Владата денеска треба да одржи онлајн-седница на која се очекува да ги усвои новите мерки предложени од Комисијата за заразни болести за да се спречи ширење на заразата поради големиот број инфицирани од коронавирусот.

Според информациите, Владата треба да ја ревидира одлуката што ја донесе пред една недела за влез на државјани од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово во нашата земја без ПЦР-тест, откако три од овие земји ја повлекоа од своја страна одлуката што беше регионална иницијатива по принцип на реципроцитет.

За македонските државјани влез без медицинска потврда засега е дозволен само во Косово, Албанија и Турција.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here