Овен

Во текот на овој ден ќе имате многу обврски на работата и тоа целосно ќе ве исцрпи. Поради истата причина обидете се денес да поминете повеќе време со вашата сакана личност, затоа што на тој начин ќе си ги наполните вашите батерии, а и ќе си ги зацврстите односите помеѓу вас двајца. Далеку од очи далеку и од срце, не заборавајте ја таа вистина.

Бик

Вие со задоволство, денес ви сакале да се свртите кон забавата, друштвото, партнерот и се’ што е надвор од работните обврски. Меѓутоа, заостанатите обврски нема да ви го дозволат тоа. А тоа ќе ви биде памет за другпат да се обидете да не оставате обврски во текот на неделата.

Близнаци

Денес можете да паднете во пасивна состојба и да не сакате да правите ништо. Ова не е нешто ново кога станува збор за вас, вашиот хороскопски знак секогаш е контрадикторен. Денес ќе сакате само да бидете во мирна атмосфера и да им се препуштите на мислите.

Рак

Доколку за овој ден имате оставено некои обврски кои ви биле преважни, тогаш ќе се покаете. Денес вашата концентрација нема да биде на највисоко ниво, па едвај ќе чекате да завршите со обврските за да можете да се дружите со вашите пријатели

Лав

Денес ќе мора да бидете на сто места во исто време. Како ќе го постигнете тоа ни вие не знаете. Најдобриот рецепт е да си направите приоритети. Но не заборавајте во нив да ја ставите и саканата личност, затоа што љубовта не само што приоритет туку е и нужност.

Девица

Би било добро да размислите за секоја ваша постапка. Некако ништо нема да ви биде јасно, мислите ќе ви шетаат на сите страни. Затоа обидете се овој ден да не решавате некои сериозни проблеми, туку препуштете и’ се на забавата и одморот.

Вага

Голема е можноста дека денес се имате разбудено со желбата се’ да направите, без да размислувате дали во тоа ќе успеете или не. Меѓутоа, овој ден ѕвездите не би се наклонети на тоа поле. Затоа искористете ја вашата енергија и заминете некаде на некое убаво место, а можете да ги поканите и пријателите, па да поминете еден убав викенд, затоа што тоа го немате направено со месеци.

Шкорпија

Иако овој ден ќе сакате да направите некоја промена во работниот план, сепак нема да успеете. Постојано заборавате дека не се оставаат најважните работни обврски за почетокот на неделата, кога уште немате доволно енергија.  Но затоа, денес на љубовното поле ве очекуваат поинтензивни и поромантични моменти.

Стрелец

Понекогаш интелектуалното знае и тоа како да ја потполни празнината којашто ја чувствувате. Не очајувајте, затоа што вие најдобро знаете дека после дожд доаѓа сонце. Денес, прегрнете ги вашите сакани и бидете среќни што ги имате, но дадете си простор и за вас самите затоа што на никој друг истото нема да му падне на памет. Обидете се да ја избегнете секоја конфликтна состојба.

Јарец

Некои неочекувани работи ќе ви се случат денес. На работата ќе ви оди се’ како што треба. Меѓутоа не заборавајте ја вашата сакана личност поради излегувањата со вашите пријатели, затоа што денес таа ќе има особена потреба од вас.

Водолија

Морате да ги завршите работите кои ви имаат заостанато. Тоа нема да ви биде многу од корист, затоа што ќе ви го одземе времето за вас и вашиот партнер. Но, обидете се да одделите време за вас нм двајца, макар и да заспиете до вашата сакана личност и кога гледате филм. Понекогаш го забораваме значењето на заспивањето до партнерот.

Риби

Се надевате на мирен и релаксиран ден на почетокот на работната недела, меѓутоа самата работа ќе ви донесе притисок и несакани реакции. Иако се надевавте дека ќе имате време за вашиот партнер, денес тоа ќе биде сведено на минимум. Па затоа и тоа кратко време обидете се да го искористите квалитетно, затоа што вашата страст ќе биде особено нагласена во текот на целиот  ден.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here