Пратеникот Мухамед Зекири со своја донација се приклучи кон Месецот на хуманост „Гази Баба се грижи“ што се спроведува на територијата на оваа скопска општина и ќе трае до 2 ноември 2020 година. Тој заедно со градоначалникот Борис Георгиевски купи производи во еден од маркетите и потоа полните кеси ги остави на пултот каде се собираат донации од хумани луѓе и потоа им се дистрибуираат на посиромашните жители на општината Гази Баба.

– Како Општина Гази Баба на дело покажуваме дека секој граѓанин за нас е важен и добива еднаква шанса. Хуманоста и солидарноста за секој од нас се и е потребно да бидат од најголема важност. Граѓаните кои сакаат да се вклучат во оваа акција можат да купат и донираат прехранбени производи, хигиенски средства или облека на пунковите кои ќе бидат поставени пред поголемите маркети. Дополнително, стариот мебел кој често завршува пред контејнерите, во рамките на оваа акција, граѓаните ќе можат да го донираат на семејства од ранливи групи – вели градоначалникот Георгиевски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here