Connect with us

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски ќе понесе одговорност за пописот

Published

on

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира на одлуката на шефот на државата, Стево Пендаровски, да го потпише указот за прогласување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Македонија, 2021 година.

Од Кабинетот на претседателот Пендаровски информираа дека Законот за спроведување на пописот во април годинава наскоро ќе биде објавен во „Службен весник“ и ќе стапи во сила откако претседателот денеска стави потпис на регулативата што Собранието ја донесе минатата седмица.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Пендаровски знае оти овој попис ќе биде политичка, а не статистичка операција.

„Тој пред само еден месец бараше целосен консензус околу законот за попис и сега самиот тој се посипа со пепел. Знае Стево дека оваа криминална власт целосно ја игнорираше опозицијата при процесот на изготвување и носење на Законот за попис. Власта не прифати ниту еден амандман на опозиција, на брутален начин го злоупотреби европското знаменце, не сакаше да се воведат терминали за отисок на прст, а исто така, знае Стево дека нема време да се спроведе овој попис“,

реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ како партија е за попис на населението и домаќинствата, но не на ваква политичка операција, како што велат, која нема да ги даде реалните резултати од овој процес. Тие порачаа дека одговорност за ова ќе понесат и премиерот Зоран Заев, но и претседателот Стево Пендаровски.

„Дали Стево Пендаровски како претседател на Македонија му е грижа за здравјето на граѓаните? Во време на кризна состојба заради епидемијата со ковид-19, Стево потпиша указ на Закон за попис. Па, нели беше загрижен Стево пред само неколку недели за здравјето на граѓаните. Гледа ли Стево Пендаровски дека десетици држави во Европа ја откажаа ова статистичка операција“,

додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија

Генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски назначен за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори

Published

on

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го назначи Генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори

Почитувани,

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница разговараше на актуелни теми, усвои неколку кадровски решенија и донесе неколку заклучоци.

Извршниот комитет го назначи генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори.

Воедно, извршниот комитет разговараше за актуелната политичко-економска ситуација во Република Македонија, каде што потенцираше и заклучи дека државата тоне во секој поглед, институциите се крахирани со изгубена доверба кај граѓаните, а пандемијата ги коси граѓаните заради неспособноста на власта.

Во Република Македонија владее непочитување на правото и заштита на криминалот од страна на власта, додека пак наместо криминалците, во затворите гнијат неправедно затворени граѓани. Извршниот комитет донесе заклучок да го поддржи настанот најавен на 25 април, кој не е во наша организација, а по повод неправедно затворените уставобранители со драконски казни. Овој настан треба да помине во демократски и мирен чин. Воедно и потенцираме дека се оградуваме од секакви инциденти доколку произлезат од уфрлени провокатори на истиот настан.

Извршниот комитет ја анализираше актуелната ситуација за справување со пандемијата, но и економските неуспеси на власта, како и бројните криминални афери, со што уште еднаш заклучи дека како никогаш до сега на Република Македонија и граѓаните потребна и е експертска Влада која ќе ја избави државата од кризата во која ја втурна СДСМ и власта.

Извршниот комитет најостро ги осудува последните случувања, потенцирајќи ка аферата “Мафија”, која произлегува од криминалното работење на власта. Фрапирани сме и затечени за криминалната настроеност, воедно и со каква леснотија власта на СДСМ ја направи Република Македонија прибежиште и картел на мафијаши. Власта на СДСМ од Република Македонија направи мафијашка држава, а на чело на државата владее картелот Заеви кој е вмешан во секој криминал кој се случува. Во најбрз можен рок бараме одговорност од власта за аферата “Мафија”, но и за целиот овој криминал за кој сме сведоци периодов, додека пак оставките се неизбежни, а кривичната одговорност треба да биде испорачана.

Continue Reading

Македонија

Млада Албанка интелектyaлка yдpи по Д У И: Влaдaта не изневepи, нашите албански функционepи два пати

Published

on

Итражувачот од Институтот за Демократија Влора Речица ја коментира неспособноста на власта и посебно албанските функционери во Владата да се справат со здравствената криза и го открива своето лошо чувство што дел од Албанците во Македонија немаат никакви политички претставници во власта

“Владата не успеа воопшто, но нашите албански претставници во владата и парламентот двапати не успеаја. Наместо да се занимаваат со здравствена и економска криза, тие се занимаваат со политички поенти 🤮

Лошо чувство кога сте без никакво застапување во државните органи”, пишува Речица отворајќи го во албанската јавност прашањето за одговорност на ДУИ за состојбите во Македонија и за дискриминација на тие Албанци кои не се гласачи на ДУИ.

Continue Reading

Македонија

Николоски: “Со закани не поминуваат, ќе продолжам да објавувам криминални афери”

Published

on


Во одговор на новинарско прашање денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при посетата на Јегуновце, во врска со прашањето за аферата од 200 милиони евра кој тој ја обелодени во јавноста за „Шик Јелак“ и бизнисменот Миодраг Давидовиќ – Дака, рече дека криминалот царува во Македонија, како и дека добил закани за да не го обелоденува скандалот, за кој сега се гледа дека бил направен криминал вреден 200 милиони евра од функционери на СДСМ и ДУИ.



-Ако гледам од лична перспектива голема е сатисфакцијата затоа што точно е дека прв кој во јавноста излезе за тоа што ќе се случува во Тетово и кој криминал се спрема, но тоа беше негирано тогаш, а сега гледаме дека истото се потврдува, вели Николовски.

Тој посочи во одговорот дека ако ја гледаме суштината факт е дека криминалот царува во Македонија, како и дека идеалите и идеите застануваат таму каде што започнуваат парите, а чесно ги слушаме ДУИ како велат што мислат за србите, што мислат за случувањата во Косово, но кога доаѓа екстремен бизнисмен во Македонија со торба пари за Теута Арифи и Советот на Тетово завршува се и тогаш започнуваат да се корумпираат, но истото важи и за СДСМ и за Зоран Заев.

-Од една страна на Зоран Заев устата му е полна со геостратешките интереси на Македонија коишто ние како ВМРО-ДПМНЕ силно ги поддржуваме, но од друга страна на еден од најголемите екстремисти на Балканот којшто користи црни пари за финансирање на екстремизам му овозможуваат бизнис од 200 милиони евра, истакна Николоски.

Николоски посочи дека кога тој го обелоденил скандалот станувало збор за црни пари од фирми во Панама, па сфатиле по тоа дека се извадени на чисто и нема поента да се кријат и затоа отидоа преку фирмата на Дака во Црна Гора.

Кај мене закани не поминуваат и ќе продолжам да објавувам криминални афери! Одговорност ќе има! Ќе одговораат со новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ!

Continue Reading

Трендинг