Од ЈП „Водовод и Канализација“ соопштија дека поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник Ф150 мм., на улица „Црногорска“ број 2, прекин на водоснабдувањето денеска ќе имаат корисниците на улиците „Црногорска“, „Кузман Шапкарев“, „1223“, „Гостиварска“, „Кадињача“, „Андон Папрадишки“, „Александар Македонски“, „Андреј Зографски“, „Смилевска“, „Панајот Гиновски“, „Жеденска“, „Островска“, „Драговити“ и дел од „Борис Сарафов“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато во време од 8 часот до завршување на дефектот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here