Таа ме покани на ручек. Разговаравме за сè, музика, продукција. Беше многу опуштено, само ние двајца седевме, кул. Прекрасно, седам со Мадона – раскажа Гета.

Поп-иконата Мадона одби да соработува со светски познатиот диџеј Дејвид Гетa поради неговиот хороскоп!

– Таа ме покани на ручек. Разговаравме за сè, музика, продукција. Беше многу опуштено, само ние двајца седевме, кул. Прекрасно, седам со Мадона. Ми рече дека навистина и се допаѓа мојата работа и дека е воодушевена од ремиксот, и ми понуди да продуцирам албум за неа – рече Гета во една радио емисија, а потоа изненади:

– Тогаш дојдовме до таа тема кога ќе започнеме со работа. Тогаш директно ме праша „што си во хороскоп“. И реков дека сум скорпија, а таа го намурти лицето и ми кажа: „Жал ми е, нема да можеме да соработуваме. Ми беше задоволство да те запознаам. Збогум“. Бев во шок – низ смеа Гета ја раскажа приказната.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here