Кога ретко кој можеше да очекува со оглед на отсуствата на стартерите Драгич и Адебајо кошаркарите на Мајами ги победија Лејкерси со 115-104 и го намалија нивното водство во големото финале ма НБА лигата. Одлична партија на Џими Батлер кој даде 40 поени со 70 насто шут и плус трипл дабл со 11 скокови и 13 асистенции, а потпомогнат од Олиник и Хиро кои завршија со по 17 коша. Сега е 2-1 за Лејкерси кои комплетно одиграа лошо вклучувајќи го и Леброн Џејмс кој даде 25 поена со 10 фатени топки и 8 додавања, но имаше и 8 загубени топки. Ова ја продолжува серијата за минимум два дуела, следниот е во вторник навечер, поточно во среда наутро, а во Мајами сега ќе се надеваат на враќање на повредените и на целосен камбек во финалето.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here