Connect with us

Политика

Николоски и Сајковски од Прилеп порачаа:Борбата продолжува, промените доаѓаат

Published

on

Денес во револуционерен Прилеп! Градот кој прв ја почна револуцијата против окупаторите, а не администраторите! Градот херој! Со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓоргија Сајкоски остваривме средби со партиските структури како и со граѓаните на Прилеп. Мафијата го јаде трудот на тутунарите. Им ја јаде маката! Промените доаѓаат во Прилеп! Оставка на Заев, слобода на народот!

https://www.facebook.com/254601848050403/posts/1705515562959017/

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Политика

На дното во Европа!

Published

on




Бизнисот и населението во Македонија немаат доверба во економските политики на државата. Розевите очила на Заев треба да ги симне. Економското расположение во Македонија во март 2021 година е најниско во Европа. Тоа го покажуваат податоците од индикаторот за економско расположение (ESI – economic sentiment indicator) којшто го изработува Генералниот директорат за економски и финансиски прашања на Европската комисија. Неговата цел е да го следи растот на БДП на земјите-членки, на ниво на ЕУ и еврозоната, и на земјите кандидат – членки. ESI е пондериран просек на салдото на одговори на избрани прашања упатени до фирми во пет сектори опфатени со Анкетите за деловно работење и Анкетите на потрошувачи. Опфатените сектори се индустрија (пондер 40%), услуги (30%), потрошувачи (20%), трговија на мало (5%) и градежништво (5%). Индикаторот е скалиран на долгорочна средина од 100 и стандардна девијација од 10. Вредностите над 100 укажуваат на натпросечно економско расположение и обратно. Податоците се сезонски прилагодени.

Според индикаторот, ударот на кризата во март и април 2020 година врз економското расположение на бизнисот и населението беше најголем во Македонија од сите земји во Европа. Исто така, на дното на индикаторот сме во однос на тоа како се враќа довербата во економијата. Од април 2020 година до март 2021 година вратена е само 60% од економската доверба. Ова јасно укажува на неуспешни економски политики од страна на Владата кои не можат да креираат околина за заживување на економијата. Фијаското во здравствената и економската политика од почетокот на кризата испаднаа на површина!

Continue Reading

Политика

ЛУКЕ ГАЛЕСКИ: Каде ви е согласноста од општините за имињата на улиците? Ја немате!

Published

on

Денеска ќе излезев и ќе поздравев да имавме точка на дневен ред доколку имаше некоја инвестициска програма со која ќе се направеше подземен тунел, наместо седница, да имавме голем кружен тек кај Мавровска, таму каде што сега никнува одново дивоградба, да се сечеше лента на новиот Луна парк или пак да се направеше Универзална сала. Напротив денес одлучуваме за личен хир, за едно итроманство, за едно политизирано крајно непотребно и би рекол идентитетско обезличување на градот, вели советникот во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Луке Галески.

Галески нагласи дека ваквите предлози за имиња не се на граѓаните, туку се предлози и желби на неколкумина надополнети со коалициска поделба во очи на локалните избори, укажувајќи на тоа дека овие промени на имиња значат и фискални импликации односно нов товар за компаниите кои се наоѓаат токму на овие улици.

-Не велам дека нема и добри предлози за имиња на улиците, но процесот освен што е дивоградба, едностран и насилен, тој е на последното место на приоритетите на Скопје. Кога не се знае каков печат да се остави се прави едностран чин,а фингираната јавна расправа донесе фингирани предлози. Овие предлози не се на граѓаните, туку последица на личните желби на неколкумина надополнети со коалициска поделба во очи на локалните избори. Нормално тоа носи предлози на имиња кој никој не ги знае освен тие што ги предложиле, предлози кои се партиски политички печат, но не и желба на скопјани. Таква париска страст за себе промоција носи и правна дивоградба. Каде се одлуките на општините за одобрување на овие предлози? Не видовме такви, зошто такви нема, а согласно законот треба да има. Каде е квалитетната јавна дебата? Нели ќе беше подобро да организирате фокус групи од градски авторитети кои ќе дадат оценка и предлози за имиња, да го вклучите Институтот за историја што беше наше барање, да ги вклучите општините и советите на општините да дадат предлози. Наместо ова скопјани добија можност да праќаат пополнети прашалници, да добијат една полутајна постапка чии нов производ го гледаме денес. На крајот ова ќе донесе и фискални импликации, со други зборови нов арач, нов товар за компаниите кои се наоѓаат на овие улици. Нова давачка која доаѓа во ова тешко време на здравствена и економска криза, рече Галески.

Галески побара ваквиот предлог да биде повлечен и да се носат разумни одлуки, додавајќи дека согласно Законот за именување на улици, плоштади и други инфраструктурни објекти не смее да се вршат промени на улици шест месеци пред одржување на претседателски, парламентарни и локални избори или една година пред планиран попис на население.

-Вашите меланхолични симболики во кои ќе останете само задоволени од тоа што сте смениле неколку имиња од историјата со кои ние како ВМРО се идентификуваме, само отворате Пандорина кутија за да утре некој иден градоначалник го прави тоа што вие го правете денес, зошто знаете дека со каква мера судите, со таква мера ќе ви биде судено, какви одлуки носите денес, такви одлуки ќе ви биде вратено утре. Би го цитирал членот 8 во кој што стои: име на улици, плоштад, мост и на друг инфраструктурен објект може да се промени на начин во постапка за нивно определување. Промена од ставот 1 од овој член не може да се врши шест месеци пред одржување на редовни претседателски, парламентарни и локални избори и една година пред планиран попис на население. Пописот формално правно почнува за два дена на први април, де факто може да почне во септември, но секако не се почитува рокот од една година како што се бара согласно законот. Значи оваа одлука која што денеска се гласа е противправна. Разумно, политички би било сега да го повлечете предлогот и да бидете политички мудри, да вклучите многу повеќе јавност и да го одберете најдоброто, самите жители да одлучат за имиња на своите улици каде што живеат и така да се носат одлуки. Тоа би била разумна политика, заврши Галески

Continue Reading

Македонија

Николоски: “Со закани не поминуваат, ќе продолжам да објавувам криминални афери”

Published

on


Во одговор на новинарско прашање денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при посетата на Јегуновце, во врска со прашањето за аферата од 200 милиони евра кој тој ја обелодени во јавноста за „Шик Јелак“ и бизнисменот Миодраг Давидовиќ – Дака, рече дека криминалот царува во Македонија, како и дека добил закани за да не го обелоденува скандалот, за кој сега се гледа дека бил направен криминал вреден 200 милиони евра од функционери на СДСМ и ДУИ.



-Ако гледам од лична перспектива голема е сатисфакцијата затоа што точно е дека прв кој во јавноста излезе за тоа што ќе се случува во Тетово и кој криминал се спрема, но тоа беше негирано тогаш, а сега гледаме дека истото се потврдува, вели Николовски.

Тој посочи во одговорот дека ако ја гледаме суштината факт е дека криминалот царува во Македонија, како и дека идеалите и идеите застануваат таму каде што започнуваат парите, а чесно ги слушаме ДУИ како велат што мислат за србите, што мислат за случувањата во Косово, но кога доаѓа екстремен бизнисмен во Македонија со торба пари за Теута Арифи и Советот на Тетово завршува се и тогаш започнуваат да се корумпираат, но истото важи и за СДСМ и за Зоран Заев.

-Од една страна на Зоран Заев устата му е полна со геостратешките интереси на Македонија коишто ние како ВМРО-ДПМНЕ силно ги поддржуваме, но од друга страна на еден од најголемите екстремисти на Балканот којшто користи црни пари за финансирање на екстремизам му овозможуваат бизнис од 200 милиони евра, истакна Николоски.

Николоски посочи дека кога тој го обелоденил скандалот станувало збор за црни пари од фирми во Панама, па сфатиле по тоа дека се извадени на чисто и нема поента да се кријат и затоа отидоа преку фирмата на Дака во Црна Гора.

Кај мене закани не поминуваат и ќе продолжам да објавувам криминални афери! Одговорност ќе има! Ќе одговораат со новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ!

Continue Reading

Трендинг