Connect with us

Македонија

Мицкоски: Ако Заев продолжи да турка политички попис, ВМРО-ДПМНЕ НЕМА ДА ГО ПРИЗНАЕ

Published

on

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за Нетпрес вели дека власта сосема погрешни нетранспаренто го води процесот за пописот, а тоа затоа што не сакаат тој да биде статистичка операција туку асолутно политичка.

– Еве ќе имате прилика да видите кои ќе бидат регрутирани да бидат попишувачи и голем дел од нив да не речам можеби сите ќе бидат дел од структурите на СДСМ и ДУИ, еве ќе видите. А, зошто? Затоа што тоа е платено по 300, 400 евра од човек,  тоа е добра основа за утре за локални, понатаму тоа е добра основа за мапирање на теренот каде се минува со пакетче, каде се проаѓа со коверт, каде не се минува со ништо, тоа е добра основа да може утре на локалните избори да се пуштат партиски луѓе да притискаат врз луѓете и да тргуваат со нивни гласови, потенцира Мицкоски.

Мицкоски додава дека пописот може да се направи една година подоцна и тој да биде според препораките на ОН, како што тоа го направија многу поразвиени држави од Македонија, како Германија, Ирска а од соседството Бугарија и Србија.

– Тоа е првиот дел од тезата, вториот дел е што велат ќе биде статистичка операција со комбининиран метод теренски и електронски. Добро, доколку тоа е така, зошто тогаш потребата од двоен попис. Зошто мора резултатите на крај да ги потврдат директорот кој е предлог на СДСМ и неговиот заменик предлог на ДУИ кој патем речено ова се можеи неговите први месеци како вработен во Завод за статистика. Не ја гледам логиката, тогаш ако е електронска  да ги внесеме  матичните броеви да ги вкрстиме со базите, кои патем речено не знаеме кои се базите, и компјутер ќе ни го даде резултатот, бројка – толку луѓе се. Зошто мора да има два потписа?! Затоа што на крај има политички договор и чувството, недовербата е таква, не зборувам само кај Македонците, туку кај сите граѓани од сите етникуми постои недоверба, истакна Мицкоски.

Мицкоски нагласува дека власта немма изградено доверба во државата, додека во исто време на сила турка попис. Според него треба да се одложи една година и да се применат читачи на отисоци.

– ВМРО-ДПМНЕ предлага прво, да го одложиме за една година, имаме време 2022 година како што направи Германија е сосема доволна бидејќи немаме избори. Второ,  бараме веднаш ако е статистичка операција да се тргнат двата врзани потписа затоа што еве јас ви гарантирам дека тие потписи значат политичка операција. Трето, за да докажеме кој е резидент бидејќи согласно Еуростат вие попишувате резиденти мора да бидат применети читачите на отисоци на прсти или тн. фингерпринти кои согласно новиот Изборен законик се предвидени да бидат дел од следните локални избори во октомври 2021 значи не е дополнителен троошок тие терминали секако мора да бидат набавени,  атака ќе знаеме кои се присутни кои се отсутни тука веќе лажирање, двоен потпис, нагласи Мицкоски.

Тој за крај додава дека доколку сето ова не биде прифатено, и власта продолжи со злоупотреба на европското знаменце, ВМРО-ДПМНЕ нема намера да ги признае резултатите од пописот.

– Жестоко ќе ги отфрли во периодот кој седи ќе работи на терен истите да ги девалвира, а доколу некој мисли дека ВМРО-ДПМНЕ  ќе повика на непопишување не е така зошто постои казна глоба од 300-400 евра, ние тоа не можеме да го направиме. И да повика ВМРО-ДПМНЕ теоретски дека целата глоба ќе си ја плати секој, тогаш дел од населението ќе се попише, дел нема и ќе има дисбаланс во резултатите. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на терен жестоко да ги девалвира, нема да ги признае резултатите од овој попис затоа што не постои доверба. Ако Заев мисли дека треба да прифати попис кој ќе биде политички, а не статистички, каде ќе има мапирање за локалните избори за да може утре да носат вакви или такви подароци, за да ги плати активистите кои работат на избори, тогаш и покрај препораките на ОН, тогаш тоа е негова одлука. Но тогаш и треба сите да сме свесни дека, па повторам пламените јазици што ги гледавте во „Глобал“ 13 години потоа, ќе ги гледате во Македонија ниеколку години подоцна доколку овој човек потрае. а сите да сме свесни за последиците. Затоа е потребно обединување, национално обединување без разлика кој ќе биде  дел од тој камп, истакна Мицкоски.

Македонија

Генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски назначен за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори

Published

on

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го назначи Генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори

Почитувани,

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница разговараше на актуелни теми, усвои неколку кадровски решенија и донесе неколку заклучоци.

Извршниот комитет го назначи генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори.

Воедно, извршниот комитет разговараше за актуелната политичко-економска ситуација во Република Македонија, каде што потенцираше и заклучи дека државата тоне во секој поглед, институциите се крахирани со изгубена доверба кај граѓаните, а пандемијата ги коси граѓаните заради неспособноста на власта.

Во Република Македонија владее непочитување на правото и заштита на криминалот од страна на власта, додека пак наместо криминалците, во затворите гнијат неправедно затворени граѓани. Извршниот комитет донесе заклучок да го поддржи настанот најавен на 25 април, кој не е во наша организација, а по повод неправедно затворените уставобранители со драконски казни. Овој настан треба да помине во демократски и мирен чин. Воедно и потенцираме дека се оградуваме од секакви инциденти доколку произлезат од уфрлени провокатори на истиот настан.

Извршниот комитет ја анализираше актуелната ситуација за справување со пандемијата, но и економските неуспеси на власта, како и бројните криминални афери, со што уште еднаш заклучи дека како никогаш до сега на Република Македонија и граѓаните потребна и е експертска Влада која ќе ја избави државата од кризата во која ја втурна СДСМ и власта.

Извршниот комитет најостро ги осудува последните случувања, потенцирајќи ка аферата “Мафија”, која произлегува од криминалното работење на власта. Фрапирани сме и затечени за криминалната настроеност, воедно и со каква леснотија власта на СДСМ ја направи Република Македонија прибежиште и картел на мафијаши. Власта на СДСМ од Република Македонија направи мафијашка држава, а на чело на државата владее картелот Заеви кој е вмешан во секој криминал кој се случува. Во најбрз можен рок бараме одговорност од власта за аферата “Мафија”, но и за целиот овој криминал за кој сме сведоци периодов, додека пак оставките се неизбежни, а кривичната одговорност треба да биде испорачана.

Continue Reading

Македонија

Млада Албанка интелектyaлка yдpи по Д У И: Влaдaта не изневepи, нашите албански функционepи два пати

Published

on

Итражувачот од Институтот за Демократија Влора Речица ја коментира неспособноста на власта и посебно албанските функционери во Владата да се справат со здравствената криза и го открива своето лошо чувство што дел од Албанците во Македонија немаат никакви политички претставници во власта

“Владата не успеа воопшто, но нашите албански претставници во владата и парламентот двапати не успеаја. Наместо да се занимаваат со здравствена и економска криза, тие се занимаваат со политички поенти 🤮

Лошо чувство кога сте без никакво застапување во државните органи”, пишува Речица отворајќи го во албанската јавност прашањето за одговорност на ДУИ за состојбите во Македонија и за дискриминација на тие Албанци кои не се гласачи на ДУИ.

Continue Reading

Македонија

Николоски: “Со закани не поминуваат, ќе продолжам да објавувам криминални афери”

Published

on


Во одговор на новинарско прашање денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при посетата на Јегуновце, во врска со прашањето за аферата од 200 милиони евра кој тој ја обелодени во јавноста за „Шик Јелак“ и бизнисменот Миодраг Давидовиќ – Дака, рече дека криминалот царува во Македонија, како и дека добил закани за да не го обелоденува скандалот, за кој сега се гледа дека бил направен криминал вреден 200 милиони евра од функционери на СДСМ и ДУИ.



-Ако гледам од лична перспектива голема е сатисфакцијата затоа што точно е дека прв кој во јавноста излезе за тоа што ќе се случува во Тетово и кој криминал се спрема, но тоа беше негирано тогаш, а сега гледаме дека истото се потврдува, вели Николовски.

Тој посочи во одговорот дека ако ја гледаме суштината факт е дека криминалот царува во Македонија, како и дека идеалите и идеите застануваат таму каде што започнуваат парите, а чесно ги слушаме ДУИ како велат што мислат за србите, што мислат за случувањата во Косово, но кога доаѓа екстремен бизнисмен во Македонија со торба пари за Теута Арифи и Советот на Тетово завршува се и тогаш започнуваат да се корумпираат, но истото важи и за СДСМ и за Зоран Заев.

-Од една страна на Зоран Заев устата му е полна со геостратешките интереси на Македонија коишто ние како ВМРО-ДПМНЕ силно ги поддржуваме, но од друга страна на еден од најголемите екстремисти на Балканот којшто користи црни пари за финансирање на екстремизам му овозможуваат бизнис од 200 милиони евра, истакна Николоски.

Николоски посочи дека кога тој го обелоденил скандалот станувало збор за црни пари од фирми во Панама, па сфатиле по тоа дека се извадени на чисто и нема поента да се кријат и затоа отидоа преку фирмата на Дака во Црна Гора.

Кај мене закани не поминуваат и ќе продолжам да објавувам криминални афери! Одговорност ќе има! Ќе одговораат со новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ!

Continue Reading

Трендинг