Поранешниот ракометен репрезентативец, Наумче Мојсовски е назначен за нов директор на Агенцијата за млади и спорт.

Неговото назначување на оваа позиција беше соопштено по вчерашната владина седница.

„Владата на Северна Македонија на оваа седница за директор на Агенцијата за млади и спорт го именуваше Наумче Мојовски, наш врвен спортист и ракометен репрезентативец“, соопштија од владината прес-служба.

Мојсовски го наследува Дарко Каевски, кој стана пратеник во Собранието.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here