Уште еден студен туш од Бугарија. Парламентот донесе одлука дека браќата Кирили и Методиј не се повеќе сесловенски просветители, туку бугарски . 24-ти мај Софија нема да го слави како ден на Словенската туку на Бугарската писменост, а кирилицата наместо словенска е бугарска азбука.

Со 73 гласа за, 4 против и 34 воздржани Бугарското Собрание во првото читање го усвои предлогот на коалицијата Обединети патриоти предводена од вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов.  Поддршка  имаше и од ГЕРБ, на актуелниот премиер Бојко Борисов.

Во образложението на предлогот , се наведува дека станува збор за сосема природна и логична историска промена, и дека во исто време претставува и начин да се започне процес на признавање на кирилицата на ниво на Европската Унија како бугарска азбука. Предлагачите сметаат дека ова е прв чекор кон признавање на кирилицата од страна на ЕУ како бугарска азбука.

„Без сомневање за нас тој празник е најважен во моментов. Не случајно 30 години по усвојувањето на бугарскиот устав се води дебата дали национален празник на бугарија е 3 март или 24 мај. Тој ден е празнуван како празник на бугарската писменост. Ги поддржуваме Патриотите дека тој празник изникнал од Бугарија“, изјави пратеникот на ГЕРБ Тома Биков.

Красимир Богданов смета дека „кирилицата е чисто бугарска творба, создадена од Климент Охридски, во бугарска држава, за време на бугарските средновековни кралеви“, и повика на широка национална поддршка на овој предлог. Предлогот во прво читање доби поддршка од пратениците на владејачката ГЕРБ на Бојко Борисов, а против беа опозициските БСП и ДПС.

Одлуката на бугарското Собрание доаѓа непосредно по Меморандумот кој Софија го испрати до земјите членки  во кој Македонскиот јазик е наречен дијалект на Бугарскиот и по серијата најевни средби на политичко но и на експертско ниво. ..Со оглед на Договорот за добро соседство, преименувањето на 24 мај како празник на бугарската азбука и писменост, се доведува до прашање заедничкото чествување на празникот на Светите Кирил и Методиј.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here