На глобално ниво бројот на жртви од ковид-19 достигна над милион, мрачна пресвртница во пандемијата што ја уништи глобалната економија, ги преоптовари здравствени системи и го смени начинот на живеење на луѓето.

Бројот на смртни случаи од коронавирусот сега е двојно поголем од бројот на луѓе кои годишно умираат од маларија – а стапката на смртност е зголемена во последните неколку недели со растот на инфекциите во неколку земји. „Нашиот свет достигна точка на агонија“, оцени генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, додавајќи:

„Овој податок не распаметува. Сепак, никогаш не смееме да го заборавиме секој индивидуален живот. Тие беа татковци и мајки, сопруги и сопрузи, браќа и сестри, пријатели и колеги“.

Над 32 милиони со Ковид-19: САД први во светот, Русија во Европа

Потребни беа само три месеци за смртноста од ковид-19 двојно да се зголеми, откако првиот случај беше регистриран во Кина на почетокот на јануари годинава.

Според пресметките на Ројтерс засновани на податоците во септември, повеќе од 5.400 луѓе умираат низ целиот свет на секои 24 часа. Тоа е еднакво на околу 226 луѓе на час, или едно лице на секои 16 секунди. За времето што треба да се следи 90-минутен фудбалски натпревар, во просек умираат 340 луѓе.

Зголемување на инфекциите

Експертите остануваат загрижени дека официјалните бројки за смртни случаи и случаи на глобално ниво не ја претставуваат вистинската слика заради несоодветно тестирање и евидентирање и можноста за прикривање од некои земји.

Одговорот на пандемијата ги покрена поборниците за здравствени мерки како карантинот на пример, против оние кои имаат намера да одржуваат економски раст, со пристапи кои се разликуваат од земја до земја.

Соединетите држави, Бразил и Индија, кои заедно сочинуваат скоро 45 насто од сите смртни случаи на ковид-19 на глобално ниво, ги укинаа мерките за социјално дистанцирање во последните неколку недели.

„Американскиот народ треба да предвиди дека случаите ќе се зголемат во деновите што претстојат“, предупреди во понеделникот американскиот потпретседател Мајк Пенс.

Бројот на починати во САД достигна над 205.000, а бројот на инфицирани е над 7 милиони.

Во меѓувреме, Индија забележа најголем дневен раст на инфекции во светот, со просечно 87.500 нови случаи на ден од почетокот на септември.

Според сегашните трендови, Индија ќе ги надмине Соединетите Држави како земја со најмногу потврдени случаи до крајот на годината, дури и кога владата на премиерот Нарендра Моди се залага за олеснување на мерките за блокирање во обид да ја поддржи економијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here