Министерот за здравство посочи дека во периодот којшто следува може да дојде до наплив на пациенти во болниците, а доколку состојбата се влоши, додаде тој, во план се и нови рестрикции како ограничување на работното време на угостителските објекти, намалување на бројот на патници во јавниот превоз и задолжително носење заштитна маска на отворено.

Луѓето не треба новите мерки за заштита од ковид-19 да ги доживуваат како казна, бидејќи тие се носат за заштита на јавното здравје, а и здравствениот систем нема да може да издржи ако има огромен број заразени. Ова го изјави министерот за здравство Венко Филипче во денешното гостување на ТВ24.

Тој вели дека освен ние, сите други земји од регионот носат нови рестриктивни мерки.

– Целта е да не затвориме сè, па затоа треба да се интервенира само таму каде што се кршат протоколите. Секаде каде што имаше настан, мерките не се почитуваа и ние тоа го гледаме по епидемиолошките анкети. Целта е да се намали ризикот каде што има трансмисија на вирусот, па затоа се забранува музика, се намалува гласноста на музиката, со цел да се држи дистанца. И секако, се намалува бројот на луѓе кои седат на иста маса. Сите овие препораки се медицински издржани и целта е да не се дојде до нов целосен карантин. Мора сите да сфатат колку е сериозна ситуацијата. Да се свесни дека во периодот којшто е пред нас исклучително е висок ризикот од трансмисија на вирусот во затворени простории. Тоа е поради тоа што не сакаме цела држава да биде во карантин – рече Филипче.

Тој посочи дека во периодот којшто следува може да дојде до наплив на пациенти во болниците, а доколку состојбата се влоши, додаде тој, во план се и нови рестрикции како ограничување на работното време на угостителските објекти, намалување на бројот на патници во јавниот превоз и задолжително носење заштитна маска на отворено.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here