Connect with us

Балкан

Целиот Балкан е удавен во дожд и снег: Зимата влегува на голема врата

Published

on

Обилните врнежи од снег и дожд во изминатите неколку дена поплавија домови и земјоделско земјиште на Балканот, го нарушија патниот и поморскиот транспорт и снабдувањето со електрична енергија, објави Асошиејтед прес.

Денес во Србија е прогласена е вонредна состојба во јужната општина Дољевац, каде спасувачките екипи им помагаат на десетици луѓе да се евакуираат. Државната телевизија РТС објави дека многу земјоделски земјишта и земјоделски згради се поплавени, а многу села во јужниот град Лесковац се без вода за пиење со денови поради снег и дожд. Во централните и источните региони на земјата илјадници луѓе останаа без електрична енергија откако снегот предизвика штета на електричната мрежа. Властите ги предупредија возачите да бидат претпазливи поради снежните врнежи и да не одат по патот без апсолутна потреба, пренесува

Нарушувања на сообраќајот и ограничување на брзината беа најавени во Хрватска, каде автобус се преврте утрово на главниот автопат Исток-Запад, при што беа повредени осум лица.

Поплави има и во Албанија и Косово, каде поројните дождови се менуваат со снежни врнежи со денови.

Огромни области се поплавени во западна Албанија, оштетени се мостови и патишта, оставајќи цели села изолирани од светот. Лошите временски услови предизвикаа и прекин на електричната енергија, оставајќи многу училишта денес затворени. Властите се обидуваат да го контролираат нивото на водата во главната централа на реката Дрим. Армијата, полицијата и локалните екипи се обидуваат да им помогнат на жителите на изолираните села во областите Скадар, Леја и Драч, кои беа погодени од катастрофални поплави и во 2010 година.

На Косово, локалните власти се консултираат со командата на КФОР на НАТО за тоа како да им помогнат на погодените области од поплавите на западот на земјата, каде што жителите се принудени да ги напуштат своите домови. Куќа во селото Фуше беше поплавена и оштетена, но нејзиниот 60-годишен сопственик Муи Забели се пожали дека не добил помош. “Никој не се грижи. Тука може се да изгубите, но никој не се грижи”, рече Забели.

Лизгави патишта и силен ветер ги принудија властите да забранат камиони со приколки и двокатни автобуси на некои патишта, а многу траекти на Јадранот беа суспендирани.

Поројните дождови во јужна Црна Гора го оштетија зидот на тврдината во градот Улцињ, близу границата со Албанија.

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Балкан

Во Хрватска почина 12-годишно девојче од Ковид-19

Published

on

Девојче на возраст од 12 години почина од Ковид-19 во Хрватска.

На денешната прес-конференција на Кризниот штаб, речено е дека штотуку ја примиле веста за девојчето кое починало од Ковид-19, дека тоа имало тежок кардиолошки проблем.

Во Хрватска во последните 24 часа забележани се 1.445 нови случаи со корона вирус, а бројот на активни случаи изнесува 5.490.

Од нив 889 пациенти се лекуваат во болница, додека 84 се на респиратор.

Починаа уште 12 пациенти со Ковид-19 или вкупно досега 5.709.

Досега се забележани 253.310 заразени, а оздравеа 242.111 лица.

До денеска тестирани се 1.447.365 примероци, од кои 8.676 во последните 24 часа.

На прес-конференцијата на Штабот рекоа дека пред една недела имало 962 новозаболени, а недела пред тоа 747.

„Во првите три дена од оваа недела имаме 2.265 новозаболени, а минатата недела имаше 46 отсто помалку. Инциденцата е 222.7“, додадоа од Штабот.

Continue Reading

Балкан

Од среда до понеделник во Србија работат само продавниците за храна, аптеките и пумпите

Published

on

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека од среда до понеделник во земјата ќе биде затворено сè освен продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи.

По седницата на Републичкиот кризен штаб за сузбивање на епидемијата на коронавирусот, Брнабиќ рече дека нема да има полициски час.

Како што изјави таа, овие мерки се компромисно решение бидејќи медицинскиот дел од Кризниот штаб побарал блокада во траење од 14 дена.

Во Србија, според вчерашните податоци, за 24 часа за коронавирус биле тестирани 15.265 примероци, од кои 4.634 биле позитивни.

Уште 28 пациенти починаа, вкупно 4.747 од почетокот на епидемијата.

Хоспитализирани се 4.516 пациенти, од кои 219 се на апарати за дишење.

Според последните податоци, досега во Србија се извршени вкупно 2.029.388 вакцинации.

Втората доза на вакцината ја примиле 790.852 граѓани.

Continue Reading

Балкан

Четири земји од регионот со поголема смртност од Ковид 19 од Македонија

Published

on

Се подобрува сликата во однос на смртноста предизвикана од Ковид 19 во Македонија. Според официјланите податоци објавени на Worldometer, сервис кој ја следи статистиката поврзана со Ковид во целиот свет, Македонија е на петто место во регионот по смртност. Само пред неколку месеци беше прва во регионот по овој параметар што укажува на тоа дека состојбата се подобрува.

Имено, во Македонија има починато 1593 лица на 1 милион жители, а пред нас се, Бугарија со 1625 починати на милион жители, Босна и Херцеговина со 1667, Црна гора со 1797 и на прво место по смртност е Словенија со 1892 починати на еден милион жители. Подобрување се бележи и во однос на бројот на заразени, Македонија подолго време имаше стабилна епидемиолошка слика и тоа придонесе да се подобри статистиката и во однос на овој параметар. Земјата се наоѓа на 24 место во Европа по однос на вкупен број заразени на 1 милион жители и има малку над 54.000 заразени на еден милион.

Во споредба со регионот, Македонија има помалку заразен од Србија, Хрватска, Словенија и Црна Гора која најлошо стои од сите земји од регионот со преку 133.000 заразени на еден милион.

Continue Reading

Трендинг