Connect with us

Македонија

Каде се крие клучот за „Монструм“: Заев ja вети вистината, Фетаи вели „бомбите“ не откриле нова вистина

Published

on

3 февруари, 2020 година. Нетрпение, неизвесност, исчекување… Во малата судница на третиот кат во новата зграда на Основниот кривичен суд се сите странки во постапката за случајот „Монструм”. Родителите на четирите момчиња Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски (убиен беше и рибарот Борче Стефковски) што свирепо беа убиени 12 април 2012 година, облечени во црнина, седнати се неколку реда зад обвинетите. Со нетрпение чекаат на пултот за сведоци да се појави премиерот Зоран Заев, па на судијата Огнен Ставрев, кој ја води постапката, му се обраќаат со зборовите: „Судија, кога ќе дојде Заев во судница, за ние да може да се расправиме со него?”

На ова добија одговор дека Заев секој момент треба да пристигне во судот каде што ќе се појави како сведок во случајот „Монструм“.

Сведочењето на премиерот Заев тој ден беше закажано за во 11 часот. Судијата Ставрев образложи дека премиерот веќе е на пат кон судот и треба да пристигне во секој момент.

Вратата на судницата беше отворена. Некои од присутните ги гушеше преполниот тесен простор, а некои случувањата и очекувањата за овој грозоморен настан.

Набрзо по нетрпеливите прашања на оштетените, а по смирувачките одговори на судијата, на врата се појави човекот што сите го сметаа за клучот на овој судски процес, Зоран Заев.

Околу 11 часот тој влезе во судница и се упати кон пултот за сведочење. Им ја подаде личната карта на судиите, како што впрочем е ред за сите сведоци во судот, и мирно ги чекаше прашањата од обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, од обвинетите, нивните адвокати, од судиите, а најважно од сѐ, од родителите на убиените момчиња, кои долг период секое рочиште го минуваа со прашања кога премиерот Заев ќе биде сведок за петкратното убиство.

На 2 февруари 2020 наместо ова прашање, тие добија можност да се соочат со него очи во очи и да го прашаат за сето она што со години им тежи. Осум години од убиството и по неколку средби побарани од нив со него, родителите конечно се сретнаа со Заев.

И не само тие, се чини дека целата јавност го чекаше неговото сведочење. Причина за ова беа новите 25 „бомби“ што Заев ги најави како докази што ќе ја откријат вистината за овој случај.

Родителите се смируваат меѓу себе, за да бидат стабилни и да можат да размислуваат убаво како да ги формулираат прашањата на кои одговорите ги чекаат со години. Но каква смиреност може од нив да се бара кога веќе со години се соочуваат со стресовите што им ги донесе убиството на нивните деца, но и талкањето по судниците повеќе од 8 години.

Прашања поставуваа прво татковците, а потоа и мајките. Сведочењето на Заев траеше повеќе од два и пол часа.

Го прашаа кој и што крие за „Монструм“, што значи тоа дека имало разговори што биле „државна тајна“, дали поседува „бомби“ во кои има разговори во кои обвинети разговараат со членови на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, има ли вмешаност на тајните служби во петкратното убиство… 

Горан Наќевски, таткото на едно од убиените момчиња, го праша поранешниот премиер зошто, иако им ветил, никогаш не ги објавил „бомбите“ за „Монструм“.

На ова Заев одговори дека тоа го сторил од две причини, односно поради стравот дека може да предизвика штета и конфузија во јавноста за случај за кој имало огромен интерес, како и дека има одговорност доколку објави докази што се обезбедени со ПИ-мерки.

Поранешниот премиер појасни дека не можел да знае кои од можеби еден милион бомби, колку што рече дека добил од лица од МВР, а ги предал во СЈО во декември 2015, биле обезбедени на незаконит начин, а кои биле обезбедени по претходно издадени наредби за следење на лицата.

Наќески го праша Заев дали досега дал исказ пред обвинител или судија во врска со овој предмет, на што доби одговор дека денешното сведочење е прв пат тој официјално да зборува за случајот „Монструм“.

Родителот на едно од убиените момчиња побара од Заев да му одговори кој му ги преведувал транскриптите, односно текстуално напишаните докази за овој предмет, а поранешниот премиер појасни дека така ги добил од МВР и дополни дека прегледувајќи ги материјалите забележал дека тие немаат целина, односно дека во „бомбите“ недостигаат можеби и месеци во кои не се снимале разговори.

„Ни пративте порака што до денес ја чуваме, дека ќе ни ги дадете сите докази што судот ги крие. Господине Заев, кој и што крие за ‘Монструм’? Има класери во предметот на кои пишува ‘државна тајна’. Чии броеви и кои лица се тајна во оваа постапка?“, беше едно од прашањата упатени од Наќевски до Заев.

На ова Заев одговори:

„Самите разговори што ги поседував јас и ги чував кај мене во канцеларијата во СДСМ вие ги посочивте како разговори што се кријат, а јас ги отворив за да ви покажам зошто е тоа така. Се криеја бидејќи соговорникот не е осомничено лице и не може туку-така да се открие неговиот идентитет. Вие можете да направите увид во сè што сметате дека треба да ви биде дадено како одговор, а за тоа можете да се обратите до судот. На тој начин ќе можете да дознаете кое е тоа лице и каква е содржината на разговорот. За оној дел ‘државна тајна’ веројатно се работи за истото, односно дека обвинет зборува со соговорник, па мобилниот број и неговите лични податоци не се за откривање“, одговори Заев.

Во врска со тоа дали поранешниот премиер има докази и дали постои разговор меѓу осомничен и пратеник од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ или на ДУИ, Заев појасни дека според она што тој го има како сознанија, постои разговор меѓу обвинетиот Фејзи Азири и поранешниот градоначалник на Гостивар Невзат Бејта.

Наќевски му предочи на Заев дека Мухамед Зекири од СДСМ комуницирал со Фејзи Азири, а ова самиот обвинет го посочил во одговорот на прашањата од обвинителството.

Заев сведочеше дека за таков разговор ниту знае, ниту видел, ниту поседува и појасни дека Зекири е политичар од 2016, но дека никогаш не му кажал дека е пријател со обвинетиот Азири.

Во врска со споменувањето на „тајните служби“, Заев рече дека нема информации за такво нешто во овој предмет и дека тоа го споменувал за случајот „Диво Насеље“, каде што мислел на разговор на агент во тајните служби со актери од УБК. 

„За ‘Монструм’ има службено лице од МВР што разговара со Васил Пишев да му пренесе некои информации на Сашо Мијалков за да се открие вистината. Тоа лице е вработено во МВР во истрагата и тие информации требало да ги предаде во МВР“, сведочеше Заев. 

Во прашањата на Наќевски споменат беше и Бујар Османи, за кого родителот посочи дека бара од поранешниот премиер да му биде одговорено дали тој поседува транскрипт и има ли сознанија дека Османи бил кај обвинетиот Хаки Азири. 

Заев појасни дека не е точно дека тој дал таков транскрипт, ниту пак се сеќава дека видел таков транскрипт што покажува дека Османи бил дома кај Азири.

Емотивни беа прашањата и од мајките на убиените момчиња, кои го потсетија премиерот дека им зборувал за вистината за смртта на нивните деца на средбата со него. Но Заев појасни дека зборувал како човек, како родител и со емоции, а сепак оставил на судот да одлучи според она што тој го предал како доказ во тогашното СЈО.

„Го донесовме син ми дома мртов, но очите му беа отворени и од нив два дена додека да го погребеме течеа солзи. Плашете се од тие солзи“, им порача од судница Зорица Наќевска, мајката на убиениот Александар Наќевски во април, 2018 година на сите што се вмешани во случајот со смртта на нејзиниот син.

Таа од судот и од обвинителите во судница побара да се утврди каква е улогата на обвинетите на кои во моментот им се суди за петкратното убиство, дали тие се навистина поврзани со настанот како директни извршители и како помагачи. Повикувајќи се на изјавите на премиерот Зоран Заев дека ќе им бидат дадени прислушуваните разговори, како и на содржината на тие разговори, мајката на убиениот Александар побара да се утврди и улогата на петте функционери на ДУИ и на доказите за кои им било кажано дека се со назнака државна тајна.

„Да се откријат двете НН лица посочени од заштитениот сведок што не се опфатени со истрагата. Фејзи и НН лице разговараат ‘вечерва сонував лош сон, сонував како му ги врзуваат рацете на момчето и плачев па си велев да не не се израдувам, да не не го завршам тој никаквец’. Гласот на НН лицето му е познат и бараме да се утврди кој е тој“, рече мајката на убиениот Александар, цитирајќи транскрипт од прислушуван разговор.

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Македонија

Генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски назначен за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори

Published

on

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го назначи Генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори

Почитувани,

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница разговараше на актуелни теми, усвои неколку кадровски решенија и донесе неколку заклучоци.

Извршниот комитет го назначи генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори.

Воедно, извршниот комитет разговараше за актуелната политичко-економска ситуација во Република Македонија, каде што потенцираше и заклучи дека државата тоне во секој поглед, институциите се крахирани со изгубена доверба кај граѓаните, а пандемијата ги коси граѓаните заради неспособноста на власта.

Во Република Македонија владее непочитување на правото и заштита на криминалот од страна на власта, додека пак наместо криминалците, во затворите гнијат неправедно затворени граѓани. Извршниот комитет донесе заклучок да го поддржи настанот најавен на 25 април, кој не е во наша организација, а по повод неправедно затворените уставобранители со драконски казни. Овој настан треба да помине во демократски и мирен чин. Воедно и потенцираме дека се оградуваме од секакви инциденти доколку произлезат од уфрлени провокатори на истиот настан.

Извршниот комитет ја анализираше актуелната ситуација за справување со пандемијата, но и економските неуспеси на власта, како и бројните криминални афери, со што уште еднаш заклучи дека како никогаш до сега на Република Македонија и граѓаните потребна и е експертска Влада која ќе ја избави државата од кризата во која ја втурна СДСМ и власта.

Извршниот комитет најостро ги осудува последните случувања, потенцирајќи ка аферата “Мафија”, која произлегува од криминалното работење на власта. Фрапирани сме и затечени за криминалната настроеност, воедно и со каква леснотија власта на СДСМ ја направи Република Македонија прибежиште и картел на мафијаши. Власта на СДСМ од Република Македонија направи мафијашка држава, а на чело на државата владее картелот Заеви кој е вмешан во секој криминал кој се случува. Во најбрз можен рок бараме одговорност од власта за аферата “Мафија”, но и за целиот овој криминал за кој сме сведоци периодов, додека пак оставките се неизбежни, а кривичната одговорност треба да биде испорачана.

Continue Reading

Македонија

Млада Албанка интелектyaлка yдpи по Д У И: Влaдaта не изневepи, нашите албански функционepи два пати

Published

on

Итражувачот од Институтот за Демократија Влора Речица ја коментира неспособноста на власта и посебно албанските функционери во Владата да се справат со здравствената криза и го открива своето лошо чувство што дел од Албанците во Македонија немаат никакви политички претставници во власта

“Владата не успеа воопшто, но нашите албански претставници во владата и парламентот двапати не успеаја. Наместо да се занимаваат со здравствена и економска криза, тие се занимаваат со политички поенти 🤮

Лошо чувство кога сте без никакво застапување во државните органи”, пишува Речица отворајќи го во албанската јавност прашањето за одговорност на ДУИ за состојбите во Македонија и за дискриминација на тие Албанци кои не се гласачи на ДУИ.

Continue Reading

Македонија

Николоски: “Со закани не поминуваат, ќе продолжам да објавувам криминални афери”

Published

on


Во одговор на новинарско прашање денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при посетата на Јегуновце, во врска со прашањето за аферата од 200 милиони евра кој тој ја обелодени во јавноста за „Шик Јелак“ и бизнисменот Миодраг Давидовиќ – Дака, рече дека криминалот царува во Македонија, како и дека добил закани за да не го обелоденува скандалот, за кој сега се гледа дека бил направен криминал вреден 200 милиони евра од функционери на СДСМ и ДУИ.



-Ако гледам од лична перспектива голема е сатисфакцијата затоа што точно е дека прв кој во јавноста излезе за тоа што ќе се случува во Тетово и кој криминал се спрема, но тоа беше негирано тогаш, а сега гледаме дека истото се потврдува, вели Николовски.

Тој посочи во одговорот дека ако ја гледаме суштината факт е дека криминалот царува во Македонија, како и дека идеалите и идеите застануваат таму каде што започнуваат парите, а чесно ги слушаме ДУИ како велат што мислат за србите, што мислат за случувањата во Косово, но кога доаѓа екстремен бизнисмен во Македонија со торба пари за Теута Арифи и Советот на Тетово завршува се и тогаш започнуваат да се корумпираат, но истото важи и за СДСМ и за Зоран Заев.

-Од една страна на Зоран Заев устата му е полна со геостратешките интереси на Македонија коишто ние како ВМРО-ДПМНЕ силно ги поддржуваме, но од друга страна на еден од најголемите екстремисти на Балканот којшто користи црни пари за финансирање на екстремизам му овозможуваат бизнис од 200 милиони евра, истакна Николоски.

Николоски посочи дека кога тој го обелоденил скандалот станувало збор за црни пари од фирми во Панама, па сфатиле по тоа дека се извадени на чисто и нема поента да се кријат и затоа отидоа преку фирмата на Дака во Црна Гора.

Кај мене закани не поминуваат и ќе продолжам да објавувам криминални афери! Одговорност ќе има! Ќе одговораат со новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ!

Continue Reading

Трендинг