Вирусот одговорен за пандемијата од Covid-19 може да остане и до 28 дена на површини како што се банкноти, екрани на телефони и нерѓосувачки челик, пренесува BBC.

Наодите од австралиската национална научна агенција велат дека SARS-Cov-2 може да преживее многу подолго отколку што се мислеше.  Експериментот бил спроведен во темнина и истиот покажал дека УВ зраците го уништуваат вирусот.

Коронавирусот најчесто се пренесува кога луѓето кашлаат, киваат или зборуваат. Но, постојат и докази дека може да се шири и од честички што висат во воздухот.  И покрај тоа што е потешко, сепак постои можност за пренесување на заразата од Covid 19 со допирање на заразени површини како метал или пластика.

Што вели студијата?

Претходните лабораториски тестови откриле дека SARS-Cov-2  може да преживее два до три дена на банкноти и стакло и до шест дена на пластика и нерѓосувачки челик.

Најновото истражување покажало дека вирусот е „екстремно цврст“ и  истиот преживува и до 28 дена на мазни површини, како што се екраните на мобилни телефони,  пластични и хартиени банкноти кои се чувани на домашна температура и светлина.

За споредба вирусот на грип може да преживее 17 дена во исти околности.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here