Останува непознато што Али Ахмети зборувал пред Фатиме Фетаи, лидерот на ДУИ избега од новинарите. Наместо најавеното доаѓање во 10 часот, Ахмети од просториите на поранешното СЈО, со својот џип си замина некаде пред 9 часот и 30 минути, кога почнаа да пристигнуваат медиумските екипи.

Како што соопштија од Обвинителството, Ахмети поради обврски на свое барање порано дошол да даде исказ. Неофицијално дознаваме дека тој пред Фетаи околу еден час ја давал својата одбрана за предметот „Попис“, а увид во доказите не побарал.

Што кажал лидерот на ДУИ Али Ахмети пред обвинителката Фатиме Фетаи за случајот „Попис“, односно за пропаднатиот попис во Република Македонија во 2011 година? Ова прашање ги интересираше сите новинари кои дојдоа денеска тука пред Специјалното јавно обвинителство, но одговор не добивме, бидејќи Али Ахмети наместо во предвидениот термин од 10 часот, тука се појавил речиси 2 часа порано односно во 8 часот и 20 минути.

Засега нема информации во која фаза е истрагата за овој случајот, од Обвинителството само кратко одговараат дека се постапува по предметот. Истрагата не отворена пред две години, кога СЈО ја соопшти на прес конференција, а според тогаш презентираното Али Ахмети и поранешниот премиер Никола Груевски се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Тогаш Фетаи на прес конференција кажа дека постои основано сомнение дека владејачката коалиција во 2011 година, со цел да го сокријат фактот дека немаат политички капацитет да организираат реален на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, како и да ги скријат неповолните факти за демографската и економската состојба, што резултирало со огромно иселување на работоспособното население.

Како што стои во тогаш презентираното обвинение осомничените помеѓу 10 и 11 октомври 2011 година се договориле да го стопираат пописот, со што нанеле штета на државниот буџет од 2,8 милиони евра.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here