Connect with us

Македонија

Филипче: До крајот на овој или почетокот на следниот месец се очекуваат повеќе вакцини

Published

on

Министерот за здравство Венко Филипче денеска рече дека и вакцината АстраЗенека, но и буквални сите други вакцини кои влегуваат и ќе влезат во нашата земја се безбедни за граѓаните. Како што посочи, експертски тим ги следи сите известувања од националните агенции за лекови и ќе се води само според официјалните препораки.

Министерот Филипче на денешната прес-конференција во одговор на прашање посочи дека воопшто нема проблем да се вакцинира лично со АстраЗенека.

-Во однос на вакцината од АстраЗенека, буквално сите вакцини кои влегуваат и кои ќе влезат во нашата земја ќе бидат безбедни за граѓаните, и експертскиот тим тоа го следи, го контролира, ги прати сите можни известувања од страна на националните агенции за лекови од земјите кои ја користат од страна на СЗО и Европската агенција за лекови, рече Филипче.

Тој информира дека утре е закажан состанок на Комитетот за безбедност на ЕМА, поточно на Европската агенција лекови, на која ќе се анализираат несканите случаи поврзани со АстраЗенека, за кои како што рече, се навистина малку во однос на вкупниот број на вакцини кои што се дадени. Министерот за здравство додаде дека ќе се извлечат поуките кои што евентуално би требало да се аплицираат при давањето на оваа вакцина.

-Сите експерти од нашиот тим ги пратат и несаканите ефекти од страна на оваа вакцина, одлуките на националите агенции, а ќе се водиме секако според официјалните препораки како на ЕМА, така и на производителот, додаде министерот.

До почетокот на следниот месец, како што информира, се очекува да профункцинира Ковакс системот преку којшто би стигнале околу 100.000 вакцини

-Во односна набавките на вакцините тоа што се очекува со оглед на промените кои настанува од информациите на добавувачите, ова може да биде нешто што временски може да се одоговлечи некое време, меѓутоа во следниот период до крајот на овој месец, почетокот на следниот очекуваме да профункцинира Ковакс системот, преку којшто би стигнале околу 100.000 вакцини, рече тој.

Додаде дека се разговара и со кинеските и руските претставници за вакцините, се чекаат нивните најави, иако како што рече, сеуште се нема конкретен датум.

Во тој временски период интензивно разговараме со кинеските и со руските претставници  за овие вакцини. Ги чекаме и нивните најави, се уште го немаме точниот датум, но имаме пиричина да веруваме дека тоа ќе биде некаде до почетокот во првата недела на април, со што би започнала практично масовната вакцинација за што системот е целосно спремен. Продолжуваат разговорите со Компанијата Фајзер во делот на тие дополнителни прашања коишто практично секојденовно ги имаат, рече Филипче.

Филипче посочи дека според последните информации, компанијата Фајзер го подигала нивото на внимателност во однос на сите земји со кои што сега преговара, и веројатно ќе бара некои построги критериуми.

-Ние денеска ќе го добиеме тој документ така најавија, во однос на тоа што точно ќе се бара и ќе ја известиме јавноста но сакам да кажам дека јасно ни беше кажано дека овие мерки на внимателност важат за буквално сите земји во светот и веројатно тоа е една од причините зошто толку се чека на деталите за овој договор, рече Филипче.

Тој уште еднаш истакна дека буквално сите вакцини во нашата земја ќе бидат безбедни за користење и ќе се даваат според препораките и на нашиот Комитет кој што се занимава со безбедноста односно со целокупниот процес на имунизација.

Министерот Филипче потсети дека успешно тече вакцинацијата на здравствените работници. Како што рече, заклучно со вчерашниот ден има 5.300 вакцинирани здравствени работници.

-И ова е многу битно, имајќи предвид дека сега притисокот кон болниците е навистина голем ризикот да здравствените работници се заразат е сериозно висок и ова е заштита на нивното здравје, рече тој.

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Македонија

Генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски назначен за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори

Published

on

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го назначи Генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори

Почитувани,

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница разговараше на актуелни теми, усвои неколку кадровски решенија и донесе неколку заклучоци.

Извршниот комитет го назначи генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори.

Воедно, извршниот комитет разговараше за актуелната политичко-економска ситуација во Република Македонија, каде што потенцираше и заклучи дека државата тоне во секој поглед, институциите се крахирани со изгубена доверба кај граѓаните, а пандемијата ги коси граѓаните заради неспособноста на власта.

Во Република Македонија владее непочитување на правото и заштита на криминалот од страна на власта, додека пак наместо криминалците, во затворите гнијат неправедно затворени граѓани. Извршниот комитет донесе заклучок да го поддржи настанот најавен на 25 април, кој не е во наша организација, а по повод неправедно затворените уставобранители со драконски казни. Овој настан треба да помине во демократски и мирен чин. Воедно и потенцираме дека се оградуваме од секакви инциденти доколку произлезат од уфрлени провокатори на истиот настан.

Извршниот комитет ја анализираше актуелната ситуација за справување со пандемијата, но и економските неуспеси на власта, како и бројните криминални афери, со што уште еднаш заклучи дека како никогаш до сега на Република Македонија и граѓаните потребна и е експертска Влада која ќе ја избави државата од кризата во која ја втурна СДСМ и власта.

Извршниот комитет најостро ги осудува последните случувања, потенцирајќи ка аферата “Мафија”, која произлегува од криминалното работење на власта. Фрапирани сме и затечени за криминалната настроеност, воедно и со каква леснотија власта на СДСМ ја направи Република Македонија прибежиште и картел на мафијаши. Власта на СДСМ од Република Македонија направи мафијашка држава, а на чело на државата владее картелот Заеви кој е вмешан во секој криминал кој се случува. Во најбрз можен рок бараме одговорност од власта за аферата “Мафија”, но и за целиот овој криминал за кој сме сведоци периодов, додека пак оставките се неизбежни, а кривичната одговорност треба да биде испорачана.

Continue Reading

Македонија

Млада Албанка интелектyaлка yдpи по Д У И: Влaдaта не изневepи, нашите албански функционepи два пати

Published

on

Итражувачот од Институтот за Демократија Влора Речица ја коментира неспособноста на власта и посебно албанските функционери во Владата да се справат со здравствената криза и го открива своето лошо чувство што дел од Албанците во Македонија немаат никакви политички претставници во власта

“Владата не успеа воопшто, но нашите албански претставници во владата и парламентот двапати не успеаја. Наместо да се занимаваат со здравствена и економска криза, тие се занимаваат со политички поенти 🤮

Лошо чувство кога сте без никакво застапување во државните органи”, пишува Речица отворајќи го во албанската јавност прашањето за одговорност на ДУИ за состојбите во Македонија и за дискриминација на тие Албанци кои не се гласачи на ДУИ.

Continue Reading

Македонија

Николоски: “Со закани не поминуваат, ќе продолжам да објавувам криминални афери”

Published

on


Во одговор на новинарско прашање денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при посетата на Јегуновце, во врска со прашањето за аферата од 200 милиони евра кој тој ја обелодени во јавноста за „Шик Јелак“ и бизнисменот Миодраг Давидовиќ – Дака, рече дека криминалот царува во Македонија, како и дека добил закани за да не го обелоденува скандалот, за кој сега се гледа дека бил направен криминал вреден 200 милиони евра од функционери на СДСМ и ДУИ.



-Ако гледам од лична перспектива голема е сатисфакцијата затоа што точно е дека прв кој во јавноста излезе за тоа што ќе се случува во Тетово и кој криминал се спрема, но тоа беше негирано тогаш, а сега гледаме дека истото се потврдува, вели Николовски.

Тој посочи во одговорот дека ако ја гледаме суштината факт е дека криминалот царува во Македонија, како и дека идеалите и идеите застануваат таму каде што започнуваат парите, а чесно ги слушаме ДУИ како велат што мислат за србите, што мислат за случувањата во Косово, но кога доаѓа екстремен бизнисмен во Македонија со торба пари за Теута Арифи и Советот на Тетово завршува се и тогаш започнуваат да се корумпираат, но истото важи и за СДСМ и за Зоран Заев.

-Од една страна на Зоран Заев устата му е полна со геостратешките интереси на Македонија коишто ние како ВМРО-ДПМНЕ силно ги поддржуваме, но од друга страна на еден од најголемите екстремисти на Балканот којшто користи црни пари за финансирање на екстремизам му овозможуваат бизнис од 200 милиони евра, истакна Николоски.

Николоски посочи дека кога тој го обелоденил скандалот станувало збор за црни пари од фирми во Панама, па сфатиле по тоа дека се извадени на чисто и нема поента да се кријат и затоа отидоа преку фирмата на Дака во Црна Гора.

Кај мене закани не поминуваат и ќе продолжам да објавувам криминални афери! Одговорност ќе има! Ќе одговораат со новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ!

Continue Reading

Трендинг