Со вчерачниот загрижувачки рекорд од 364 новозаразени со коронавирус за едно деноноќие, за само три дена во Македонија има дури 906 нови случаи со Ковид-19. Колку за споредба анализите на ИЈЗ покажуваат дека минатата  седмица регистрирани се 1203 инфицирани лица. Во истиот период дури 60% од новозаболените се млади на возраст од 20 до 29 години. Токму оваа возрасна група е во фокусот на новите предложени мерки од страна на Комисијата за заразни болести.

Епидемиолозите предлагаат да се забранат поголеми семејни собири, забави и слави во домашни услови, а на гости да можат да ви дојдат максимум 4 лица. Се забранува групирање во парковите и други јавни површини на повеќе од 4 лица после 22 часот. Целта според министерот Филипче е да се спречи забавите од угостителските објекти да се префрлат дома или во изнајмени станови. Исто така Комисијата предлага носењето маски или марами кои ќе го прекриваат носот да бидат задолжителни и на отворено дури и кога граѓаните се сами. Исклучок за носењето маски надвор ќе бидат децата до 6 години, оние кои спортуваат или се од едно семејство кога се возат во автомобил. Сетот мерки е доставен до Владата која треба да се изјасни дали ќе станат задолжителни. Најверојатно седница за оваа точка ќе има во текот на викендот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here