Connect with us

Спорт

Преглед НБА: Дончич уште еднаш херој на Маверикс

Published

on

Далас Маверикс со 110:107 ги победија на домашен паркет Бостон Селтикс, а херој на натпреварот беше Лука Дончич кој постигна „тројка“ на седум десетинки пред крајот на мечот.

Словенечкиот кошаркар прво постигна „тројка“ за водство на Далас од 107:105 на 15,8 секунди пред крај, а тогаш Џејлен Браун му донесе израмнување на Бостон со полагање, по што следеше победничката „тројка“ на Дончич.

Дончич дуелот го заврши со 31 кош, 10 скокови и 8 асисетнции, додека Браун уфрли 29 поени за Бостон, а Џејсон Тејтум 28 коша.

Лос Анџелес Клиперс беше убедлив дома со 135:116 против Вашингтон Визардс. Најдобар на паркетот беше Каваи Леонард кој мечот го заврши со 32 коша, додека Пол Џорџ додаде 30 поени Клиперс кои ја прекинаа низата од пет победи на Визардс.

Реџи Џексон додаде 17 коша за Клиперс, додека Визардс ги предводепе Бредли Бил со 28 поени и 10 асистенции.

Бруклин Нетс дома со 127:118 беа подобри од Сакраменто Кингс, а Џејмс Харден впиша уште еден „трипл-дабл“, шести во новиот дрес на Нетс, со 29 поени, 14 асистенции и 11 скокови. Брус Браун доаде 29 а Кајри Ирвинг 21 кош.

Во редовите на Сакраменто Кингс најдобар беше Де“Аарон Фокс со 27 поени.

Филаделфија 76ер во Тампа со 109:102 ги надиграа Торонто Репторс, а Тобијас Харис постигна 12 од своите вкупно 23 поени во последната четвртина.

Џоел Ембид додаде 18 коша и 12 скокови, додека Рептурс ги предводеа Норман Пауел со 24 коша и Паскал Сиакам со 22 поени.

Кливленд Кавалир ја завршија серијата од десет порази откако ноќта кон средата со 112:111 ги совладаа Атланта Хоукс, а победата им ја обезбеди Ламар Стивенс со „закуцување“ на 4,1 секунда пред крајот.

Колин Секстон беше најдобар стрелец во победничката екипа со 29 коша и 5 асистенции, додека кај Хоукс со 28 коша и 12 асистенции најдобар беше Три Јанг.

Голден Стејт Вориорс на гости со 114:106 ги надиграа Њујорк Никс, а Стефен Кари беше најефикасен со 37 коша. Кели Обри додаде 19 поени за првата победа на Вориорс во последните три натрпевари. Џулиус Ренлд со 25 коша и 10 скокови ги водеше Никс.

Во другите натпревари Детроит Пистонс на гостување со 105:103 ги победија Орландо Меџикс, Милвоки Бакс дома со 139:112 ги надиграа Минесота Тимбервулфс, а Денвер Нагетс со 111:106 ги победија Портланд Трејл Блејзерс.

РЕЗУЛТАТИ

Кливленд Кавалирс – Атланта Хоукс 112:111
Орландо Меџик – Детроит Пистонс 93:105
Бруклин Нетс – Сакраменто Кингс 127:118
Њујорк Никс – Голден Стејт Вориорс 106:114
Торонто Репторс – Филаделфија 76ерс 102:109
Далас Маверикс – Бостон Селтикс 110:107
Милвоки Бакс – Минесота Тимбервулфс 139:112
Денвер Нагетс – Портланд Трејл Блејзерс 111:106
ЛА Клиперс – Вашингтон Визардс 135:116

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Атлантска дивизија

1. Филаделфија 76ерс 21 11 .656 –
2. Бруклин Нетс 21 12 .636 0 1/2
3. Торонто Репторс 16 16 .500 5
4. Бостон Селтикс 15 16 .484 5 1/2
5. Њујорк Никс 15 17 .469 6

Централна дивизија

1. Милвоки Бакс 19 13 .594 –
2. Индијана Пејсерс 15 14 .517 2 1/2
3. Чикаго Булс 14 16 .467 4
4. Кливленд Кавалирс 11 21 .344 8
5. Детроит Пистонс 9 22 .290 9 1/2

Југоисточна дивизја

1. Шарлот Хорнетс 14 16 .467 –
2. Мајами Хит 14 17 .452 0 1/2
3. Атланта Хоукс 13 18 .419 1 1/2
4. Орландо Меџик 13 19 .406 2
5. Вашингтон Визардс 11 18 .379 2 1/2

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Пацифичка дивизија

1. Лос Анџелес Клиперс 23 10 .697 –
2. Лос Анџелес Лејкерс 22 10 .688 0 1/2
3. Феникс Санс 20 10 .667 1 1/2
4. Голден Стејт Вориорс 17 15 .531 5 1/2
5. Сакраменто Кингс 12 19 .387 10

Југозападна дивизија

1. Сан Антонио Спарс 16 11 .593 –
2. Далас Маверикс 15 15 .500 2 1/2
3. Мемфис Гризлис 13 14 .481 3
4. Њу Орлеанс Пеликанс 13 17 .433 4 1/2
5. Хјустон Рокетс 11 18 .379 6

Северозападна дивизија

1. Јута џез 25 6 .806 –
2. Портланд Трејл Блејзерс 18 13 .581 7
3. Денвер Нагетс 17 14 .548 8
4. Оклахома Сити Тандерс 12 19 .387 13
5. Минесота Тимбервулфс 7 25 .219 18 1/2

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Спорт

Куман: Меси е најважниот човек во историјата на Барселона

Published

on

Лионел Меси уште еднаш беше човек на одлука за Барселона, поточно беше најзаслужен за славјето над Уеска од 4-1 во Примера.

Аргентинецот даде два гола со една асистенција и со тоа на најдобар можен начин го одбележа мечот на кој се израмни со Чави Ернандез по бројот на настапи во дресот на каталонскиот гигант. Воедно Меси ја мина бројката од 20 постигнати голови во Ла Лига и со тоа стана единствениот ас кој 13 сезони во низа имал ваков учинок во најквалитетното шпанско фудбалско натпреварување.

-Мислам дека Меси покажа дека е најдобар. Првиот гол беше фантастичен. Тој заслужува да биде важен за овој тим. Не знам што друго да кажам за Лео. Нивото на кое беше толку многу години, толку многу натпревари. Тој се изедначи со Чави и во основа ќе го надмине во недела. Тој е најважниот човек во историјата на овој клуб. За среќа тој е сè уште со нас, -истакна тренерот Роналд Куман.

Барселона сега е на минус четири од Атлетико Мадрид, а до крајот остануваат уште 11 кола.

-Бодовите што ги загубивме пред неколку недели…добро реагиравме. Тимот е самоуверен. Ние сме во добра форма и се бориме. Не можеме да изгубиме повеќе поени, бидејќи досега доста изгубивме. Отсекогаш сум велел дека има многу што да се игра. Секогаш е тешко за која било екипа да издржи, -порача Холанѓанецот.

Continue Reading

Спорт

Кире Лазаров: Среќен и горд сум за целата Македонија

Published

on

Ракометната репрезентација на нашата држава под водство на новиот селектор Кирил Лазаров дојде до голема победа над Данска со (33-29) во рамки на квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2022 година.

По дуелот во Скопје Лазаров испрати јавна благодарност до сите кои му дале поддршка на стартот и почетокот.

„Прво и основно, на стартот сакам да им се заблагодарам на моите играчи и во случајов моите соиграчи. Испочитуваа се што се договоривме. Благодарност до стручниот тим кој ме испочитува и ми помогна. Последните три-четири дена, иако е нов предизвик за мене ова, чувствував позитивна енергија. Не бев загрижен, туку спремен дури и да одиграме послабо и да загубиме, ама најважно ми беше она што договараме, да го покажеме. Момците го испочитуваа тоа и заврши како што заврши. Имавме храброст да почнам со генерација 96-98, верувам во нив. Многу се оспорувани некои од тие играчи, можеби психолошки им треба малку време да се кренат затоа што тие знаат да играат ракомет, јас сум сигурен во тоа. Јас сум цел живот „напаѓач“, ама инсистирав овие денови на „одбрана“. Малку беше смешно на сите што еден напаѓач инсистира на одбрана. Јас цел живот играм против добри одбрани и знам што значи. Среќен и горд сум за целата Македонија, затоа што многу со нас имале и добри ама и лоши моменти. Ама сум цврсто на земја, затоа што треба да работиме многу. Благодарност до целата македонска јавност, во 99% од случаите по назначувањето добив поддршка. Ама, ова е само почеток, јас знам што е спорт и го знам нашиот македонски менталитет. Најважно е да се пласираме официјално на Европското првенство 2022 и за понатаму ќе размислуваме“, рече Лазаров по натпреварот во Скопје.

Continue Reading

Спорт

Кузмановски: Лазаров дал многу за македонскиот дрес, не смееме да го разочараме!

Published

on

Македонската ракометна селекција вечерва отвора ново поглавје во својата историја, на чело со новиот селектор Кирил Лазаров. Во рамки од третото коло од квалификациите за Европското првенство, во Скопје ни гостува Данска, селекција која е актуелен светски шампион и несомнено е фаворит за првата позиција во нашата група. 

Лазаров со својот стручен штаб веќе пет дена ја крои тактиката за скандинавскиот противник, против кого нема што да загубиме. Еден нашите најдобри ракометари, Филип Кузмановски, вели дека Лазаров долги години посветувал многу внимание на помладите репрезентативци, па затоа сега е време тие да му се оддолжат и со многу труд и борбена игра да не дозволат да го разочараат.

„Додека беше само играч ни посветуваше многу време нам помладите. Често пати ќе нè советуваше, ќе ни кажеше каде грешиме, не нè упатеше по вистинскиот пат. Уште тогаш давеше многу од себе за Македонија, но и за да нè научи. Македонскиот дрес го носеше од срце и со љубов, така е и сега. Затоа, во ниту еден случај не смееме да бидеме комотни и опуштени, мора да го даваме и последниот атом од себе и да се бориме за секоја топка. Кога некој ќе биде толку многу посветен на работата, ние како играчи без разлика против кого играме, никако не смееме да го разочараме. Лазаров не го заслужува тоа“, ни изјави 24-годишниот бек.

mak-rakomet-trening-na-reprezentacija-na-makedonija-08032021-3229.jpg

Членот на Хановер вели во овој моменти мислите им се насочени на Данска, но секако и на Швајцарија и Финска, против кои ќе се борат за посакуваната виза на континенталниот собир.

„Наша цел е пласман на Европското првенство. Мислиме на двата натпревари со Данска, но секако и на Швајцарија и Финска. Одработивме квалитетни подготовки во кои научивме многу нови работи. Ова е некоја друга димензија, модерна. Уште од првиот тренинг со Лазаров почнавме да работиме на тактика. Малку ни е чудно што има две улоги, но веруваме дека ќе направиме еден добар план за во иднина и ако го почитуваме сите заедно, ќе напредуваме и Македонија ќе биде сериозна репрезентација. Ќе изградиме една позитивна атмосфера, во овој момент тоа е најважно. Покрај Лазаров мора да се спомене и посветеноста на неговите помошници, кои во секој момент се достапни за нас. Имаме одлични услови за работа, кои раководството на РФМ ни ги овозможува, па затоа сметам дека од собир во собир ќе бидеме многу поквалитетни и ќе успееме да ја оствариме зацртаната цел“, додава нашиот репрезентативен бек.

Првиот дуел против Данците го играме вечерва, со почеток од 20:00 часот, додека за три дена гостуваме во Алборг, каде ќе ја затвориме оваа ЕХФ недела.  

Continue Reading

Трендинг