Дали сте вистински моден гуру? Хороскопскиот знак влијае на вашиот стил и начинот на кој се „справувате“ со модните трендови.

Дали сте меѓу жените кои имаат најдобар вкус за мода?

Бик

Припадничките на овој знак никогаш не штедат на квалитетни парчиња облека кои знаат дека се долгорочна и исплатлива инвестиција.

Тие и кога носат незамисливи комбинации за останатите, изгледаат одлично. Никогаш не грешат кога станува збор за мода.

Лав

Доминантните Лавови уживаат во сите пофалби и се трудат во секоја ситуација да бидат најдобро облечени во друштвото.

Нивните комбинации се доказ дека модното ризикување се исплати. Водат сметка за квалитетот на материјалите и важно им е облеката да им прилега како да е шиена за нив.

Вага

Сакаат да следaт трендови и облека која е во мода во моментот, но никогаш не би купиле нешто што е во тренд по секоја цена.

Обожаваат класични кроеви и со задоволство си поигруваат со материјали, бои и модели.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here