Министерот за здравство, Венко Филипче денеска од пред Владата се обрати на јавноста околу новата ситуација со Ковид-19 во земјата.

Тој потенцираше кои се во моментов мини жаришта, и напомена дека се следи целата ситуација околу новозаразените. Исто така уште еднаш апелираше на почитување на мерките кои се во сила, и Филипче е убеден дека тие ќе дадат резултат.

„Повторно ќе кажам дека во моментов нема потреба за строги рестрикции на движењето. Најризични мини жаришта во моментов се градот Скопје и неколку околни општими, потоа Штип и Струмица. Ја следиме епидемиолошката ситуација во целата земја. Засега ќе нема рестриктивни мерки, и веруваме дека овие мерки дека ќе дадат резултат“, рече Филипче.

Министерот за здравство напомена дека се следат сите примери и искуства и од другите земји.

„Ги следиме сите примери, влечеме поуки и искуства, но не се разликуваат многу препораките и принципите од нашите. Се се сведува на рестрикицја на контакти, прекин на групирање и носење на маски. Во целиот свет се прави таква комбинација. Во таа смисла не се разликуваат принципите на кои ние пристапуваме“, рече Филипче.

Тој се надева дека во Собранието ќе минат законските измени до крајот на неделава, и мерките ќе стапат во сила.

„Во законска измена се внесуваме уште еден став ќе се прифаќаат сите други мерки со одлука на Владата. Треба мнозинство од 61 пратеник, не очекувам да трае процесот. Верувам дека до крајот на неделава ќе бидат во сила мерките“, вели Филипче.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here