Connect with us

Македонија

Ѓоргиев: Има простop за подобpyвање и во македонските и во бугapcките yчeбници

Published

on

Синтагмата „заедничка историја“, која не е дефинирана во самиот Договор за пријателство, се претвори во една од главните пречки во работата на Комисијата, пред сѐ, поради едностраното толкување, дека всушност таа означува историја на еден народ, односно на бугарскиот, започнувајќи од IX век па сѐ до 1944 година, истакнува претседателот на македонскиот тим во заедничката Комисија за историски и образовни прашања, Комисија, Драги Ѓоргиев во интервју за Дојче веле.

Таквото толкување според него е неодржливо и неприфатливо, и затоа, вели тој, потребна е отворена дискусија со цел да се разјасни нејзиното толкување и значење кое не може да биде надвор од рамките на современите пристапи за проучувањето на минатото.

Коментирајќи ги обвинувањата од бугарскиот колега Ангел Димитров дека македонскиот дел од Комисијата не го прифаќа билатералниот Договор, во делот кој ја формулира работата на Комисијата, односно дека се прават „опструкции и замена на тези” и отфрлање на дефиницијата „заедничка историја“, Ѓоргиев вели дека зачестеноста на ваквите обвинувања прераснува во практика која континуирано ја нарушува меѓусебната доверба.

„За жал веќе подолго време обвинувањата се дел од секоја изјава на нашите бугарски колеги и тоа веќе прераснува во една практика која континуирано ја нарушува меѓусебната доверба. Доколку не се постигне прогрес во работата вината целосно се префрла на македонската страна, што само покажува еден исклучив пристап со однапред определена цел: наметнување на еден наратив врз друг. Притоа отсуствува пристап во согласност со позитивните европски искуства, кој ќе овозможи рамноправна дискусија со обид да се разбере соговорникот од другата страна“, вели Ѓоргиев.
Запрашан дали им прави проблем во работата, тоа што политичари од двете земји го употребуваат терминот „заедничка историја”, тој посочува дека лично нема проблем во однос на тоа и оти тој термин може да се употребува, не само во однос на минатото на Македонија и Бугарија, туку во однос и на други народи на Балканот и пошироко.

„Многу народи во одредени историски периоди имаат заеднички и испреплетени истории со своите најблиски соседи. Таков пример имаме со народите во рамките на поранешната СФРЈ, кои имаат заедничка историја повеќе од четири децении, но се разбира во политичка, социјална, економска, културолошка смисла. Таков пример е и актуелната ЕУ“, вели Ѓоргиев.
Според него, периодот на османлиска доминација може да се смета за период на заедничка историја на многу народи кои влегуваа во состав на Османлиската Империја. Елементи на заедничка историја, вели, може да се најдат и во периодот кога Бугарија како кнежевство (1878 г.) се одвојува од османлиската држава, а Македонија останува во османлиските граници.

„Функционирањето на бугарски институции (егзархиски школи и цркви) на територијата на османлиска Македонија во кои работеле и преку кои дејствувале македонски револуционери, влијанието на бугарското национално револуционерно движење, и не само на бугарското врз македонското, помошта на бугарската држава на македонското население, на пример, во поилинденскиот период, револуционерната организација и слично, даваат простор за користење на оваа синтагма. Но, ќе повторам, синтагмата „заедничка историја“ треба да се користи како концепт кој ги отсликува историските процеси, меѓусебните контакти и влијанија меѓу нациите и други групи и заедници и со кои навистина ќе ги приближиме нашите наративи и сфаќања за минатото, а не да ја користиме за вулгарна политичка алатка за докажување на „историски вистини“ и давање легитимност на митологизирани претстави за нашето минато преку призмата на сегашноста“, вели претседетлот на македонскиот тим во Комисијата за историски и образовни прашања..
За несогласувања од бугарска страна за употреба на придавката „македонски“, што тој ја посочи по последната средба на Комисијата, тој оценува дека произлегуваат од селективната примена на Преспанскиот договор и на Договорот меѓу Бугарија и Република Македонија од 1999 година.

„Бугарските колеги селективно ги користат Преспанскиот договор и Договорот меѓу Р Македонија и Бугарија од 1999 година. Така, кога станува збор за тела и органи основани од државата, како што е нашата Комисија, повикувајќи се на Преспанскиот договор, тие не ги прифаќаат формулациите „македонските колеги од Комисијата“, туку „колегите од Комисијата на РСМ“. Или, во однос на учебниците кои се финансирани од државата, наместо „македонски учебници“ се инсистира на „учебници на РСМ“, и слично. Од друга страна, пак, во однос на македонскиот јазик го игнорираат Преспанскиот договор, и се повикуваат на Договорот од 1999 година каде тој е „македонски јазик во согласност со Уставот“ или „официјален јазик на РСМ“. Ваквата практика во работата на Комисијата е воведена некаде од октомври 2019 година, додека претходно немаше никакви проблеми околу тоа“, посочи Ѓоргиев.
Според него, иако постои тенденција за избегнување на придавката во однос на историската терминологија, тоа, вели, не е возможно, а придавката останува присутна и кога во записникот директно се пренесуваат исказите на дискутантите.

Главниот проблем што изостанаа резултати на последната средба на Комисијата, според него се големите разлики во пристапот кон толкувањето на историските процеси, настани и личности и пристапот кон сфаќањето и правењето на препораки за учебниците.

„Присутна е тенденцијата бугарските забелешки кон македонските учебници да бидат конкретизирани во духот на нивниот наратив и тој да биде наметнат како единствен. Тоа особено дојде до израз во дебатата за Цар Самуил, наспроти нашиот пристап на мултиперспективност, кој овозможува на учениците да развијат критичко мислење. Се разбира, тоа важи за настани каде мултиперспективноста може да се примени“, вели Ѓоргиев.
За тоа каква е нашата перцепција за цар Самуил и за критиките од бугарска страна за содржините во нашите учебници во однос на Цар Самуил, глаголицата, Кирил и Методиј…Ѓоргиев е дециден дека има простор за подобрување и на македонските и на бугарските учебници по историја.

„Не би можел во рамките на овој ограничен простор да дадам одговор на темите поставени во прашањето, но би сакал да истакнам дека и во македонските и во бугарските историски учебници има простор за подобрување. Јас би бил задоволен доколку работата на Комисијата резултира со правење на нови учебници по историја во нашата држава, не затоа што тоа го бара Бугарија, туку затоа што навистина има потреба од нивно подобрување“, нагласува тој.
Ѓоргиев смета и дека без оглед на несогласувањата во досегашната работа на Комисијата таа треба да продолжи да работи.

„Без оглед на сите несогласувања, прекинувањето на разговорите само уште повеќе ќе ги зголеми длабоките недоразбирања. Поради тоа сметам дека разговорите треба да продолжат. Всушност, дебатите кои се отворија во двете општества за теми, за кои до пред неколку години воопшто не се зборуваше, и во кои се вклучија и други експерти и интелектуалци, се еден од позитивните резултати од работата на Комисијата. Без оглед што понекогаш тие се исполнети со силни емоции и страсти, мислам дека тоа е добро за двете општества“, заклучува претседателот на македонскиот тим во заедничката Комисија за историски и образовни прашања Драги Ѓоргиев.

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Македонија

Генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски назначен за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори

Published

on

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го назначи Генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори

Почитувани,

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница разговараше на актуелни теми, усвои неколку кадровски решенија и донесе неколку заклучоци.

Извршниот комитет го назначи генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори.

Воедно, извршниот комитет разговараше за актуелната политичко-економска ситуација во Република Македонија, каде што потенцираше и заклучи дека државата тоне во секој поглед, институциите се крахирани со изгубена доверба кај граѓаните, а пандемијата ги коси граѓаните заради неспособноста на власта.

Во Република Македонија владее непочитување на правото и заштита на криминалот од страна на власта, додека пак наместо криминалците, во затворите гнијат неправедно затворени граѓани. Извршниот комитет донесе заклучок да го поддржи настанот најавен на 25 април, кој не е во наша организација, а по повод неправедно затворените уставобранители со драконски казни. Овој настан треба да помине во демократски и мирен чин. Воедно и потенцираме дека се оградуваме од секакви инциденти доколку произлезат од уфрлени провокатори на истиот настан.

Извршниот комитет ја анализираше актуелната ситуација за справување со пандемијата, но и економските неуспеси на власта, како и бројните криминални афери, со што уште еднаш заклучи дека како никогаш до сега на Република Македонија и граѓаните потребна и е експертска Влада која ќе ја избави државата од кризата во која ја втурна СДСМ и власта.

Извршниот комитет најостро ги осудува последните случувања, потенцирајќи ка аферата “Мафија”, која произлегува од криминалното работење на власта. Фрапирани сме и затечени за криминалната настроеност, воедно и со каква леснотија власта на СДСМ ја направи Република Македонија прибежиште и картел на мафијаши. Власта на СДСМ од Република Македонија направи мафијашка држава, а на чело на државата владее картелот Заеви кој е вмешан во секој криминал кој се случува. Во најбрз можен рок бараме одговорност од власта за аферата “Мафија”, но и за целиот овој криминал за кој сме сведоци периодов, додека пак оставките се неизбежни, а кривичната одговорност треба да биде испорачана.

Continue Reading

Македонија

Млада Албанка интелектyaлка yдpи по Д У И: Влaдaта не изневepи, нашите албански функционepи два пати

Published

on

Итражувачот од Институтот за Демократија Влора Речица ја коментира неспособноста на власта и посебно албанските функционери во Владата да се справат со здравствената криза и го открива своето лошо чувство што дел од Албанците во Македонија немаат никакви политички претставници во власта

“Владата не успеа воопшто, но нашите албански претставници во владата и парламентот двапати не успеаја. Наместо да се занимаваат со здравствена и економска криза, тие се занимаваат со политички поенти 🤮

Лошо чувство кога сте без никакво застапување во државните органи”, пишува Речица отворајќи го во албанската јавност прашањето за одговорност на ДУИ за состојбите во Македонија и за дискриминација на тие Албанци кои не се гласачи на ДУИ.

Continue Reading

Македонија

Николоски: “Со закани не поминуваат, ќе продолжам да објавувам криминални афери”

Published

on


Во одговор на новинарско прашање денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при посетата на Јегуновце, во врска со прашањето за аферата од 200 милиони евра кој тој ја обелодени во јавноста за „Шик Јелак“ и бизнисменот Миодраг Давидовиќ – Дака, рече дека криминалот царува во Македонија, како и дека добил закани за да не го обелоденува скандалот, за кој сега се гледа дека бил направен криминал вреден 200 милиони евра од функционери на СДСМ и ДУИ.



-Ако гледам од лична перспектива голема е сатисфакцијата затоа што точно е дека прв кој во јавноста излезе за тоа што ќе се случува во Тетово и кој криминал се спрема, но тоа беше негирано тогаш, а сега гледаме дека истото се потврдува, вели Николовски.

Тој посочи во одговорот дека ако ја гледаме суштината факт е дека криминалот царува во Македонија, како и дека идеалите и идеите застануваат таму каде што започнуваат парите, а чесно ги слушаме ДУИ како велат што мислат за србите, што мислат за случувањата во Косово, но кога доаѓа екстремен бизнисмен во Македонија со торба пари за Теута Арифи и Советот на Тетово завршува се и тогаш започнуваат да се корумпираат, но истото важи и за СДСМ и за Зоран Заев.

-Од една страна на Зоран Заев устата му е полна со геостратешките интереси на Македонија коишто ние како ВМРО-ДПМНЕ силно ги поддржуваме, но од друга страна на еден од најголемите екстремисти на Балканот којшто користи црни пари за финансирање на екстремизам му овозможуваат бизнис од 200 милиони евра, истакна Николоски.

Николоски посочи дека кога тој го обелоденил скандалот станувало збор за црни пари од фирми во Панама, па сфатиле по тоа дека се извадени на чисто и нема поента да се кријат и затоа отидоа преку фирмата на Дака во Црна Гора.

Кај мене закани не поминуваат и ќе продолжам да објавувам криминални афери! Одговорност ќе има! Ќе одговораат со новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ!

Continue Reading

Трендинг