Connect with us

Технологија

Наскоро ќе биде претставена серијата Huawei P50 – што да очекуваме?

Published

on

Претстојните смартфони од серијата Huawei P50 ќе бидат први кои на пазарот ќе се појават со инсталиран оперативен систем Harmony.

На социјалната мрежа Weibo е објавено дека е завршен тест-периодот на оперативниот систем HarmonyOS 2.0 Beta 2 и сега е во тек тестирањето на Beta 3.

Oва нема да биде првиот мобилен телефон кој ќе го користи оперативниот систем на Huawei бидејќи го користат некои стари смартфони. P50 серијата во целост ќе го „прескокне“ Android.

Што се однесува на претстојните уреди, од компанијата очекуваат дека HarmonyOS ќе го користат меѓу 300 и 400 милиони уреди.

Huawei подготви нови апликации: Petal Search е новиот пребарувач, а веќе постојат апликациите Petal Maps и Docs. Наскоро ќе претстават Petal Assistant, Petal тастатура и AR апликација Petal Vision.

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Технологија

Oppo претстави импресивно безжично полнење

Published

on

Oppo најави нова безжична платформа за полнење кој овозможува полнење на паметни телефони на растојание од 10 сантиметри. Вообичаено овие полнења доаѓаат без можност за оддалечување на уредот од полначот, и единствена разлика е непостоење на физички приклучок. Wireless Air Charging користи магнетна резонанса да испорача 7,5 W електрична енергија на растојание од 10 сантиметри. Во кусото видео од 30 секунди кое го објави Oppo може да видиме како концепт телефон се полни оддалечен од докот.

Со оглед на тоа како изгледа концепт телефонот Oppo X 2021, тешко е да се одлучиме дали телефонот или полначот е поимпресивен.

Веќе сме виделе и полначи кои можат да полнат уреди на растојание од неколку метри и ова не е новитет. Сепак овие полначи се и поголеми и без сомневање ќе бидат и поскапи.

Continue Reading

Трендинг