој нагласи дека за 230 илјади граѓани е започната исплатата на помош од по 6000 денари, поддршка на стандардот на ранливните категории граѓани погодени од кризата.

Во првите 100 дена, рече Заев, потпишани се договори со стопански субјекти во износ од 56 милиони евра, и дополнителни 25 милиони евра. „Поддржуваме и стопански субјекти кои во услови на пандемија почнаа инвестициски активности”, рече тој и нагласи дека главниот фокус на новиот буџет е инвестирање во здравство и образование.

Потоа Заев опширно информираше за проектите од областа на енергијата, како и за новите инвестиции, од изградбата на приклучоци на гас преку Грција, кои ќе бидат од стратегиско значење и за целиот регион, па сѐ до замена на енергијата во одредени капацитети со еколошки горива.

„Активиравме политики и мерки за рестарт на економијата.Фокус на ребалансот беше на спроведување на антикризните мерки и на инвестирање во човечкиот потенцијал. Четвртиот пакет мерки што беше донесен изнесуваше 400 милиони евра и заедно со претходните пакети една милијарда евра се насочени кон граѓаните и стопанството. Новиот пакет обезбедни и нови 100 милиони евра кредити за бизнисот, порача Заев.

Заев нагласи дека претстои голем фокус на еколошки проекти со цел обезбедување на поздрава животна средина – изградба на секундарната гасна мрежа, од брз и еколошки автобуски превоз во Скопје, до започната процедура за прогласување на дел од Водно како заштитена средина, покрај прогласувањето на Осоговските планини. Исто така информира дека се зголемени 20 пати глобите за загадувачите и се зголемува бројот на инспекциските служби.

„Постепено преминуваме кон еколошки извори на енергија и постепено го исфрламе јагленот. Имаме тимови за преговори за наши инвестиции во терминалот за гас во Александропулос, Грција, што ќе обезбеди трајно и стабилно снабдување со гас. Креираме сисатем што ја прави Македонија дистрибутивен центар за горива во регионот, рече премиерот.Тој спомена и повеќе проекти за изградба на ветерници со цел да се обезбедат 400 мегавати обновлива енергија со што  Македонија може да стане лидер во обновливи извори на енергија во регионот.

Премиерот се пофали и со успешното одвивање на наставата во основното и средното образование, како и со реновирањето и отворањето нови градинки. Според него, комбинираниот модел на настава го следат успешно над 90 отсто од учениците, а за   првпат има грантово финансирање на иновативни проекти на универзитетите при што со иновативни  ваучери се обезбедени 15 милиони евра, а сајтот „е-услуги“ е надграден со нови услуги. 

Во изминатите сто ден, нагласи тој, а конечно се изгласа и Законот за заштита од дискриминацијата, но и дека е изготвен законски проект за недела како неработен ден.Македонија, рече, има непроценливо културно наследство, заради негова заштита е определен досега најголем досега буџет.

„Ред, правда, дисциплина, прочистување на судството, тоа беа нашите ветувања, но еве добивме и позитивен извештај од Европската комисија. Предметите водени од СЈО продолжуваат пред судовите. Само Мицкоски беше против измените во Законот за јавното обвинителство, застанувајќи на браникот на криминалот”, рече Заев.Премиерот рече дека Владата помага во изготвувањето на методологијата за прочистување во правосудството, со цел да се одвојат чесните од нечесните судии и обвинители.

Тој информираше дека можеби веќе денеска Законот за пописот ќе биде изгласан на пленарна седница, оценувајќи дека попис ебараат граѓаните, но тој и е потребен и на државата заради нејзиниот развој.

„Ние сме членка на НАТО, сега сме безбедни, заштитени од најсилната воена алијанса на светот. Придонесуваме активно за мир во регионот и светот. Во ЕУ ќе влеземе како држава и како Македонци кои зборуваат македонски јазик”, рече премиерот.

„Нашата борба е долга, трчаме маратон, а не спринт, рече во своето експозе по повод 100 дена од Владата, заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски.

„Имаме обврска да бидеме отворени, отчетни пред вас. Уште на самиот почеток презедовме мерки за секој кој го прекршил законот да се сноси одговорност. Донесовме нов кодекс на однесување за членовите на Владата и сите именувани функционери од истата. Веќе видовме разрешување на функционери. Ќе бидат разрешени сите оние кои понатаму ќе ги прекршуваат одредбите од новиот конекс на однесување, истакна Николовски. Според него, ни треба систем во кој чесните и заслужните ќе бидат наградени, а не казнети за својата чеснот и одговорност.

На прашањето дали Владата ќе реагира на оценката на Красимир Каракачанов дека историчарите од нашата комисија се инаетеле како магариња на пат, премиерот рече дека ова е навреда и апелираше да се воздржуваат и во Бугарија и кај нас од говорот на омразата.  

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Македонија

Генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски назначен за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори

Published

on

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го назначи Генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори

Почитувани,

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница разговараше на актуелни теми, усвои неколку кадровски решенија и донесе неколку заклучоци.

Извршниот комитет го назначи генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори.

Воедно, извршниот комитет разговараше за актуелната политичко-економска ситуација во Република Македонија, каде што потенцираше и заклучи дека државата тоне во секој поглед, институциите се крахирани со изгубена доверба кај граѓаните, а пандемијата ги коси граѓаните заради неспособноста на власта.

Во Република Македонија владее непочитување на правото и заштита на криминалот од страна на власта, додека пак наместо криминалците, во затворите гнијат неправедно затворени граѓани. Извршниот комитет донесе заклучок да го поддржи настанот најавен на 25 април, кој не е во наша организација, а по повод неправедно затворените уставобранители со драконски казни. Овој настан треба да помине во демократски и мирен чин. Воедно и потенцираме дека се оградуваме од секакви инциденти доколку произлезат од уфрлени провокатори на истиот настан.

Извршниот комитет ја анализираше актуелната ситуација за справување со пандемијата, но и економските неуспеси на власта, како и бројните криминални афери, со што уште еднаш заклучи дека како никогаш до сега на Република Македонија и граѓаните потребна и е експертска Влада која ќе ја избави државата од кризата во која ја втурна СДСМ и власта.

Извршниот комитет најостро ги осудува последните случувања, потенцирајќи ка аферата “Мафија”, која произлегува од криминалното работење на власта. Фрапирани сме и затечени за криминалната настроеност, воедно и со каква леснотија власта на СДСМ ја направи Република Македонија прибежиште и картел на мафијаши. Власта на СДСМ од Република Македонија направи мафијашка држава, а на чело на државата владее картелот Заеви кој е вмешан во секој криминал кој се случува. Во најбрз можен рок бараме одговорност од власта за аферата “Мафија”, но и за целиот овој криминал за кој сме сведоци периодов, додека пак оставките се неизбежни, а кривичната одговорност треба да биде испорачана.

Continue Reading

Македонија

Млада Албанка интелектyaлка yдpи по Д У И: Влaдaта не изневepи, нашите албански функционepи два пати

Published

on

Итражувачот од Институтот за Демократија Влора Речица ја коментира неспособноста на власта и посебно албанските функционери во Владата да се справат со здравствената криза и го открива своето лошо чувство што дел од Албанците во Македонија немаат никакви политички претставници во власта

“Владата не успеа воопшто, но нашите албански претставници во владата и парламентот двапати не успеаја. Наместо да се занимаваат со здравствена и економска криза, тие се занимаваат со политички поенти 🤮

Лошо чувство кога сте без никакво застапување во државните органи”, пишува Речица отворајќи го во албанската јавност прашањето за одговорност на ДУИ за состојбите во Македонија и за дискриминација на тие Албанци кои не се гласачи на ДУИ.

Continue Reading

Македонија

Николоски: “Со закани не поминуваат, ќе продолжам да објавувам криминални афери”

Published

on

Во одговор на новинарско прашање денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при посетата на Јегуновце, во врска со прашањето за аферата од 200 милиони евра кој тој ја обелодени во јавноста за „Шик Јелак“ и бизнисменот Миодраг Давидовиќ – Дака, рече дека криминалот царува во Македонија, како и дека добил закани за да не го обелоденува скандалот, за кој сега се гледа дека бил направен криминал вреден 200 милиони евра од функционери на СДСМ и ДУИ.

-Ако гледам од лична перспектива голема е сатисфакцијата затоа што точно е дека прв кој во јавноста излезе за тоа што ќе се случува во Тетово и кој криминал се спрема, но тоа беше негирано тогаш, а сега гледаме дека истото се потврдува, вели Николовски.

Тој посочи во одговорот дека ако ја гледаме суштината факт е дека криминалот царува во Македонија, како и дека идеалите и идеите застануваат таму каде што започнуваат парите, а чесно ги слушаме ДУИ како велат што мислат за србите, што мислат за случувањата во Косово, но кога доаѓа екстремен бизнисмен во Македонија со торба пари за Теута Арифи и Советот на Тетово завршува се и тогаш започнуваат да се корумпираат, но истото важи и за СДСМ и за Зоран Заев.

-Од една страна на Зоран Заев устата му е полна со геостратешките интереси на Македонија коишто ние како ВМРО-ДПМНЕ силно ги поддржуваме, но од друга страна на еден од најголемите екстремисти на Балканот којшто користи црни пари за финансирање на екстремизам му овозможуваат бизнис од 200 милиони евра, истакна Николоски.

Николоски посочи дека кога тој го обелоденил скандалот станувало збор за црни пари од фирми во Панама, па сфатиле по тоа дека се извадени на чисто и нема поента да се кријат и затоа отидоа преку фирмата на Дака во Црна Гора.

Кај мене закани не поминуваат и ќе продолжам да објавувам криминални афери! Одговорност ќе има! Ќе одговораат со новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ!

Continue Reading

Трендинг