Витаминот Д е витамин растворлив во масти, којшто е природно присутен во неколку хранливи производи. Има улога во апсорпцијата и одржувањето на рамнотежата на калциумот и фосфорот, коишто, пак, ја овозможуваат нормалната минерализација на коските и се потребни за нивниот раст. Витаминот Д има невромускулна и имуна функција. Концентрацијата на 25(ОН)D е најдобар индикатор за витаминот Д во телото. Овие концентрации не ги опфаќаат количините на витаминот Д врзан и зачуван во ткивата.

Според најновите истражувања во медицинските центри, лица коишто имаат помалку од 30 nmol/L имаат дефицит на витамин Д, оние коишто имаат од 30–50 nmol/L имаат потенцијален ризик за негов дефицит. Концентрацијата на 25(ОН)D од 50 nmol/L во серум ги задоволува 97,5 % од потребите од витаминот Д на популацијата.

ИЗВОРИ НА ВИТАМИН Д 

Храна: Многу малку од хранливите производи во природата содржат витамин Д. Свежите масни риби (лосос, туна и скуша) се најголем извор на витамин Д.

Изложување на сонце: Ултравиолетовото (УВ) Б зрачење (290–320 nm) продира во кожата и притоа се создава витамин Д3.  Комплетното покривање на телото со облека го редуцира УВ-зрачењето околу 50%, a при облачност и/или зголемено загадување се намалува зрачењето дури за 60%.

Употреба на суплементи во исхраната: Во суплементите, витаминот Д најчесто се наоѓа во две форми: Д2 (ергокалциферол) и Д3 (холекалциферол).

ЗНАЦИ ЗА НЕДОСТИГ НА ВИТАМИН Д

Болки во мускулите и коските: Константна болка во коските е еден од основните знаци за недостиг на витаминот Д. Телото ја гради коскената маса до околу 30 години и затоа може да се јави остеопорозата.

Често се чувствувате тажно: Депресијата и промените во расположението се често поврзани со недостиг на витаминот Д во телото. Серотонинот, хормонот одговорен за расположението, е стимулиран од количината на витаминот Д.

Висок крвен притисок: Хипертензијата може да биде еден од знаците на недостиг на витаминот Д.

Умор и поспаност: Недостиг на витаминот Д може да биде причина за хроничен умор. Овој симптом е особено изразен кај постарите лица.

Промени на расположението: Рецепторите за витамин Д во мозокот се наоѓаат во истите делови од мозокот каде што се и центрите за расположение и емоции. Затоа, недостигот на витаминот Д е тесно поврзан со ментални заболувања како што се стрес, анксиозност и депресија.

Дигестивни проблеми: Витаминот Д помага нашиот дигестивен систем правилно да ги апсорбира мастите. Неговиот недостаток може да доведе до повеќе цревни проблеми како што се: интолеранција на глутен, воспалителни болести на цревата и Кронова болест.

Алергии: Тој игра важна улога во регулирањето на имуниот систем и неговиот недостиг може да предизвика разни алергиски реакции како: астма, алергии на храна, егземи и алергиски ринитис. Витаминот Д заедно со цинкот игра многу значајна улога во создавањето на имуните клетки коишто нè заштитуваат од разни бактерии, вируси и други надворешни агенси.

ДИЈАГНОСТИКА ФАРМАХЕМ е секогаш тука за вас: Специјален попуст од 20% на анализата за витaмин Д во 2020 година со клучниот збор „30 години Фармахем“ за сите читатели на дневниот весник „Слободен печат“. Да бидеме подготвени со зголемен имунитет во борбата со вирусите и бактериите!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here