Американскиот претседател Доналд Трамп, објави дека е позитивен на Ковид-19, а исто така и неговата сопруга Меланија и дека оди во карантин.

„Вечерва, првата дама и јас бевме тестирани и позитивни сме на Ковид-19“, напиша претседателот на САД на Твитер. „Веднаш започнуваме четиринаесетдневен процес на изолација и закрепнување. Че успееме ЗАЕДНО“, додаде тој.

Позитивната на корона е и советничката Хоуп Хикс, потврди претходно претседателот.

Хикс патува редовно со претседателот во службен авион, и заедно со други високи соработници го придружуваа во Охајо за првата изборна дебата во вторникот и на митинг во Минесота во средата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here