Финска постојано се наоѓа на врвот на листите за родова еднаквост, но нивната премиерка, Сана Марин, оваа тема ја однесе чекор понапред одлучувајќи нејзината функција, на еден ден, да ја додели на 16-годишната Ава Мурто.

Мурто не креираше нови закони во средата, но во текот на денот оствари бројни средби со политичари со кои разговарала за правата на жените во технологијата.

Замената на премиерките се случила пред Меѓународниот ден на девојката на Обединетите Нации и е дел од глобална кампања на детска хуманитарна организација.

„Задоволство ми е што можам да зборувам овде денес, иако, на некој начин, посакувам да нема потреба да стојам овде. Дека кампањите како „девојките преземаат“ нема да бидат повеќе потребни. Сепак, вистината е дека уште немаме постигнато родова еднаквост – никаде на Планетата. Иако остваривме многу работи во оваа сфера, има уште многу што треба да се направи“, рече Мурдо.

Тинејџерката која активно се бори за климатските проблеми и теми околу човековите права денот го заокружила со средба со премиерката на Финска.https://platform.twitter.com/embed/index.html?dnt=false&embedId=twitter-widget-1&frame=false&hideCard=false&hideThread=false&id=1313883032193990657&lang=en&origin=https%3A%2F%2Fwww.radiomof.mk%2Ftinejdzherka-stana-premierka-na-eden-den-vo-finska%2F&siteScreenName=RadioMOF&theme=light&widgetsVersion=ed20a2b%3A1601588405575&width=550px

Ова е четврта година како Финска учествува во проектот „преземање на девојките“ (Girl Takeover) кој овозможува тинејџери низ целиот свет да се стават во чевлите на лидерите во политиката и други сектори во општеството на еден ден.

Оваа година фокусот е на промоција на дигиталните вештини и технолошките можности за девојките, а слични „преземања“ се случија и во Кенија, Перу, Судан и Виетнам.

Минатата година Финска беше на третото место во извештајот за родовиот јаз на Светскиот економски форум, Сепак жените и понатаму остануваат далеку помалку застапени од мажите во технолошкиот сектор.Актуелната премиерка Сана Марин стана најмладиот премиер во светот кога ја презеде функцијата на 34 години. Таа е трета жена на највисоката владина функција во историјата на Финска и ја предводи коалицијата на четири партии, сите од нив предводени од жени.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here