Вагите се седмиот знак во Зодијакот, доаѓаат по Девиците и пред Скорпиите. Вагите се наоѓаат помеѓу редот и хаосот и како да се обидуваат да балансираат помеѓу овие две работи. Затоа, овој знак може да биде неодлучен и тешко да носи одлуки. Машките Ваги често привлекуваат подоминантни жени, кои не се плашат да ги преземат работите во свои раце. Вагите сакаат да зборуваат за врските, но и за своите чувства. 

Речиси секогаш ќе сакаат да разговараат и да прават нешто, особено нешто убаво, нешто уметничко и нешто каде ќе можат да се изразат себеси, ќе употребат многу работи, но не и зборови. Полето на зборовите сепак го оставаат на својот претходен глас, на соседната Девица. Врските се многу важни за овој знак, па често се чувствуваат најисполнето кога се во врска, брак или партнерство во кое има обострана љубов. Вагите имаат добро око за естетика и уредување простор, а ја ценат и уметноста.

Вагите се многу романтични и уживаат во интимните моменти. Оние кои ќе се заљубат во Вага, секако бараат идеален партнер. Тие сонуваат да имаат силни, амбициозни, исклучителни и успешни партнери. Уште еден совет: Вагите никако не толерираат агресивност и тензии. Попрво ќе седнат и ќе молчат, отколку да се расправаат. Немој да се трудите да ги вовлекувате во расправии. Исто така, никогаш немојте да ги изолирате Вагите од друштвото. Тие се едни од најдруштвените луѓе, иако претпочитаат помали и поинтимни групи. Луѓето во овој знак се гордеат со своите добри манири и уживаат со мала и одбрана група пријатели.

Вагите не го даваат лесно своето срце, но еднаш кога ќе го дадат, тоа обично трае засекогаш. Доколку сакате некој од овој хороскопски знак и тие ви ја возраќаат љубовта, вие сте исклучително среќни личности. Тие се многу чувствителни и внимавајте да не ги повредите. 

Вагите никогаш не се враќаат во минатото и не даваат втора шанса! Ако ви дадат шанса, искористете ја и не чекајте втора шанса, затоа што ќе добиете само една шанса!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here