Ја очекувавме оваа ситуација, слична е состојбата во сите европски земји. Мора луѓето да покажат свесност. Доколку доследно се почитуваат мерките ќе има резултати. Се соочуваме со силен бран на вирусот, ситуација која значително ги тангира сите сегменти во здравствениот ситем, од лабораториските капацитети со сместувачките капацитети, рече министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес конференција пред Министерството за здравство.

Според министерот, на Клиниката за инфективни болести се уште има слободни места, но тие забрзано се пополнуваат, па е направен план за дополнување на капацитетите. Додаде и дека се мобилизираат сите доктори за да помогнат во борбата со коронавирусот.

„Обезбедени се повеќе тестови во повеќе институции, ќе се прават 350 повеќе тестирања во текот на денот. Се подготвуваат две одделенија во болницата „8 Септември“, поради секојдневниот раст на новозаболени, предложено е проширување на капацитетите и на болницата во Козле, како и отворање на нова лабораторија за тестирање на материјали“, рече Филипче.

Вчера беа регистрирани 561 нови случаи на заразени од ковид 19. Починале 22 лица, а оздравени се 197 пациенти. Поради ова, ВМРО-ДПМНЕ денеска побара оставка од Филипче.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here