Утре треба да почне викендот во кој повратот на ДДВ за купените домашни произвиди и компјутери ќе биде целосен.

Законските измени со кои треба да се овозможи овој продолжен викенд да се реализира мерката од четвртиот пакет – Викенд без ДДВ е на дневен ред на денешната собраниска седница што треба да почне во 12 часот.

Пратениците од власта и од опозицијата во вчерашната дебата по оваа точка погажаа голем број несогласувања. Се очекува пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска да ги поддржат измените на законот иако сметаат дека поврат добиваат само одредни луѓе кои имаат паметни телефони и скенираат сметки.

Како што е предвидено со предложените измени на Законот за целосен поврат на ДДВ овој продолжен викенд сметките треба да се скенираат најдоцна три дена по издавањето, а целиот платен ДДВ на сметките на граѓаните ќе легне во рок од 15 дена.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here