Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат на седницата на чиј дневен ред ќе биде Закон за заштита од заразни болести, предвидена за 27 октомври, но ќе гласаат воздржано за законскиот предлог, изјави денеска координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Самиот Закон за заштита од заразни болести не нуди решенија, односно мерки кои ги очекуваат граѓаните, туку тие треба да ги достави Владата. Во самиот вовед на Законот пишува дека се наметнува потреба за ревидирање на прекршочните одредби од Законот за заштита на населението од заразни болести, што е сосема поразлично од она што го кажува изминатите два дена министерот за здравство Венко Филипче“, вели Мицевски.

Тој додаде и дека ВМРО-ДПМНЕ дури побарала седница за овој Закон да се одржи вчера или денеска и дека поголем број од пратениците веќе биле во собраниската зграда поради комисиската расправа за ребалансот.

„Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат на седницата, ќе направат кворум, ама ќе гласаат воздржано, затоа што повторно не наидовме на добра волја од страна на Владата и на Министерството за здраство за одредени мерки“, рече Мицевски. Според него, зголемувањето на бројките на заболени и починати од ковид-19 претставува „фијаско на владините здравствени политики“, па ВМРО-ДПМНЕ предложи формирање на државна комисија за заштита од населението.

За Декларацијата за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии, што ја поднесе Левица, ВМРО-ДПМНЕ дополнително ќе се изјасни, бидејќи се уште не ја разгледале, а очекувањата на Мицевски, како што рече, во однос на изјавите на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов се дека првенствено Владата треба да се изјасни за нив.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here