Connect with us

Живот

Кинеска студија: Пациентите ги чувствуваат симптомите на ковид-19 и по шест месеци од лекувањето

Published

on

Заморот и проблемите со спиењето се најчестите симптоми по болеста ковид-19 и се јавуваат кај 23 проценти од пациентите, шест месеци по дијагностицирањето

Една нова кинеска студија тврди дека многу од лицата, кои биле на болничко лекување од ковид, симптомите ги чувствувале и во наредните шест месеци по третманот.

Откриено е дека заморот и проблемите со спиењето се најчестите симптоми по болеста ковид-19 и се јавуваат кај 23 проценти од пациентите шест месеци по дијагностицирањето.

Истражувањето е спроведено на повеќе од 1 700 лица кои биле лекувани во кинескиот град Вухан, кој беше епицентар на пандемијата. Резултатите покажале дека 76 проценти од нив имале од барем еден симптом неколку месеци откако биле пуштени од болницата, објави Си-ен-ен.

Ова е најголемата студија досега, која е објавена во медицинското списание „Лансет“.

Исто така, се посочува дека дури и луѓето што успешно заздравуваат од инфекцијата може да чувствуваат долгорочни последици по здравјето.

Се верува дека болеста може да има и долгорочни психолошки компликации, како што се анксиозност и депресија, кои биле забележани кај 23 отсто од пациентите.

Кај лица што имале потешка клиничка слика, по инфекцијата е забележано континуирано оштетување на белите дробови.

„Бидејќи ковид-19 е нова болест, ние само што започнавме да откриваме некои од нејзините долгорочни последици по здравјето на пациентите“,

вели Бин Као од кинескиот универзитет „Капитал“, кој го предводел истражувачкиот тим.

Тој додава дека анализата покажува дека некои луѓе продолжуваат да живеат со некои последици од вирусот, дури и по напуштањето на болницата, па ја потенцираше потребата од дополнителна нега по отпуштањето, особено за оние што имаат тешки инфекции.

„Нашата работа дополнително ќе биде насочена кон проучување на поголема популација, така што во следната студија ќе имаме поцелосна слика за сите последици што може да ги има ковид-19 врз луѓето“,

нагласува Бин Као.

Многу истражувачи ширум светот досега ги проучувале ефектите што ги има инфекцијата со коронавирус врз пациентите. Меѓу нив и лекари од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), кои честопати се повикувале на студии за симптомите што останале по третманот.

Тие, исто така, како најчести ги наведуваат заморот, отежнатото дишење, кашлицата и болките во зглобовите и градите. Другите последици, како што се тешкотии при концентрација и т.н. „мозочна магла“, потоа депресијата и главоболките, исто така се сметаат како долгорочни последици од оваа болест.

Студија објавена во британското медицинско списание во август минатата година покажа дека околу 10 проценти од пациентите имале „продолжено заболување“ по третманот со ковид-19, кој траел повеќе од 12 недели.

Но, сепак, оваа кинеска студија е најголема досега, со најдолго следење, која го истражуваше долгорочното влијание врз отпуштените пациенти.

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Живот

Новак Ѓоковиќ секое утро го започнува со оваа напивка: Неверојатно моќна комбинација што го зајакнува целиот организам!

Published

on

И Египќаните го користеле целерот како лек, а истражувањата покажале дека овој зеленчук навистина е одличен производ и извор на голема количина на витамини и минерали. Содржи витамини К, Е, Ц и Б. Богат е со калциум и со фолна киселина, а има и силно диуретичко дејство.

Може да се јаде свеж, но доколку не сте љубители на вкусот на овој зеленчук, можете да направите и сок. Еднакво добро ќе влијае врз организмот.

Дури и Новак Ѓоковиќ секое утро го започнува со оваа напивка. Во една пригода, на своите следбеници на Инстаграм им открил дека верува дека токму овој сок е заслужен за неговото добро здравје.

„Добро утро на сите. Значи, вака јас го започнувам секој мој ден. Најпрво, земам малку топла минерална вода со лимон и лимета. Потоа, отворам фрижидер, каде што чувам зелени стебленца целер. Ги ставам во соковник за ладно цедење за да добијам сок од целер.

Овој сок е полн со минерали, соли и сè уште неоткриени елементи кои го прочистуваат црниот дроб. Прави чуда, како за мене и мојата сопруга, така и за нашите деца. Но тие не го пијат чист, туку со додаток сок од краставица или јаболко“, открил Новак.

А еве што вели науката и спроведените истражувања. Зошто целерот е толку добар и зошто треба редовно да се најде на вашето мени:

Може да го снижи крвниот притисок

Целерот содржи фталид, соединение кое го намалува производството на хормонот за стрес, ги опушта мускулите околу артериите и ја подобрува циркулацијата. Калиумот што го има во целерот ги стабилизира отчукувањата на срцето и го снижува крвниот притисок.

Може да го регулира нивото на холестерол

Бутилфталидот е единствено соединение кое помага во одржувањето нормално ниво на холестерол, а сето тоа придонесува за добра функција на срцето.

Continue Reading

Живот

Починала глумицата Даринка Чалениќ, легендарната Дара од „Жикина династија“

Published

on

Актерката Даринка Дара Чалениќ починала на 87-годишна возраст, по долго и тешко боледување.
Погребот ќе се одржи со најблиското семејство, во Нови Сад.
Дара Чалениќ е родена на 18. јули 1934. година во Нови Сад, каде што завршила основно училиште, средно училиште и Гимназија за глума на Српскиот народен театар. Првиот ангажман го добила во 1949. година во Националниот театар во Краjљево, потоа се преселила во театрите во Ужице и Сомбор, а во 1954 година станала член на Српскиот народен театар во Нови Сад.


Таа се преселила во Современиот театар во Белград во 1960. година, а во 1964. година во Југословенскиот драмски театар. Во 1974. година, таа станува хонорарен уметник. Во 1988. година, таа се повлекла.
Дара Чалениќ на сцената играла повеќе од 40. главни улоги, и глумела во многу драмски претстави, разни серии, забавни и детски програми на телевизија. Таа играше голем број улоги во филмот, а на пошироката јавност и е позната по улогата на Дара во „Жикина династијата“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Continue Reading

Живот

МНТ подготвува два нови проекти

Published

on

На сцената на МНТ во тек се подготовките на два проекти поддржани од Годишната програма на Министерството за култура на РСМ за 2021 година.

Претставата „Само глас” од Нина Плавањац е во режија на Марјан Неќак, кој воедно е автор на музиката, сценограф и дизајнер на светло. Во неа играат првенците на МНТ, Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, а премиерната изведба се очекува кон крајот на мај 2021 година.

„Само глас” е приказна за силна и талентирана  жена, која преку ниска постапка го доживува најпонижувачкиот момент во својот живот, борејќи се за сопствениот идентитет. Позната е само Таа, бидејќи во нејзината личност се измешани повеќе архетипови: на ќерка, на дете, на жена, на љубовница, на ѕвезда, на протагонистка и на антагонистка.

Вториот проект е „Митре Стрелата во земјата на чудата “/ „Тибам Штркот” од Зоран Спасов-Ѕоф, работен според еден од најчитаните текстови во 2008 година. Овој текст ќе ја доживее својата праизведба во режија на Јордан Симонов, а главниот лик го игра Александар Микиќ. Насловот на претставата е инспириран од животната сторија на јунакот Митре Стрелата во Канада. Како што вели авторот, ова дело е обид да се види Канада со македонски очи, но и да се доживее со космополитска душа, да се доловат измешаните чувства на љубов, среќа, тага, радост, носталгија… Ракописот е пишуван на скопски сленг, во лајт варијанта – дијалект што сè помалку се зборува, полека изумира и го снемува од скопските улици.

Continue Reading

Трендинг