Connect with us

Македонија

Битиќи: Петтиот пакет мерки ќе тежи околу 150 милиони евра

Published

on

Петитот пакет економски мерки за поддршка на стопанството и граѓаните за справување со последиците од Ковид-19  ќе тежи помеѓу 50 и 60 милиони евра како директни буџетски импликации, но како фискални импликации ќе биде околу 150 милиони евра. Се очекува да биде финализиран неделава ако постигнеме консензус со сите засегнати страни, потврди денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Тој во одговор на прашање по посетата на скопската компанија Раде Кончар ТЕП посочи дека се уште се разгледуваат деталите за пакетот за да биде точно утврдена неговата вредност и нагласи дека поддршката за платите нема да изостане и во петтиот пакет мерки.

-Ќе има финансиска поддршка за платите исто како што беше и претходно затоа што и претходната помош не беше безусловна. И порано требаше да се исполнат одредени услови за помошта да стане неповратна истиот механизам го користиме и сега. Се разговара за двете опции со синдикатите, стопанските комори и сите други – да се продолжи со поддршката како и досега или таа да се замени со бескаматни кредити. Оваа недела ќе треба заеднички да решиме со сите засегнати страни која е најдобрата мерка имајќи во предвид дека полека заздравуваме и влегуваме во рестарт на економијата, изјави Битиќи.

Нагласи дека доделувањето на ваучери за граѓаните беше ад-хок мерка направена во период на криза и оти со неа беа опфатени речиси 700 илјади граѓани, но додаде дека во сетот на мерки кој сега се предвидува има мерка за отпис на каматите за заостанатите долгови кои ги имаат граѓаните кон јавните претпријатија на локално или на национално ниво што, како што рече, значи поголема директна помош за граѓаните. Во целиот пакет има повеќе од 20 мерки од кои ќе дојдат доволно средства до тие кои се најзагрозени.

-Доколку има потреба во наредните месеци ако е потребно ќе има нови мерки за граѓаните. Никој не е изоставен од мерките, бидејќи сите граѓани нас ни се битни како Влада и ќе бидат опфатени со различните мерки во различните пакети кои ги носиме. Како Влада знаеме дека се уште ќе се справуваме со Ковид-19 и затоа креиравме програми во ресорните министерства во кои во некои програми ги дополнивме со дополнителни финансиски средства за граѓаните, рече Битиќи.

Евентуалното супституирање на мерката финансиска поддршка на плати со новата мерка за поддршка на плати преку кредитната линија на Развојната банка, појасни, ќе биде само супститут, а критериумите би требало да останат исти и помошта да ја добијат сите на кои им е потребна.

-Не размислуваме за критериуми преку кои на некои ќе им кажеме сега нема пари. Не е класична кредитна линија туку само го менуваме супститутот. Тоа е во духот на развој и рестарт на економијата, а дополнително ги мотивираме компаниите да покажат позитивни финансиски  резултати за да добијат одредена сума на неповратни средства. Никој нема да биде изоставен. Следиме дека се намалува бројот на компании и работни места за кои е потребна поддршка и имаат пад поголем од 30 отсто. Ако во април имаше 128 илјади вработени на кои им требаше финансиска поддршка од 14.500 денари во декември има околу 60 илјади вработени од околу 11 илјади фирми кои ја искористиле оваа поддршка и добиле просечно 15.800 денари, истакна Битиќи.

За финансиската помош од претходните пакети мерки рече дека до 31 декември според последните проценки од Буџетот се исплатени 350,4 милиони евра во кои не влегуваат финансиските средства кои се потрошени во јануари годинава и посочи дека иако се доставени пред повеќе од 2,5 месеци се уште не се донесени во Собранието трите законски решенија кои требаше да вбризгаат 250 милиони евра во стопанството. 

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Македонија

Генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски назначен за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори

Published

on

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го назначи Генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори

Почитувани,

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница разговараше на актуелни теми, усвои неколку кадровски решенија и донесе неколку заклучоци.

Извршниот комитет го назначи генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори.

Воедно, извршниот комитет разговараше за актуелната политичко-економска ситуација во Република Македонија, каде што потенцираше и заклучи дека државата тоне во секој поглед, институциите се крахирани со изгубена доверба кај граѓаните, а пандемијата ги коси граѓаните заради неспособноста на власта.

Во Република Македонија владее непочитување на правото и заштита на криминалот од страна на власта, додека пак наместо криминалците, во затворите гнијат неправедно затворени граѓани. Извршниот комитет донесе заклучок да го поддржи настанот најавен на 25 април, кој не е во наша организација, а по повод неправедно затворените уставобранители со драконски казни. Овој настан треба да помине во демократски и мирен чин. Воедно и потенцираме дека се оградуваме од секакви инциденти доколку произлезат од уфрлени провокатори на истиот настан.

Извршниот комитет ја анализираше актуелната ситуација за справување со пандемијата, но и економските неуспеси на власта, како и бројните криминални афери, со што уште еднаш заклучи дека како никогаш до сега на Република Македонија и граѓаните потребна и е експертска Влада која ќе ја избави државата од кризата во која ја втурна СДСМ и власта.

Извршниот комитет најостро ги осудува последните случувања, потенцирајќи ка аферата “Мафија”, која произлегува од криминалното работење на власта. Фрапирани сме и затечени за криминалната настроеност, воедно и со каква леснотија власта на СДСМ ја направи Република Македонија прибежиште и картел на мафијаши. Власта на СДСМ од Република Македонија направи мафијашка држава, а на чело на државата владее картелот Заеви кој е вмешан во секој криминал кој се случува. Во најбрз можен рок бараме одговорност од власта за аферата “Мафија”, но и за целиот овој криминал за кој сме сведоци периодов, додека пак оставките се неизбежни, а кривичната одговорност треба да биде испорачана.

Continue Reading

Македонија

Млада Албанка интелектyaлка yдpи по Д У И: Влaдaта не изневepи, нашите албански функционepи два пати

Published

on

Итражувачот од Институтот за Демократија Влора Речица ја коментира неспособноста на власта и посебно албанските функционери во Владата да се справат со здравствената криза и го открива своето лошо чувство што дел од Албанците во Македонија немаат никакви политички претставници во власта

“Владата не успеа воопшто, но нашите албански претставници во владата и парламентот двапати не успеаја. Наместо да се занимаваат со здравствена и економска криза, тие се занимаваат со политички поенти 🤮

Лошо чувство кога сте без никакво застапување во државните органи”, пишува Речица отворајќи го во албанската јавност прашањето за одговорност на ДУИ за состојбите во Македонија и за дискриминација на тие Албанци кои не се гласачи на ДУИ.

Continue Reading

Македонија

Николоски: “Со закани не поминуваат, ќе продолжам да објавувам криминални афери”

Published

on


Во одговор на новинарско прашање денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при посетата на Јегуновце, во врска со прашањето за аферата од 200 милиони евра кој тој ја обелодени во јавноста за „Шик Јелак“ и бизнисменот Миодраг Давидовиќ – Дака, рече дека криминалот царува во Македонија, како и дека добил закани за да не го обелоденува скандалот, за кој сега се гледа дека бил направен криминал вреден 200 милиони евра од функционери на СДСМ и ДУИ.



-Ако гледам од лична перспектива голема е сатисфакцијата затоа што точно е дека прв кој во јавноста излезе за тоа што ќе се случува во Тетово и кој криминал се спрема, но тоа беше негирано тогаш, а сега гледаме дека истото се потврдува, вели Николовски.

Тој посочи во одговорот дека ако ја гледаме суштината факт е дека криминалот царува во Македонија, како и дека идеалите и идеите застануваат таму каде што започнуваат парите, а чесно ги слушаме ДУИ како велат што мислат за србите, што мислат за случувањата во Косово, но кога доаѓа екстремен бизнисмен во Македонија со торба пари за Теута Арифи и Советот на Тетово завршува се и тогаш започнуваат да се корумпираат, но истото важи и за СДСМ и за Зоран Заев.

-Од една страна на Зоран Заев устата му е полна со геостратешките интереси на Македонија коишто ние како ВМРО-ДПМНЕ силно ги поддржуваме, но од друга страна на еден од најголемите екстремисти на Балканот којшто користи црни пари за финансирање на екстремизам му овозможуваат бизнис од 200 милиони евра, истакна Николоски.

Николоски посочи дека кога тој го обелоденил скандалот станувало збор за црни пари од фирми во Панама, па сфатиле по тоа дека се извадени на чисто и нема поента да се кријат и затоа отидоа преку фирмата на Дака во Црна Гора.

Кај мене закани не поминуваат и ќе продолжам да објавувам криминални афери! Одговорност ќе има! Ќе одговораат со новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ!

Continue Reading

Трендинг