Connect with us

Спорт

Меси отворено му се додворува на ПСЖ, за голман на годината гласаше за Кејлор Нава

Published

on

За играч на годината, Меси на првите две места ги стави Нејмар и Мбапе од ПСЖ, а со изборот на најдобар голман предизвика бура реакции.

Гласањето на капитенот на аргентинската репрезентација, Лионел Меси, за изборот на најдобрите во светот на фудбалот за 2020 година предизвика лавина реакции не само поради тоа што го изостави Кристијано Роналдо, туку поради тоа за кого гласаше.

Во изборот за најдобар фудбалер, Меси 5 бода му даде на Нејмар, три поени на Килијан Мбапе и еден на Роберт Левандовски. Првите двајца се играчи на ПСЖ, клуб во кој Меси би можело да ја продолжи кариерата ако налето ја напушти Барселона.

Бразилецот Нејмар му е близок пријател, па веројатно сакал да го награди за пласманот во финалето на Лигата на шампионите, но второто место на Мбапе и гласањето за најдобри голмани додаваат масло на огнот дека Меси меѓу редови најавува дека сака да игра за Пари Сен Жермен.

За најдобар голман на светот во 2020 година Меси гласаше за Кејлор Навас, ексголман на Реал Мадрид, а сегашен на ПСЖ. Ова е големо изненадување, но можеби и порака на Меси дека сака во следната сезона да игра во ист тим со Навас. Второто место, според Меси, го заслужи Мануел Нојер од Баерн, а трет според него е Јан Облак од Атлетико. Како што може да се види, Лео не му дал ниту еден поен на неговиот клупски колега Марк-Андре Тер Штеген, а можел да гласа за него.

Инаку и Кристијано Роналдо за голман на годината 5 поени му додели на Навас, но тие беа заедно во Реал и веројатно гласаше бидејќи му е поблизок отколку другите кои повеќе го заслужуваа признанието.

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Спорт

Куман: Меси е најважниот човек во историјата на Барселона

Published

on

Лионел Меси уште еднаш беше човек на одлука за Барселона, поточно беше најзаслужен за славјето над Уеска од 4-1 во Примера.

Аргентинецот даде два гола со една асистенција и со тоа на најдобар можен начин го одбележа мечот на кој се израмни со Чави Ернандез по бројот на настапи во дресот на каталонскиот гигант. Воедно Меси ја мина бројката од 20 постигнати голови во Ла Лига и со тоа стана единствениот ас кој 13 сезони во низа имал ваков учинок во најквалитетното шпанско фудбалско натпреварување.

-Мислам дека Меси покажа дека е најдобар. Првиот гол беше фантастичен. Тој заслужува да биде важен за овој тим. Не знам што друго да кажам за Лео. Нивото на кое беше толку многу години, толку многу натпревари. Тој се изедначи со Чави и во основа ќе го надмине во недела. Тој е најважниот човек во историјата на овој клуб. За среќа тој е сè уште со нас, -истакна тренерот Роналд Куман.

Барселона сега е на минус четири од Атлетико Мадрид, а до крајот остануваат уште 11 кола.

-Бодовите што ги загубивме пред неколку недели…добро реагиравме. Тимот е самоуверен. Ние сме во добра форма и се бориме. Не можеме да изгубиме повеќе поени, бидејќи досега доста изгубивме. Отсекогаш сум велел дека има многу што да се игра. Секогаш е тешко за која било екипа да издржи, -порача Холанѓанецот.

Continue Reading

Спорт

Кире Лазаров: Среќен и горд сум за целата Македонија

Published

on

Ракометната репрезентација на нашата држава под водство на новиот селектор Кирил Лазаров дојде до голема победа над Данска со (33-29) во рамки на квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2022 година.

По дуелот во Скопје Лазаров испрати јавна благодарност до сите кои му дале поддршка на стартот и почетокот.

„Прво и основно, на стартот сакам да им се заблагодарам на моите играчи и во случајов моите соиграчи. Испочитуваа се што се договоривме. Благодарност до стручниот тим кој ме испочитува и ми помогна. Последните три-четири дена, иако е нов предизвик за мене ова, чувствував позитивна енергија. Не бев загрижен, туку спремен дури и да одиграме послабо и да загубиме, ама најважно ми беше она што договараме, да го покажеме. Момците го испочитуваа тоа и заврши како што заврши. Имавме храброст да почнам со генерација 96-98, верувам во нив. Многу се оспорувани некои од тие играчи, можеби психолошки им треба малку време да се кренат затоа што тие знаат да играат ракомет, јас сум сигурен во тоа. Јас сум цел живот „напаѓач“, ама инсистирав овие денови на „одбрана“. Малку беше смешно на сите што еден напаѓач инсистира на одбрана. Јас цел живот играм против добри одбрани и знам што значи. Среќен и горд сум за целата Македонија, затоа што многу со нас имале и добри ама и лоши моменти. Ама сум цврсто на земја, затоа што треба да работиме многу. Благодарност до целата македонска јавност, во 99% од случаите по назначувањето добив поддршка. Ама, ова е само почеток, јас знам што е спорт и го знам нашиот македонски менталитет. Најважно е да се пласираме официјално на Европското првенство 2022 и за понатаму ќе размислуваме“, рече Лазаров по натпреварот во Скопје.

Continue Reading

Спорт

Кузмановски: Лазаров дал многу за македонскиот дрес, не смееме да го разочараме!

Published

on

Македонската ракометна селекција вечерва отвора ново поглавје во својата историја, на чело со новиот селектор Кирил Лазаров. Во рамки од третото коло од квалификациите за Европското првенство, во Скопје ни гостува Данска, селекција која е актуелен светски шампион и несомнено е фаворит за првата позиција во нашата група. 

Лазаров со својот стручен штаб веќе пет дена ја крои тактиката за скандинавскиот противник, против кого нема што да загубиме. Еден нашите најдобри ракометари, Филип Кузмановски, вели дека Лазаров долги години посветувал многу внимание на помладите репрезентативци, па затоа сега е време тие да му се оддолжат и со многу труд и борбена игра да не дозволат да го разочараат.

„Додека беше само играч ни посветуваше многу време нам помладите. Често пати ќе нè советуваше, ќе ни кажеше каде грешиме, не нè упатеше по вистинскиот пат. Уште тогаш давеше многу од себе за Македонија, но и за да нè научи. Македонскиот дрес го носеше од срце и со љубов, така е и сега. Затоа, во ниту еден случај не смееме да бидеме комотни и опуштени, мора да го даваме и последниот атом од себе и да се бориме за секоја топка. Кога некој ќе биде толку многу посветен на работата, ние како играчи без разлика против кого играме, никако не смееме да го разочараме. Лазаров не го заслужува тоа“, ни изјави 24-годишниот бек.

mak-rakomet-trening-na-reprezentacija-na-makedonija-08032021-3229.jpg

Членот на Хановер вели во овој моменти мислите им се насочени на Данска, но секако и на Швајцарија и Финска, против кои ќе се борат за посакуваната виза на континенталниот собир.

„Наша цел е пласман на Европското првенство. Мислиме на двата натпревари со Данска, но секако и на Швајцарија и Финска. Одработивме квалитетни подготовки во кои научивме многу нови работи. Ова е некоја друга димензија, модерна. Уште од првиот тренинг со Лазаров почнавме да работиме на тактика. Малку ни е чудно што има две улоги, но веруваме дека ќе направиме еден добар план за во иднина и ако го почитуваме сите заедно, ќе напредуваме и Македонија ќе биде сериозна репрезентација. Ќе изградиме една позитивна атмосфера, во овој момент тоа е најважно. Покрај Лазаров мора да се спомене и посветеноста на неговите помошници, кои во секој момент се достапни за нас. Имаме одлични услови за работа, кои раководството на РФМ ни ги овозможува, па затоа сметам дека од собир во собир ќе бидеме многу поквалитетни и ќе успееме да ја оствариме зацртаната цел“, додава нашиот репрезентативен бек.

Првиот дуел против Данците го играме вечерва, со почеток од 20:00 часот, додека за три дена гостуваме во Алборг, каде ќе ја затвориме оваа ЕХФ недела.  

Continue Reading

Трендинг