Ова е еден посебен јубилеј. Ова е нешто исконско кое ја глорифицира Македонија, незината сила, истрајност, моќ.

Во недела, на 18 октомври, ќе биде одржана главната и централна прослава на великиот јубилеј: 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир.

Централната прослава в недела ќе почне во 9 часот со Божествена архиерејска литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА. По завршувањео на литургијата, со пригодно слово кон присутните, освен архиепископот г. г. Стефан, ќе се обрати и покровителот на прославата, претседателот на државата Стево Пендаровски.

Македонија е библиска земја, за неа пишува во Библијата. А нејзината територија ја красат многу божји домови. Само 365 цркви и манастири има околу македонскиот Ерусалим, нашиот туристички бисер Охрид.

Манастирите кај нас сведочат за чудата кои се случувале таму благодарение на светците и на Бога. Еден таков манастир од ризницата богатство на манастири и цркви во нашата земја е Бигорскиот манастир.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here