Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска заминаа за Данска каде утре ги очекува првиот настап во Европската лига. Битолчани утре од 18.45 играат со Гог Гудме откако принудно го пропуштија мечот од првото коло во кое сегашниот опонент, минатата недела, на отворањето загуби кај Кадетен. Ова е средба од Д групата, а во рамките на А конкуренцијата нам во вторник ни претстои и меч на Металург. Имено за дуел од вториот круг во Скопје допатува Висла со која сините кои на стартот загубија кај Тулуз ќе се сретнат утревечер од 20.45 во салата Борис Трајковски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here