Порастот на инфекции со корона вирус, ги натера властите во Франкфурт да воведат построги мерки. Дел од нив предвидуваат, скратено работно време за баровите, клубовите и за рестораните и полициски час од 22 часот, а во најпрометните улици и трговски центри ќе може да се влезе само со заштитна маска.. Приватните прослави ќе бидат ограничени на 25 луѓе на јавни места, и 10 луѓе на приватни собири, а пиењето алкохол ќе биде забрането во текот на целиот ден на јавни места и во паркови. Како што се оценува, мерките негативно ќе се одразат на работата на рестораните, кината, театрите и на концертните сали, но се неопходни.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here