Во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на Скопје, вчера се изречени 272 казни, од кои 63 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, 15 за технички неисправни возила, 20 за возење без возачка дозвола и 2 мотоциклисти, информира МВР.

Исто така, изречени се 87 казни за непрописно паркирање, 79 возила се подигнати со „пајак“, а изречени се 22 казни за неносење на заштитна маска.

Од Министерството најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here