Connect with us

Uncategorized

Мутација откриена летово кај охриѓанец сега доминира меѓу заболените од ковид-19

Published

on

Од почетокот на пандемијата досега се анализирани близу 180 вирусни геноми при што е утврдено присуство на околу 20 соеви на вирусот во земјава.

Министерството за здравство информира дека заклучно со 11 јануари 2021 година не е утврдено присуство на SARS-CoV-2 вирусот од Велика Британија во нашата земја. Овие наоди се базирани на податоците од лабораторијата на ИЦГИБ-МАНУ добиени при анализа на геномите на близу 180 SARS-CoV-2 вируси кај пациенти од Македонија дијагностицирани во периодот јуни 2020 – 11 јануари 2021 година.Во лабораторијата во Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ) се врши секвенционирање на целиот геном на вируси детектирани кај пациенти со ковид-19 од нашата земја со цел да се утврдат соевите на вирусот кои циркулираат во нашата популација, начинот на нивното ширење и можната корелација со различната клиничка презентација на болеста. Последните податоци се однесуваат на анализа на 50-тина геноми во периодот декември 2020 – 11 јануари 2021 година.

Од почетокот на пандемијата досега се анализирани близу 180 вирусни геноми при што е утврдено присуство на околу 20 соеви на вирусот.Соевите се изолирани од пацинети од различни градови од земјата. Од присутните соеви на вирусот, два (B.1.1 и B.1.1.70) се доминантни во нашата популација, присутни кај >75% од пациентите. И двата соја се присутни од почетокот на пандемијата, од кои B.1.1 сојот (присутен во цела Европа, а со највисока застапеност во Грција, Италија, Австрија, Шведска, Турција, Русија, итн.) има стабилна фреквенција, додека фреквенцијата на B.1.1.70 сојот (присутен со повисока фреквенција во Србија, Хрватска, Косово) се зголемува во последните месеци и во моментот е доминантен кај анализираните пациенти.Ова зголемување кај B.1.1.70 сојот корелира со присуство на дополнителна мутација (Q677H) во -S-генот (spike протеинот) на вирусот која е за првпат детектирана во јуни 2020 кај пациент со ковид-19 од Охрид и овој варијантен сој е доминантен од месец ноември наваму во нашата земја. Истиот во меѓувреме е детектиран со ниска фреквенција и во неколку други земји, меѓу кои Швајцарија и Данска. И покрај тоа што не се направени функционални испитувања на оваа варијанта, согласно епидемилошките податоци за стивнување на епидемијата во нашата земја во последниот период, се претпоставува дека варајантниот сој не е поврзан со зголемена трансмисивност ниту пак со тежината на клиничката слика на заболените.

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Uncategorized

Денеска повторно магливо, утринска температура под нулата, максимална дневна до 18 степени

Published

on

Во утринските часови по котлините долж Повардарието ќе биде магливо, а околу пладне и рано попладне маглата ќе се намали. Во останатиот поголем дел од земјава сончево со мала до умерена облачност.

Утринската температура ќе се движи од минус 4 до 3, а дневната од 9 до 18 степени.

Во Скопје, магливо, околу пладне и рано попладне маглата ќе намали. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 13 степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно и суво време со слаб ветер што ќе услови појава на магла и ниска облачност по одделни котлини, особено во ноќните и претпладневните часови.

Continue Reading

Uncategorized

ВО ИТАЛИЈА ЗА ЕДЕН ДЕН РЕГИСТРИРАНИ 580 СМРТНИ СЛУЧАИ

Published

on

Во Италија во изминатите 24  часа регистрирани се над 35.000 новозаразени со Ковид-19 и 580 смртни случаи.

Во Ломбардија во изминатото деноноќие пријавени се 11.000 инфицирани луѓе со новиот коронавирус.

Италијанските медиуми објавија дека забрзано се пополнуваат одделенијата за интензивна нега, каде во моментот се згрижени речиси 3.000 пациенти.

Директорот на италијанскиот Висок институт за здравство (ВИЗ), Силвио Брусаферо изјави дека заострените мерки, што се во сила од минатата недела ги даваат првите резултати. Тој истакна  дека клучно за да се запре ширењето на заразата е индивидуалното однесување односно придржувањето  до основните мерки на заштита – физичка дистанца, избегнување на собири и лична хигиена.

Continue Reading

Uncategorized

Трамп со некролози ќе докажува дека гласале мртви луѓе

Published

on

Џо Бајден е новиот претседател на САД, но Доналд Трамп сè уште не се откажува од борбата за задржување на претседателската функција. Тој не дава никаков знак дека планира да го принае поразот од Бајден. Доналд нема закажани состаноци, а во јавноста не се појавил од четвртокот минатата недела.

Но, како што пишуваат американските медиуми, Трамп сега планира да одржи неколку митинзи преку кои ќе се обиде да добие поддршка за продолжување на својата борба, изјавил портпаролот на неговата кампања, Тим Муртау.

– Трамп ќе се обиде да ги поткрепи своите тврдења за изборни измами со објавување некролози за мртви луѓе кои гласале на изборите – истакнал Муртау.

Доналд планира да побара повторно броење гласови во неколку сојузни држави, но експертите сметаат дека овие напори веројатно нема да вродат со плод.

Continue Reading

Трендинг