Владата денеска треба да одржи онлајн-седница на која се очекува да ги усвои новите мерки предложени од Комисијата за заразни болести за да се спречи ширење на заразата поради големиот број инфицирани од коронавирусот.

Вкупниот број ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 21.113, бројката на оздравени пациенти е 16.301, на починати е 797, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.015.

Предложено е да се забрани групирање во домовите на семејни прослави, со тоа што во едно живеалиште ќе може да се примаат до четири лица. Нема да биде дозволено групирање на повеќе од четворица на јавни простори по 22 часот, а заштитна маска или прекривка на носот и устата, покрај во затворени простори (јавен објект, работно место, превозно средство), ќе треба задолжително да се носи и при престој на отворено.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here